За ова преземање

За оваа надградба (15/12/2011 г.)

Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.

Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди надградба на фирмверот за заменливите објективи за дигиталниот Видео камери NEX-VG10E. Ве молиме видете во делот "Download and Installation (Преземање и инсталација)" на оваа страница за тоа како да ја преземете и инсталирате надградбата.

Важно:

Ако имате некаков проблем со надградбата на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony



Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 03 или понова, не е потребна надградба.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Модели на кои се однесува

  • NEX-VG10E со фирмвер Ver.02 (Верзија 02) или постара

Подобрувања

Оваа услужна програма го надградува фирмверот NEX-VG10E на верзија 03 и ги обезбедува следниве предности:

  • Компатибилност со адаптер за монтирање "LA-EA2".
  • Додавање на функцијата "Peaking" во режим на рачно фокусирање.

Обезбедени предности со претходната програма за надградба (верзија 02) и вклучени во верзијата 03.



Системски побарувања

  • Компјутерски хардвер
    • CPU: Intel processor
    • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
    • РАМ: 256 МБ или повеќе
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FV70 / NP-FV100 (се продава посебно)
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW10AM

      Забелешка: Може да се изврши надградба само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW10AM.
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

Инсталирај

Важни забелешки:

  • Кога вршите надградба на фирмверот, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FV70/NP-FV100 (се продава посебно) или адаптер AC-PW10AM.
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на надградбата затоа што камерата може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.

Чекор 1: преземете го софтверот за надградба на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [NEX-VG10V3_Update1112a.dmg] (57,2 МБ (57.196.000 бајти)).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).

Чекор 2: надградете го фирмверот на Вашата камера

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на преземената датотека [NEX-VG10V3_Update1112a.dmg]. Не поврзувајте ја камерата во оваа фаза.
  3. Кликнете двапати на иконата [NEX-VG10V3_Update1112a] што се наоѓа на работната површина.
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Програмата за ажурирање на фирмверот) започнува.



  7. Поврзете ја камерата на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Забелешка: Кога камерата е поврзана на компјутерот, ЛЦД-екранот на камерата се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
    Ако ЛЦД-екранот од камерата не се исклучи, обидете се со еден од следниве методи:
    • Исклучете го УСБ-кабелот од камерата и повторно вклучете го.
    • Ако има друг УСБ-приклучок на компјутерот, поврзете го УСБ-кабелот на тој приклучок.
  8. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Слика 1, а на ЛЦД-екранот од камерата се појавува Слика 2.
    Забелешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката на надградба.

    Слика 1


    Слика 2


  9. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по надградбата. (Слика 3)
  10. Откако ќе потврдите дека Current Version (Тековна верзија) е Ver.1 (Верзија 1) или Ver.2 (Верзија 2), кликнете Next (Следно).

    Ако Current version (Тековна верзија) е Ver.3 (Верзија 3), не е потребна надградба. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете ја камерата, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете ја камерата.

    Слика 3


  11. Се појавува екранот за слика 4.

    Слика 4


  12. Притиснете го центарот на повеќефункциското тркалце за повторно поставување на камерата.


    Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на контролното тркало. Продолжете на следниот чекор.

  13. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот.
  14. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на камерата и ќе се појави екранот на Слика 5.
  15. Кликнете Run за да почне надградбата. За време на надградбата се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
    Забелешка: Никогаш не исклучувајте ја камерата ниту УСБ-кабелот за време на надградбата.

    Слика 5


  16. Кога ќе заврши надградбата, се појавува екранот за Слика 6. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 6


  17. Исклучете ја камерата, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете ја камерата.

Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашата камера е верзија 03.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на камерата.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Чекор 4: Преземете ги упатствата кои ги опишуваат новите достапни функции и како да ги користите.

Сите нови функции објаснети во упатствата подолу се вклучени во оваа надградба на фирмверот (верзија 03).

Информации за датотеката

Име на датотека

  • NEX-VG10V3_Update1112a.dmg

Големина на датотека

  • -