Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- UBP-X800
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Го подобрува квалитетот на боите на некои содржини SDR
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувања
Информации за датотеката
Име на датотеката
- Ажурирање на фирмверот со верзијата M36.R.0345 за UBP-X800
Верзија на датотеката
- M36.R.0345
Големина на датотеката
- 152 MB (160 391 992 бајти)
Датум на издавање
- 31-05-2022
Подготовка
Фирмверот можеби веќе е ажуриран, особено ако имате нов модел на Blu-ray-плеер. Ако бројот на верзијата e M36.R.0345 или поголем, тогаш не е потребно да вршите ажурирање.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен Blu-ray-плеерот, односно ако плеерот е поврзан преку приклучокот HDMI2, тогаш изберете го HDMI2 како влезен сигнал.
- Вклучете го Blu-ray-плеерот. Ако започне да репродуцира диск, притиснете STOP (Запри) и почекајте да се прикаже менито Home Screen (Почетен екран).
- Во функцијата Home Screen (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → System Settings (Поставки на системот), а потоа изберете ENTER со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач.
- Изберете System Information (Информации за системот) и притиснете ENTER.
- Ако бројот на верзијата што ќе се прикаже на екранот е M36.R.0345 или поголем, тоа значи дека веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.
Постојат 2 лесни начина за ажурирање на фирмверот на вашиот Blu-ray-плеер:
| Метод | Што е потребно | Зошто да го користите овој метод? |
|---|---|---|
| Интернет / мрежа (ПРЕПОРАЧАНО) |
| Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот. |
| USB-уред за складирање |
| Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не може да се поврзете на интернет. |
Преземање и инсталирање
Ажурирање на Blu-ray-плеерот преку интернет
Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Може да трае приближно 15-30 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето од интернет во Blu-ray-плеерот.
Што е потребно:
- Активна интернет-врска (преку кабел за етернет или безжичен рутер)
- Компатибилен телевизор
Како да проверите дали ажурирањето се одвива непречено
Воглавно, ажурирањето е многу едноставно. Направете го следното за да успеете уште при првиот обид:
- Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите Blu-ray-плеерот.
- Не исклучувајте го Blu-ray-плеерот и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
- Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
Поставете ја опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен Blu-ray-плеерот. (Ако плеерот е поврзан преку приклучокот HDMI 2, тогаш изберете го HDMI 2 како влезен сигнал.)
- Поврзете го Blu-ray-плеерот со уредот за интернет преку кабел за етернет или воспоставете безжична врска преку рутер.
- Вклучете го Blu-ray-плеерот. (Ако во плеерот има диск, извадете го.)
Преземете го ажурирањето:
- Во функцијата Home Screen (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа изберете Update via Internet (Ажурирање преку интернет).
- На телевизорот ќе се прикаже Software Update confirmation (Потврда за ажурирање на софтверот). Изберете OK со помош на далечинскиот управувач и потоа притиснете ENTER.
- На телевизорот ќе се прикажат пораката Update to a new software version (Ажурирајте го софтверот со нова верзија) и најновата верзија на софтверот.
- Изберете Start (Почеток), па притиснете ENTER.
- Ажурирањето започнува и на телевизорот ќе се прикаже екранот за ажурирање.
- Во текот на ажурирањето, на телевизорот се прикажуваат лентата за напредок x % и капацитетот за преземање. Во текот на ажурирањето, x се менува во 0 и се зголемува до 100.
- Плеерот ќе се рестартира и ажурирањето ќе продолжи. Не користете го и не исклучувајте го плеерот во текот на овој чекор.
- На телевизорот повторно ќе се прикажат лентата за напредок x % и капацитетот за преземање. Во текот на ажурирањето, x се менува во 0 и се зголемува до 100.
- За да се заврши ажурирањето, плеерот автоматски ќе се исклучи и рестартира. Не користете го и не исклучувајте го плеерот сè додека не заврши ажурирањето.
- Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M36.R.0345, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.
Решавање проблеми
Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на Blu-ray-плеерот преку интернет.
- Ако на телевизорот се прикаже пораката Connection status cannot be confirmed (Статусот на врската не може да се потврди) или This device is not connected to network (Уредот не е поврзан во мрежа), можеби има проблем со мрежното поврзување:
- За жично поврзување: проверете дали плеерот и уредот за интернет се поврзани со LAN-кабел.
- За безжично поврзување: проверете дали е вклучен безжичниот рутер и дали е поврзан со уредот за интернет.
- Проверете дали вашиот Blu-ray-плеер има сопствена IP-адреса во мрежните поставки. (Ако користите прокси сервер, внесете ја IP-адресата на прокси серверот што го користите во полето Proxy Server (Прокси сервер) наместо името на прокси серверот.)
- Проверете дали Physical Connection (Физичко поврзување) и Internet Access (Пристап до интернет) се прикажуваат како OK во Network Settings (Мрежни поставки) → Network Connection Status (Статус на мрежното поврзување).
- Започнете го ажурирањето повторно.
- Ако напојувањето се исклучило во текот на ажурирањето, вклучете го плеерот и повторно започнете го ажурирањето.
- Ако ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено:
- Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја од штекер, а потоа повторно приклучете го по неколку минути.
- Вклучете го Blu-ray Disc-плеерот.
- Започнете ја повторно постапката за ажурирање.
- Исто така, можете директно да ја откажете мрежната постапка и да го извршите ажурирањето преку USB-уредот.
- Ако во текот на ажурирањето се прикаже пораката Update failed (Ажурирањето не е успешно):
- Проверете дали има проблем со мрежното поврзување на интернет.
- На екранот Update failed (Ажурирањето не е успешно), изберете OK за да ја започнете повторно постапката за ажурирање или Cancel (Откажи) за да ја запрете постапката.
- Ако проблемот не се отстрани, преземете ја датотеката со фирмверот и извршете го ажурирањето преку USB-уредот.
- Исто така, можете директно да ја откажете мрежната постапка и да го извршите ажурирањето преку USB-уредот.
- Ако ажурирањето на фирмверот не функционира и по неколку обиди, преземете ја датотеката со фирмверот и извршете го ажурирањето преку USB-уредот.
Извршете ажурирање преку USB-уред и вашиот компјутер
Ако е можно, ви препорачуваме да го извршите ажурирањето преку интернет. Доколку не е, тогаш може да го примените следниот метод. Преземете го ажурирањето во компјутер, префрлете го во USB-уред, а потоа префрлете го во вашиот Blu-ray-плеер.
Ги препорачуваме следните оперативни системи:
- Windows 11
- Windows 10
- Windows 8.1
- macOS 10.12 - 10.15, 11
- Mac OS X
Како да проверите дали ажурирањето се одвива непречено
Воглавно, ажурирањето е многу едноставно. Направете го следното за да успеете уште при првиот обид:
- Прочитајте ги инструкциите внимателно, инаку можно е да го оштетите Blu-ray-плеерот.
- Не исклучувајте го Blu-ray-плеерот и не прекинувајте го неговото напојување сè додека трае ажурирањето.
- Не притиснувајте други копчиња освен копчињата наведени во инструкциите.
Преземете го ажурирањето во вашиот компјутер:
- Прочитајте ги и согласете се со правилата и условите
- Преземете ја датотеката UPDATE_M36R0345.ZIP во компјутерот, но запомнете во кој директориум ја преземате.
- Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете со десното копче на глувчето врз неа и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 152 MB (160 391 992 бајти).
Префрлете ги датотеките за ажурирање во USB-уредот за складирање:
- Отпакувајте ја датотеката во вашиот компјутер. Името на отпакуваната папка е UPDATE.
- Проверете дали папката UPDATE ги содржи овие четири датотеки: MSB36-FW.BIN, MSB36-FW.ID, MSB36-FW_MB.BIN, and MSB36-FW_MB.ID
- Приклучете компатибилен USB-уред за складирање во компјутерот.
Забелешка: Поддржани се FAT32 и NTFS.
Кај оперативните системи Windows:
- Одете во директориумот каде што се создала папката и кликнете со десното копче на глувчето врз папката UPDATE.
- Кликнете Send To... (Испрати до...) во менито
- Кликнете на податочната единица што го претставува USB-уредот (на пр., „Removable Disk E:“).
- Папката UPDATE ќе се копира во USB-уредот.
Кај оперативните системи macOS:
- Повлечете ја и спуштете ја папката UPDATE во основната папка на USB-уредот.
Забелешка: Ажурирањето нема да се изврши доколку не сте ја копирале датотеката во основниот директориум на USB-уредот или ако сте го промениле името на датотеката.
Префрлете го ажурирањето во плеерот
Прво подгответе ја опремата, а потоа префрлете го ажурирањето во вашиот плеер.
Подгответе ја опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е избран влезниот приклучок во кој е приклучен Blu-ray-плеерот. (Ако плеерот е поврзан преку приклучокот HDMI 2, тогаш изберете го HDMI 2 како влезен сигнал)
- Вклучете го Blu-ray-плеерот.
- Проверете дали има други USB-уреди што се поврзани со Blu-ray Disc-плеерот и доколку има, ве молиме исклучете ги од Blu-ray Disc-плеерот.
Префрлете го ажурирањето:
- Вметнете го USB-уредот за складирање што ја содржи датотеката за ажурирање во USB-приклучокот на предниот панел од плеерот.
- Во менито Home Screen (Почетен екран), изберете Setup (Поставување) → Software Update (Ажурирање на софтверот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER.
- Кога ќе се прикаже Software Update confirmation (Потврда за ажурирање на софтверот), со помош на далечинскиот управувач изберете Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред), изберете OK и потоа притиснете ENTER.
- Ажурирањето ќе започне.
- Во текот на ажурирањето, на телевизорот се прикажува лентата за напредок x %. Во текот на ажурирањето, x се менува во 0 и се зголемува до 100.
- Плеерот ќе се рестартира и ажурирањето ќе продолжи. Не користете го и не исклучувајте го плеерот во текот на овој чекор.
- На телевизорот повторно ќе се прикаже лентата за напредок x %. Во текот на ажурирањето, x се менува во 0 и се зголемува до 100.
- Плеерот ќе се исклучи и рестартира автоматски откако ќе заврши ажурирањето. Не користете го и не исклучувајте го плеерот сè додека не заврши ажурирањето.
- Извадете го USB-уредот од плеерот.
- Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M36.R.0345, тоа значи дека ажурирањето на фирмверот завршило успешно.
Решавање проблеми
Што треба да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на Blu-ray-плеерот преку компјутер и диск.
- Ако не можете да ја изберете опцијата Update via USB Memory (Ажурирање преку USB-уред), направете ги следните проверки:
- USB-уредот е правилно поврзан со Blu-ray Disc-плеерот.
- USB-уредот е форматиран за поддршка на системот на датотеки (FAT32 и NTFS).
- USB-уредот е компатибилен со Blu-ray Disc-плеерот.
- Ако не можете да ја отпакувате датотеката за ажурирање што ја преземавте од веб-сајтот, обидете се да ја избришете датотеката и повторно да ја преземете.
- Ако се прикаже пораката There is no update file (Нема датотека за ажурирање), проверете дали името на отпакуваната папка е UPDATE (со големи букви) и дали ги содржи сите датотеки: MSB36-FW.BIN, MSB36-FW.ID, MSB36-FW_MB.BIN, and MSB36-FW_MB.ID
- Ако се прикаже пораката The file is corrupted (Датотеката е оштетена), повторно преземете ја датотеката за ажурирање и повторете ја целата постапка.
- Ако ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено.
- Исклучете го кабелот за напојување со наизменична струја од штекер, а потоа повторно приклучете го по неколку минути.
- Вклучете го Blu-ray Disc-плеерот.
- Започнете ја повторно постапката за ажурирање.
- Ако напојувањето се исклучило во текот на ажурирањето, вклучете го Blu-ray Disc-плеерот и повторно започнете го ажурирањето.
Ажурирање на фирмверот со верзијата M36.R.0345
Го подобрува квалитетот на боите на некои содржини SDR