Водич за фотографи: Како да добиете убави фотографии со Вашиот фотоапарат

Ако претходно сте користеле компактен дигитален фотоапарат, сите Ваши слики биле веројатно зачувани како JPEG-датотеки. Вашиот DSLR-апарат може да направи и вакви датотеки, но нуди и правење Raw-датотеки. Што е Raw-датотека и зошто би сакале да ја користите наместо датотеките во JPEG-формат на кои сте навикнале?

Кога фотографирате, сензорот на фотоапаратот снима огромен износ на податоци, многу повеќе отколку што е потребно да се направи JPEG-датотека. Кога фотоапаратот ја обработува сликата, мора да отфрли многу од тие податоци за да зачува помала датотека. Добиената слика ќе биде добра скоро за секаква намена, како што е печатење, испраќање на е-пошта или на ставање на веб-локација.

За разлика од JPEG-датотеката, Raw-датотеката не е обработена или компресирана во фотоапаратот. Ги содржи сите податоци што ги снимил сензорот кога е фотографирана сликата. Тука е вклучен многу поширок опсег на бои и тонови отколку што се користат во JPEG-датотека, а може да има и многу повеќе детали во исклучително темни и светли места. Поради ова, понекогаш се нарекува "дигитален негатив". Како што развивањето и печатењето на Вашите слики во темна просторија Ви овозможува да добиете подобри резултати за разлика од локалното фотостудио, така и податоците снимени како Raw-датотека можат да се искористат за да се добијат слики со повисок квалитет. Сè што треба е малку вежбање

За да обработите Raw-датотеки ќе Ви треба специјален софтвер за raw-конвертирање, како што е Image Data Converter SR, приложен со Вашиот фотоапарат.

Кога ќе отворите Raw-датотека во Image Data Converter, почетно ќе ја прикажува сликата како што би изгледала ако сте ги применеле поставките на фотоапаратот кога сте фотографирале. Потоа можете да правите промени во експозицијата, балансот на белата боја, бојата, контрастот и многу други поставки за да изгледа како што сакате. Можете дури и да ги прикажувате сликите пред и по промената една до друга за да видите каков ефект сте постигнале. И не мора да се грижите дека ќе направите нешто погрешно. Кога ќе завршите со нагодувањето на сликата, можете да ја зачувате како нова TIFF или JPEG-датотека. Оригиналната Raw-датотека останува целосно непроменета, па можете дополнително да направите целосно поинакви нагодувања ако сакате.

Примери за тоа што можете да добиете ако изберете RAW наместо Jpeg:

Пример 1

Во овој пример можете јасно да забележите дека капките вода што удираат на подот не се детални на сликата во JPEG. Исто така, целата слика има многу малку детали на осветлените места.

Зголеми ја сликата

RAW-сликата покажува дека можат да се видат многу повеќе детали со што изгледа многу поинтензивна.

Зголеми ја сликата

Зумирани детали на разликите помеѓу RAW и JPEG

Зголеми ја сликата

Пример 2

Слика фотографирана во JPEG-режим

Во овој пример, сликата е фотографирана при крај на денот, на зајдисонце. Амбиентот со црвена светлина траеше само неколку минути. Предизвикот е повторно да се создаде овој црвен амбиент во сликата. Во jpeg-режим, сликата е со пониска експозиција и боите се ослабени. Сликава нема ништо посебно

Нагодена RAW-датотека

пример 2