АЖУРИРАЊЕ: важно известување за комплетите батерии VGP-BPS26 во компјутерите VAIO - 28 април 2023 година
28 април 2023 година
Sony Corporation
Почитуван и ценет кориснику на Sony VAIO,
Ова ажурирање на нашето соопштение подолу има за цел да ве информира дека по извршувањето на оваа бесплатна програма за замена на комплетите батерии VGP-BPS26 што се користат во некои модели на компјутери VAIO повеќе од 7 години, којашто е веќе завршена, Sony повеќе нема да може да врши замена на батерии за опфатените уреди. Производството на Sony VAIO заврши во 2014 година и, за жал, повеќе не можеме да вршиме замена на батерии за овие производи.
Доколку сè уште користите ваков модел и не сте имале можност да проверите дали батеријата е опфатена и/или да побарате замена на батеријата, ви препорачуваме да престанете да го користите вашиот компјутер Sony VAIO во овој момент. Ви препорачуваме и да не купувате или користите неоригинални батерии од Sony бидејќи Sony не може да гарантира за перформансите и безбедноста на батериите од трети страни што го напојуваат вашиот компјутер Sony VAIO.
Ви благодариме уште еднаш за вашето разбирање.
24 ноември 2016 година
Sony Corporation
Почитуван и ценет кориснику на Sony VAIO,
Ова ажурирање на нашето известување од 2 март 2016 година има за цел да ве информира дека неодамна бевме известени дека дополнителните комплети батерии VGP-BPS26 што се користат во некои модели на VAIO компјутери може да се подложни на прегревање, поради проблем во производството. Затоа ја продолжуваме нашата програма за бесплатна замена за овие дополнителни уреди.
Ако користите некој од моделите на VAIO персонални компјутери што се наведени во долниот дел од ова известување, кликнете овде за да потврдите дали вашиот комплет батерии е еден од засегнатите.
ДУРИ И АКО ВЕЌЕ СТЕ ГО ПРОВЕРИЛЕ СВОЈОТ КОМПЛЕТ БАТЕРИИ ИЛИ СТЕ ГО ЗАМЕНИЛЕ КОМПЛЕТОТ БАТЕРИИ КАКО ОДГОВОР НА НАШЕТО ПРЕТХОДНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД 2 МАРТ, ТРЕБА ДА ПОТВРДИТЕ ПОВТОРНО ДАЛИ ВАШИОТ КОМПЛЕТ БАТЕРИИ Е ЕДЕН ОД ЗАСЕГНАТИТЕ.
Проверете дали е потенцијално засегнат вашиот комплет батерии
Ако вашата батерија е засегната, извадете го комплетот батерии од персоналниот компјутер и користете адаптер за наизменична струја за своја безбедност додека чекате замена.
Искрено се извинуваме за сите непријатности околу ова.
2 март 2016
Sony Corporation
Почитувани и ценети корисници на Sony VAIO,
Забележавме дека некои од комплетите батерии VGP-BPS26 што ни ги обезбеди Panasonic и што се вклучени во серијата персонални компјутери VAIO SVE, пуштени во продажба во октомври 2012 год., како и долунаведените VAIO персонални компјутери што порано биле оставени на поправка, може да се подложни на прегревање поради проблем во производството. Ова потенцијално може да предизвика изгореници на комплетите батерии. Ние ќе имплементираме програма за бесплатна замена за засегнатите комплети батерии.
Доколку користите некој од долунаведените модели на VAIO персонални компјутери, потврдете дали вашиот комплет батерии е еден од засегнатите. Доколку е идентификуван како засегната единица, веднаш отстранете го комплетот батерии од вашиот компјутер. Откако ќе се отстрани комплетот батерии, може да продолжите да го користите компјутерот со адаптер за наизменична струја додека чекате замена.
Планираме да објавиме известување до почетокот на април 2016 година во врска со нашиот распоред за замена на комплетите батерии на корисниците.
Искрено се извинуваме за сите непријатности околу ова.
|
Засегнат модел на комплети батерии: VGP-BPS26* ВАЖНО: Од вас ќе се бара да го пополните следново:
Како да ги најдете броевите што ви требаат?
|
Модели на VAIO персонални компјутери што може да се опремени со засегнат комплет батерии
Подолу се наоѓаат моделите на VAIO персонални компјутери што може да се опремени со засегнатиот комплет батерии, бидејќи компјутерот бил спакуван заедно со засегнатата единица во моментот на купувањето или затоа што бил опремен со засегнатата единица како дел за замена за време на поправката.
Модели што може да се продадени заедно со засегнатиот комплет батерии во моментот на купувањето:
| Серија SVE1413 | Серија SVE1513 | Серија SVE1713 |
Модели што може да се опремени со засегнатиот комплет батерии за време на поправката:
| Серија SVE1411 | Серија SVE1412 | Серија SVE1413 | Серија SVE14A1 | Серија SVE14A2 | Серија SVE14A3 |
| Серија SVE1511 | Серија SVE1512 | Серија SVE1513 | Серија SVE1711 | Серија SVE1712 | Серија SVE1713 |
| Серија VPCCA1 | Серија VPCCA2 | Серија VPCCA3 | Серија VPCCA4 | Серија VPCCB1 | Серија VPCCB2 |
| Серија VPCCB3 | Серија VPCCB4 | Серија VPCEH1 | Серија VPCEH2 | Серија VPCEH3 | Серија VPCEJ1 |
| Серија VPCEJ2 | Серија VPCEJ3 |