Ве молиме прочитајте ја оваа страница пред да продолжите со најновото ажурирање.
На страницата за преземање ќе најдете објаснување за поволностите и подобрувањата што ги нуди најновото ажурирање.

Важни мерки на претпазливост при ажурирање од вер. 1.02 или од постара верзија

Редослед на ажурирање: Вер. 1.05Вер. 6.01

  • Прво мора да извршите ажурирање со вер. 1.05 пред да продолжите на најновата верзија (вер. 6.01).
  • Обидот за директно ажурирање со вер. 6.01 ќе предизвика грешка.

Проверка на верзијата на системскиот софтвер

  • Забелешка: Ако се појави екранот за поставување на Date/Time (Датум/Време) кога ќе го вклучите фотоапаратот, поставете точни вредности за датумот или времето.
    1. Изберете Menu (Мени) → Setup (Поставување) → Setup Option (Опција за поставување) → Version (Верзија).
    2. Ќе се прикаже верзијата на системскиот софтвер.

За корисниците на апликацијата Imaging Edge Mobile:

  • Ажурираните фотоапарати не можат да се поврзат со апликацијата Imaging Edge Mobile.
  • Инсталирајте ја апликацијата Creators' App откако ќе го ажурирате фотоапаратот.
  • Проверете дали верзијата на апликацијата Imaging Edge Mobile е вер. 7.7.2 или понова за да го впарите фотоапаратот со Creators' App.
  • Ако користите iPhone/iPad, рестартирајте го уредот по ажурирањето на фотоапаратот, а потоа впарете го фотоапаратот со Creators' App.
  • Ако ја немате најновата верзија на апликацијата Imaging Edge Mobile, ажурирајте ја пред да извршите впарување со Creators' App.

Дали верзијата на вашиот фирмвер е понова од вер. 1.02?