Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- KD-43X72K
- KD-43X73K
- KD-50X72K
- KD-50X73K
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Ја подобрува поддршката за проследување во 4K за апликациите HbbTV во одредени земји
- Го поправа проблемот кога однапред инсталираната апликација Disney+ не се вклучува правилно во некои земји
- Ги подобрува општите перформанси на телевизорот
Претходни придобивки и подобрувања
Во ова ажурирање се вклучени и следните придобивки и подобрувања.
- Ја коригира грешката во преводот на германски јазик во менито со поставки
Ограничувања
- Само за употреба со телевизори што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите земји/региони.
Подготовка
Проверете ја верзијата на софтверот
Софтверот можеби веќе е ажуриран. Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на софтверот ја имате со помош на следните упатства:
- Вклучете го телевизорот и притиснете го копчето HOME (Почеток) на далечинскиот управувач.
- Изберете Settings (Поставки).
- Изберете Device Preferences (Претпочитани вредности за уредот).
- Изберете About (Основни информации) и бројот на верзијата на софтверот ќе се прикаже во редот Software Version (Верзија на софтверот).
Ако бројот на верзијата е 2.10012 или поголем, веќе ја имате најновата верзија на софтверот и нема да биде потребно ажурирање.
Постојат 2 начина за ажурирање на фирмверот на телевизорот BRAVIA:
- Користење на функцијата System software update (Ажурирање на софтверот на системот) (лесно)
- Користење USB-флеш уред
Користење на функцијата System software update (Ажурирање на софтверот на системот) (лесно):
Sony нуди ажурирања на софтверот за да ги подобри функциите и да им обезбеди на корисниците најново доживување на телевизорот. Најлесен начин за добивање ажурирања на софтверот е преку интернет-поврзувањето на телевизорот. Ако добиете известување за ажурирање на софтверот на системот, можете да го инсталирате од менито Home (Почеток).
Новото ажурирање на фирмверот постепено ќе се доставува до сите телевизори што се поврзани на интернет во седмиците по неговото објавување.
ВАЖНО: Деловите System Requirements (Предуслови на системот), File Info (Информации за датотеката) и Download & Install (Преземање и инсталирање) се однесуваат на постапката за ажурирање преку USB-флеш уред. Можете да ги игнорирате ако сте го извршиле ажурирањето преку функцијата System software update (Ажурирање на софтверот на системот).
Други најчести прашања за решавањето проблеми може да најдете во делот Questions and Answers (Прашања и одговори) на веб-сајтот за поддршка на Sony.
Користење USB-флеш уред:
Софтверот можете да го ажурирате и со користење на USB-флеш уред. Ако на телевизорот не е поставено интернет-поврзување или ако не сакате да го чекате ажурирањето преку функцијата System software update (Ажурирање на софтверот на системот), обидете се да го преземете и да ажурирате со користење USB-флеш уред според упатствата подолу.
Предуслови на системот
Што е потребно
- компјутер со пристап до интернет
- USB-флеш уред
Забелешка: Можете да го ажурирате телевизорот дури и ако има други датотеки во USB-флеш уредот.
Информации за датотеката
Име на датотеката
- Ажурирање на фирмверот со вер. 2.10012 за телевизорот
Име на Zip-датотеката
- sony_atvondfull_braviatl2_10012000_wwa_auth.zip
Верзија на датотеката
- 2.10012
Големина на датотеката
- 1 445 925 354 бајти
Датум на издавање
- 08-11-2023
Преземање и инсталирање
Важно известување
- Прочитајте ги упатствата внимателно, во спротивно може да предизвикате телевизорот да не реагира или да му треба поправка.
- Не исклучувајте го телевизорот и не исклучувајте го напојувањето додека се ажурира.
- Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
како да ја преземете програмата за ажурирање
Пред да го инсталирате ажурирањето, ќе треба да го преземете од интернет и да го зачувате на USB-флеш уред.
- Преземете ја датотеката за ажурирање на компјутерот.
- Кликнете на копчето Download (Преземи) во горниот дел од оваа страница, па прочитајте и прифатете ги правилата и условите.
- Кликнете на копчето Download (Преземи) во долниот дел од страницата за да ја преземете датотеката за ажурирање на компјутерот.
- Проверете ги името и големината на преземената датотека (погледнете во делот File Info (Информации за датотеката)).
- Извлечете ја преземената датотека на локација на компјутерот што лесно може да ја најдете.
- Откако ќе ја извлечете преземената датотека, ќе ја добиете датотеката (SY0M_TPM219E_EUR_MT9675_ALLPANEL_braviatl2.XXXXX_YYYYYYYY_ZZZZ.pkg).
Забелешка: XXXXX е верзијата на ова ажурирање на софтверот. - Преименувајте ја датотеката .pkg во „Sony_dtv_braviatl2_XXXXX000_wwa_auth_no_tvcertificate.bin“.
Забелешка: XXXXX е верзијата на ова ажурирање на софтверот. - Ставете го USB-флеш уредот во компјутерот.
- Копирајте ја или преснимете ја датотеката со повлекување (Sony_dtv_braviatl2_XXXXX000_wwa_auth_no_tvcertificate.bin) во основниот директориум на USB-уредот.
Забелешка: Основниот директориум е првиот или најгорниот директориум на уредот што ги содржи сите други папки. - Отстранете го USB-флеш уредот од компјутерот и продолжете на следниот дел.
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
Откако ќе ја преземете датотеката за ажурирање и ќе го подготвите USB-уредот, можете да ја инсталирате на телевизорот. Постапката може да трае и до 15 минути, а за време на инсталацијата телевизорот ќе се исклучи и повторно ќе се вклучи. Следете ги едноставните чекори подолу:
- Вклучете го телевизорот.
- Уверете се дека на телевизорот не е приклучен ниту еден USB-уред.
- Ставете го USB-флеш уредот со датотеката (Sony_dtv_braviatl2_XXXXX000_wwa_auth_no_tvcertificate.bin) во USB-приклучокот на телевизорот.
Забелешка: Ако телевизорот има повеќе USB-приклучоци, тогаш може да се користи кој било влез за USB. - Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја (струен кабел) на телевизорот од штекерот.
- На телевизорот ќе се прикаже пораката Software update in progress (Во тек е ажурирање на софтверот) кога повторно ќе го приклучите кабелот за напојување со наизменична струја (струен кабел) на телевизорот.
- По неколку минути, телевизорот ќе се рестартира автоматски.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Во текот на постапката за инсталација на софтверот:- Не отстранувајте го USB-уредот
- Не исклучувајте го телевизорот
- Не исклучувајте го телевизорот од напојувањето
- Внимателно извадете го USB-уредот од влезот за USB.
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето завршило успешно
Проверете ја тековната верзија на софтверот за да потврдите дека ажурирањето е инсталирано успешно.
- Ако бројот на верзијата е 2.10012, ажурирањето на софтверот е успешно.
- Ако бројот на верзијата не е 2.10012, повторно преземете и инсталирајте го ажурирањето.
Прашања и одговори
Можен проблем во текот на ажурирањето
Ви требаат повеќе информации? Погледнете ги нашите најчести прашања за ажурирање на софтверот преку интернет:
-
Дали по ажурирањето ќе се избришат моите лични поставки?
Не, ќе се зачуваат сите лични поставки. -
Дали може да инсталирам постара верзија на софтверот?
Не. За да се обезбедат оптимални перформанси на телевизорот, не се препорачува инсталирање постара верзија на софтверот. Најновата верзија на софтверот ги содржи сите придобивки и подобрувања од претходните верзии. -
Дали е нормално телевизорот да се исклучи за време на постапката за ажурирање?
Да, нормално е телевизорот да се рестартира за време на постапката за ажурирање. Рестартирањето на телевизорот ќе трае подолго кога се инсталира нов софтвер.
Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на телевизорот
Ако на екранот од телевизорот се појави пораката An error occurred during the software update (Се појави грешка при ажурирањето на софтверот), следете ги следниве постапки за можно решение:
- Проверете дали телевизорот има најмалку 2 GB слободна меморија.
- На далечинскиот управувач, притиснете го копчето HOME (Почеток) за да го прикажете менито HOME (Почеток).
- Одете до опцијата Settings (Поставки) и изберете ја.
- Одете до опцијата Device Preferences (Претпочитани вредности за уредот) и изберете ја.
- Одете до опцијата Storage (Склад) и изберете ја.
- Одете до опцијата Internal Shared Storage (Внатрешен споделен склад) и изберете ја.
- Одете до опцијата Available (Достапно) и проверете го тековно достапниот простор за складирање.
- Исклучете го телевизорот со притиснување на копчето за напојување POWER на телевизорот.
- Повторно притиснете го копчето за напојување POWER и повторно започнете ја постапката за инсталирање.
- Ако на екранот од телевизорот се прикаже пораката No newer version of the TV software was found (Не е пронајдена понова верзија на софтверот за телевизорот), на телевизорот веќе е инсталирана најновата верзија на софтверот и не треба да го ажурирате.
Забелешка: Ако се обидувате да го ажурирате софтверот преку USB-флеш уред, тогаш проверете дали USB-флеш уредот работи правилно.
Други најчести прашања за решавањето проблеми може да најдете во делот Questions and Answers (Прашања и одговори) на веб-сајтот за поддршка на Sony.