Како да го поврзете live remote со акционата камера

Користењето далечински управувач со акционата камера значи дека може да започнете да се снимате додека трчате, возите на велосипед или скејт во моментот кога започнува. Далечинскиот управувач се носи на рачниот зглоб со што имате целосна слобода во движењата, а со издржливост на батеријата од 4 часа, тоа може и да потрае. Може да го користите далечинскиот управувач за да го гледате снименото. Исто така, водоотпорен е до 3 m, што го прави идеален за сурфање и водни спортови.


Наместете го управувачот

  1. Отворете го екранот MENU (Мени) и изберете Network Settings (Мрежни поставки) > параметар за поврзување
  2. Изберете SINGLE (Единечно) поврзување ако имате само една камера.
    Изберете MULTI (Повеќе) поврзување ако сакате да го користите далечинскиот управувач со две или повеќе камери. Може да го користите далечинскиот управувач најмногу со пет компатибилни камери истовремено.

Регистрирајте ја камерата на далечинскиот управувач

  1. Од екранот MENU (Мени) изберете ја иконата што покажува камера и далечински управувач
  2. Далечинскиот управувач сега е подготвен за да се регистрира со камерата. Ќе остане во овој режим 2 минути, па затоа регистрирајте го пред да измине времето
  3. На камерата изберете [SETUP (Поставување)], за потоа [confg] > [Wi-Fi] > [multi] > ново
  4. На екранот сега треба да трепка зборот [PREP]
  5. Почекајте додека на екранот од далечинскиот управувач не се појави [OK (Во ред)], а потоа потврдете ја регистрацијата со притискање на [REC/ENTER]
  6. Кога ќе заврши регистрацијата, на екранот ќе се појави [DONE (Завршено)] и по 2 секунди камерата е подготвена за користење

Ако регистрирате две или повеќе камери, повторете ги истите чекори.


Поврзете го далечинскиот управувач на камерата
Откако ќе ја регистрирате камерата со далечинскиот управувач, двата уреда автоматски ќе се поврзат безжично преку Wi-Fi кога ќе се вклучат. (Ќе видите сина светлина на далечинскиот управувач кога ќе се вклучи.)

За подетални информации во врска со поврзувањето на камерата со далечинскиот управувач прочитајте во упатството за употреба на камерата.


Екран и икони на далечинскиот управувач
На екранот далечинскиот управувач се прикажува моменталниот режим на камерата и дали моментално снима.

ИконаЗначење
Режим за фотографирање
Режим за снимање видеозаписи
Режим за интервално фотографирање
Поврзано
Се обработува или пренесува

Кога камерата снима или фотографира интервално, во аголот од релевантната икона ќе се појави точка:
Ако сте поврзале повеќе камери, може да притискате на копчињата UP/DOWN (Горе/Долу) за да лизгате меѓу нив на екранот од далечинскиот управувач. Тековно избраната икона за камера ќе биде означена со обоено поле.
Главниот екран на далечинскиот управувач (Live View) ќе се синхронизира со ЛЦД-екранот од избраната камера.

Фотографирање и снимање видеозаписи

  1. Притиснете го копчето REC/ENTER на далечинскиот управувач за да започнете со снимање или фотографирање. Ако сте поврзале две или повеќе камери, секоја од нив ќе прима сигнал во исто време, но може да има временско заостанување во зависност од поставките и положбата на камерата
  2. На далечинскиот управувач ќе видите црвена светлина кога камерата ќе снима или ќе фотографира интервално
  3. Повторно притиснете го копчето REC/ENTER за да го запрете снимањето

Решавање проблеми

Пораки за грешки...

ИконаЗначењеШто да се прави следно
Грешка во камератаПроверете дали камерата и мемориската картичка работат правилно
Не успеа да се поврзеПроверете дали е вклучена камерата и дали е во правилен режим. Проверете ја безжичната врска Wi-Fi и јачината на сигналот.
Обид за поврзување со некомпатибилна камераПроверете во прирачникот за далечинскиот управувач дали камерата е компатибилна со далечинскиот управувач.
БројЗначењеШто да се прави следно
03-03
03-04
Не успеа да се поврзеПроверете дали е вклучена камерата и дали е во правилен режим. Проверете ја безжичната врска Wi-Fi и јачината на сигналот.
03-05Максимален број на веќе поврзани камериИсклучете една или повеќе камери од далечинскиот управувач.