Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • ILX-LR1

Информации за ова преземање

Што треба да имате предвид пред да го извршите ажурирањето

  • Може да го преземете ажурирањето на софтверот со помош на Creators' App, достапна во App Store и Google Play.

Придобивки и подобрувања

  • Додава поддршка за следните функции во Camera Remote SDK вер. 2.01.00 и понова *1
    • Далечинско ракување со допир
    • Peaking Display (Приказ со изострување) и Zebra Display (Приказ на црни и бели ленти) при фотографирање и при снимање видео *2
    • Marker Display (Приказ на маркери) при снимање видео *2
  • Ја подобрува работната стабилност на фотоапаратот
  • *1 Camera Remote SDK може да не е достапен во некои земји или региони.
  • *2 Функцијата(функциите) ќе биде достапна и при самостојно користење на фотоапаратот без Camera Remote SDK.
  • За повеќе информации, посетете го веб-сајтот за Camera Remote SDK.

Информации за датотеката

  • Име: BODYDATA.DAT
  • Верзија: 3.00
  • Големина: 1 053 010 392 бајти
  • Датум на издавање: 03-02-2026

Подготовка

Како да го ажурирате вашиот фотоапарат од Sony преку мемориска картичка (SD или CFexpress)

Друг хардвер

  • HDMI-кабел
  • HDMI-монитор

Забелешка: Поврзете го надворешниот монитор со вашиот фотоапарат преку HDMI-кабелот и проверете го екранот за да се уверите дека ажурирањето работи непречено.

Проверете ја верзијата на системскиот софтвер

Следете ги инструкциите подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер:

    1. Изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Setup Option (Опција за поставување) → Version (Верзија) → Body (Системски софтвер).
    2. Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.

    Забелешки:

    • Ако верзијата на системскиот софтвер е вер.3.00, тогаш не е потребно ажурирање.
    • Ако се појави екранот за поставување на Date/Time (Датум/Време) кога ќе го вклучите фотоапаратот, поставете ги датумот и/или времето на точните вредности.

    Зачувување на податоците од системскиот софтвер во мемориска картичка

    ВАЖНО: Проверете дали на мемориската картичка има само една датотека BODYDATA.DAT.
    1. Кликнете на копчето Download (Преземи).
    2. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
    3. Зачувајте ја датотеката во вашиот компјутер.
    4. Вметнете ја форматираната мемориска картичка во компјутерот.
    5. Зачувајте ја датотеката BODYDATA.DAT во основниот директориум на мемориската картичка. Не менувајте го името на датотеката.

    Забелешки:

    • Форматирајте ја мемориската картичка пред да го користите овој фотоапарат.
    • Пред форматирањето, копирајте ги податоците на компјутер или друг уред.
      • Кога ќе ја форматирате мемориската картичка, сите податоци зачувани во неа ќе се избришат и не може да се вратат.
    • Погледнете го прирачникот со инструкции на фотоапаратот за да најдете информации за компатибилни мемориски картички.

    Ажурирање на верзијата на системскиот софтвер

    Важно известување

    • Поврзете го надворешниот монитор со вашиот фотоапарат преку HDMI-кабелот и проверете го екранот за да се уверите дека ажурирањето работи непречено.
    • За време на ажурирањето, не исклучувајте го кабелот за напојување затоа што ненадејниот прекин во напојувањето може да предизвика фотоапаратот да не работи.
    • Можеби нема да може да се изврши ажурирање ако температурата на фотоапаратот е висока. Почекајте да се намали температурата за да извршите ажурирање.

    Чекор 1: Ажурирајте го системскиот софтвер

    1. Вметнете ја мемориската картичка што ги содржи зачуваните податоци од системскиот софтвер во отворот на фотоапаратот.
    2. Изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Setup Option (Опција за поставување) → Version (Верзија) → Body (Системски софтвер).
    3. Изберете Software Update (Ажурирање на софтверот).
    4. Изберете Execute (Изврши) на екранот за потврда на ажурирањето на системскиот софтвер. Ќе започне ажурирањето на верзијата на софтверот.

      Порака на екранот:
      • Update? X.XXY.YY (Да се ажурира? X.XX → Y.YY)
        • X.XX: број на постојната верзија
        • Y.YY: број на најновата верзија
      Забелешки:
      • Не исклучувајте го кабелот за напојување и не отстранувајте ја мемориската картичка за време на ажурирањето.
      • Откако ќе ги потврдите деталите, може да кликнете на Execute (Изврши).
      • Лизгајте надолу на екранот за да го видите целиот текст.
    5. Кога ќе започне ажурирањето на системскиот софтвер, нема да видите излезен HDMI-сигнал и светилката за пристап ќе трепне 1 пат3 пати5 пати во зависност од напредокот на ажурирањето. Ажурирањето ќе трае приближно 6 минути.
      Светилката за пристап се наоѓа на десната страна од задниот дел помеѓу капачето за мемориска картичка и копчето MENU.
      Забелешки:
      • Ако копијата од податоците за системскиот софтвер е погрешна, на екранот ќе се прикаже пораката “The target model for the update file is incorrect” (Целниот модел за датотеката за ажурирање е погрешен).
      • Ако светилката за пристап повторува 5 долги трепкања (циклус од 0,5 секунди) и 6 кратки трепкања (циклус од 0,25 секунди) или 7 долги трепкања (циклус од 0,5 секунди) и 7 кратки трепкања (циклус од 0,25 секунди), системскиот софтвер можеби не е правилно копиран во мемориската картичка.
        • Во тој случај, извадете ги кабелот за напојување и мемориската картичка од фотоапаратот, подгответе друга мемориска картичка и започнете одново од делот Saving the System Software Data to a Memory Card (Зачувување на податоците од системскиот софтвер во мемориска картичка) во овој напис.
    6. Кога ажурирањето ќе заврши, фотоапаратот ќе се рестартира автоматски. По рестартирањето, притиснете OK (Во ред) на екранот “Body update complete” (Ажурирањето на системскиот софтвер заврши).

    Чекор 2: Потврдете ја верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат

    1. Изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Setup Option (Опција за поставување) → Version (Верзија) → Body (Системски софтвер).
    2. Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.
      Ажурирањето е успешно ако на екранот се прикажува вер. 3.00.