ИД на напис : 00170548 / Последна промена : 02.10.2017

АЖУРИРАЊЕ: Важно известување за комплетите батерии VGP-BPS26 во VAIO персоналните компјутери - 24 ноември 2016 година

    24 ноември 2016 година
    Sony Corporation

    Почитуван и ценет кориснику на Sony VAIO,

    Ова ажурирање на нашето известување од 2 март 2016 година има за цел да ве информира дека неодамна бевме известени дека дополнителните комплети батерии VGP-BPS26 што се користат во некои модели на VAIO компјутери може да се подложни на прегревање, поради проблем во производството. Затоа ја продолжуваме нашата програма за бесплатна замена за овие дополнителни уреди.

    Ако користите некој од моделите на VAIO персонални компјутери што се наведени во долниот дел од ова известување, кликнете овде за да потврдите дали вашиот комплет батерии е еден од засегнатите.

    ДУРИ И АКО ВЕЌЕ СТЕ ГО ПРОВЕРИЛЕ СВОЈОТ КОМПЛЕТ БАТЕРИИ ИЛИ СТЕ ГО ЗАМЕНИЛЕ КОМПЛЕТОТ БАТЕРИИ КАКО ОДГОВОР НА НАШЕТО ПРЕТХОДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД 2 МАРТ, ТРЕБА ДА ПОТВРДИТЕ ПОВТОРНО ДАЛИ ВАШИОТ КОМПЛЕТ БАТЕРИИ Е ЕДЕН ОД ЗАСЕГНАТИТЕ.

    Проверете дали е потенцијално засегнат вашиот комплет батерии

    Ако вашата батерија е засегната, извадете го комплетот батерии од персоналниот компјутер и користете адаптер за наизменична струја за своја безбедност додека чекате замена.

    Искрено се извинуваме за сите непријатности околу ова.


    2 март 2016
    Sony Corporation

    Почитувани и ценети корисници на Sony VAIO,

    Забележавме дека некои од комплетите батерии VGP-BPS26 што ни ги обезбеди Panasonic и што се вклучени во серијата персонални компјутери VAIO SVE, пуштени во продажба во октомври 2012 год., како и долунаведените VAIO персонални компјутери што порано биле оставени на поправка, може да се подложни на прегревање поради проблем во производството. Ова потенцијално може да предизвика изгореници на комплетите батерии. Ние ќе имплементираме програма за бесплатна замена за засегнатите комплети батерии.

    Доколку користите некој од долунаведените модели на VAIO персонални компјутери, потврдете дали вашиот комплет батерии е еден од засегнатите. Доколку е идентификуван како засегната единица, веднаш отстранете го комплетот батерии од вашиот компјутер. Откако ќе се отстрани комплетот батерии, може да продолжите да го користите компјутерот со адаптер за наизменична струја додека чекате замена.

    Планираме да објавиме известување до почетокот на април 2016 година во врска со нашиот распоред за замена на комплетите батерии на корисниците.

    Искрено се извинуваме за сите непријатности околу ова.

    Засегнат модел на комплети батерии: VGP-BPS26*
    * Некои комплети батерии од овој модел не се засегнати. За да проверите дали вашиот комплет батерии е дел од засегнатите, погледнете го кодот на производот.

    Проверете дали е потенцијално засегнат вашиот комплет батерии

    ВАЖНО: Од вас ќе се бара да го пополните следново:

    1. Код на производот батерија (1. на сликата подолу). Доколку вашиот код на производот батерија не е 185323711 или 185323721, тогаш изберете Друго.
    2. Сериски број на батеријата (2. на сликата подолу)
    3. Број на производот VAIO (3. на сликата подолу) и серискиот број на VAIO (4. на сликата подолу), разделени со цртичка

    Како да ги најдете броевите што ви требаат?

    1. Отворете го капакот за батерии на вашиот VAIO
      Image
    2. Отстранете го комплетот батерии
      Image
    3. Проверете го кодот на производот батерија (1.) и серискиот број на батеријата (2.)
      Image
    4. Проверете го кодот на производот VAIO (3.) и серискиот број на VAIO (4.)
      Image

    Модели на VAIO персонални компјутери што може да се опремени со засегнат комплет батерии

    Подолу се наоѓаат моделите на VAIO персонални компјутери што може да се опремени со засегнатиот комплет батерии, бидејќи компјутерот бил спакуван заедно со засегнатата единица во моментот на купувањето или затоа што бил опремен со засегнатата единица како дел за замена за време на поправката.

    Модели што може да се продадени заедно со засегнатиот комплет батерии во моментот на купувањето:

    Серија SVE1413 Серија SVE1513 Серија SVE1713

    Модели што може да се опремени со засегнатиот комплет батерии за време на поправката:

    Серија SVE1411 Серија SVE1412 Серија SVE1413 Серија SVE14A1 Серија SVE14A2 Серија SVE14A3
    Серија SVE1511 Серија SVE1512 Серија SVE1513 Серија SVE1711 Серија SVE1712 Серија SVE1713
    Серија VPCCA1 Серија VPCCA2 Серија VPCCA3 Серија VPCCA4 Серија VPCCB1 Серија VPCCB2
    Серија VPCCB3 Серија VPCCB4 Серија VPCEH1 Серија VPCEH2 Серија VPCEH3 Серија VPCEJ1
    Серија VPCEJ2 Серија VPCEJ3