Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • BDP-S1700
  • BDP-S3700

ВАЖНО: Оваа датотека треба да се користи само со наведените модели. Сите модели не се продаваат во сите држави.

За ова преземање

Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање

  • Го подобрува мрежното поврзување
  • Ја отстранува функцијата Gracenote®

Претходни придобивки и подобрувања

  • Ја подобрува компатибилноста при пресликување на екранот (само за BDP-S3700)
  • Поддржува специфичен тип AVC-проследување
  • Обезбедува усогласеност со новата Европска директива за радиоопрема и безжични предаватели
  • Ја подобрува достапноста на менито за мрежни поставки
  • Ја подобрува честотата на ажурирањето на списокот на мрежни услуги
  • Ја подобрува изведбата на дистрибуцијата на музички содржини преку SongPalLink

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на фирмверот за Blu-ray плеер „BDP-S1700/S3700“

Верзија на датотека

  • M30.R.0527

Големина на датотека

  • 144 МБ (151.380.384 бајти)

Датум на издавање

  • 12-03-2019

Подготовка

Вашиот фирмвер може веќе да е ажуриран, особено ако имате најнов модел на Blu-ray-репродуктор. Ако бројот на верзијата е M30.R.0527 или повисок, не треба да ажурирате.

Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. вклучете го телевизорот и проверете дали е приклучен на влезот на којшто е приклучен Blu-ray-репродукторот, па ако репродукторот е приклучен на приклучокот HDMI2, одберете HDMI2 како влез
  2. Вклучете го Blu-ray-репродукторот. Ако започне да репродуцира диск, притиснете STOP (ЗАПРИ) и почекајте додека не го видите менито од [Home Screen]
  3. Во [Home Screen], означете Setup (Поставување) > System Settings (Системски поставки) , а потоа изберете ENTER (ВНЕСИ) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач
  4. Означете System Information (Информации за системот) и изберете ENTER (ВНЕСИ)
  5. На телевизискиот екран, верзијата на фирмверот изгледа вака:
    "Software Version M30.R.xxxx" - ако бројот на верзијата е M30.R.0527 или повисок, веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.

Постојат 2 лесни начина за ажурирање на фирмверот од Blu-ray-репродукторот:

Начини за ажурирање на фирмверот од Blu-ray-репродукторот
Што Ви требаЗошто да се користи овој метод?
Интернет / мрежа
***ПРЕПОРАЧАНО***
  • Етернет-кабел или безжичен пренасочувач за поврзување на Blu-ray-репродукторот со интернет
  • За да се уверите дека Blu-ray-репродукторот е поврзан со:
    • активна интернет-врска
    • компатибилен телевизор
Го препорачуваме овој метод како најлесен и најбрз начин за ажурирање на фирмверот.
USB-уред за складирање
  • Компјутер
  • УСБ-уред за чување
Ажурирајте го фирмверот на овој начин ако не можете да се поврзете на интернет.

Преземање и инсталирање

Ажурирање на BDP-S1700/S3700 преку интернет

Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Обично трае околу 15-30 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето преку интернет на Blu-ray-репродукторот.

Што Ви треба:

  • активна интернет-врска (со помош на етернет-кабел или безжичен пренасочувач)
  • компатибилен телевизор

Како да се уверите дека ажурирањето оди беспрекорно

Ажурирањето обично е многу едноставно. Еве како можете да се уверите дека работи правилно првиот пат:

  • Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно можете да го оштетите Blu-ray-репродукторот
  • Не исклучувајте го Blu-ray-репродукторот - или не исклучувајте го од струја додека врши ажурирање
  • Не притискајте ниедно копче, освен копчињата споменати во упатствата

Поставување на опремата:

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е поставен на влезот на кој е поврзан ДВД-снимачот. (Ако репродукторот е поврзан на приклучок ХДМИ 2, одберете ХДМИ 2 како влез.)
  2. Поврзете го Blu-ray-репродукторот на изворот на интернет со помош на етернет-кабел или безжична врска преку пренасочувач
  3. Вклучете го Blu-ray-репродукторот. (Ако има диск во репродукторот, извадете го.)

Земете го ажурирањето:

  1. Во [Home Screen], изберете Setup (Поставување) ---> Software Update (Ажурирање на софтверот)со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач и изберете Update via Internet (Ажурирај преку интернет).
  2. На телевизорот ќе се прикаже потврдата за софтверско ажурирање. Изберете OK на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER (ВНЕСИ)
  3. На телевизорот ќе се прикажат пораката Update to a new software version. (Ажурирање до новата верзија на софтверот.) и најновата верзија на софтверот
  4. Изберете Start, (Почеток,) а потоа притиснете ENTER (ВНЕСИ).
  5. Почнува процесот на ажурирање и на телевизорот можете да го видите екранот за ажурирање
  6. За време на ажурирањето ќе ја гледате лентата за напредок "x %" и капацитетот за преземање на телевизорот. - x се менува во 0 и оди до 100 за време на процесот на ажурирање
  7. Репродукторот сам ќе се престартува и ажурирањето ќе продолжи. - Не користете го и не вклучувајте го репродукторот за време на овој чекор
  8. Повторно ќе ја видите лентата за напредок "x %" и капацитетот за преземање на телевизорот. - x се менува во 0 и оди до 100 за време на процесот на ажурирање
  9. Кога плеерот автоматски ќе се исклучи и ќе се престартува, ажурирањето е завршено. - Не користете го и не исклучувајте го плеерот додека не заврши ажурирањето.
  10. Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M30.R.0527, ажурирањето на фирмверот е успешно

Решавање проблеми

Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на Blu-ray-репродукторот преку интернет.

  • На телевизорот се прикажува пораката "Connection status cannot be confirmed (Статусот за поврзување не може да се потврди)" или "This device is not connected to network" (Овој уред не е поврзан на интернет).
    Проблемот може да е во мрежното поврзување.
    1. За жичено поврзување: проверете дали ЛАН-кабелот е поврзан помеѓу репродукторот и изворот на интернет
    2. За безжично поврзување: проверете дали е вклучен безжичниот пренасочувач и дали е поврзан на извор на интернет
    3. Во мрежните поставки проверете дали сте потврдиле дали репродукторот за Blu-ray-дискови има своја ИП-адреса или не. (Ако користите прокси-сервер, внесете ја ИП-адресата од користениот прокси-сервер наместо името на прокси-серверот-домаќин во полето Proxy Server (Прокси-сервер))
    4. Потврдете дали "Физичко поврзување" и "Интернет-пристап" се ВО РЕД во Network Settings (Мрежни поставки) ---> Network Connection Status (Состојба на мрежно поврзување)
    5. Обидете се повторно да ажурирате

  • Енергијата се исклучила додека траеше ажурирањето
    Вклучете го репродукторот и обидете се повторно да ажурирате.

  • Ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено
    1. Исклучете го кабелот од струја, а потоа поврзете го повторно по неколку минути
    2. Вклучете го репродукторот за Blu-ray-дискови
    3. Обидете се повторно со постапката за ажурирање
    4. Исто така, можете директно да ја откажете мрежната постапка и да продолжите директно и да извршите ажурирање преку УСБ-меморија

  • Додека ажурирате се појавува пораката "Update failed" (Ажурирањето не е успешно)
    • Проверете дали има проблем во мрежното поврзување со интернет
    • На екранот "Update failed" (Ажурирањето не е успешно), изберете OK (Во ред) за да се обидете повторно со постапката за ажурирање или Cancel (Откажи)за да го запрете процесот
    • Доколку симптомот и понатаму се јавува, преземете ја датотеката за фирмверот и изврште ажурирање преку УСБ-меморија
    • Исто така, можете директно да ја откажете мрежната постапка и да продолжите директно и да извршите ажурирање преку УСБ-меморија

  • По неколку обиди, ажурирањето на фирмверот сè уште не работи
    1. Преземете ја датотеката за фирмверот и изврште ажурирање преку УСБ-меморија

Ажурирајте преку УСБ-меморија и компјутерот

Ако можете, препорачуваме да користите интернет за ажурирање. Ако не, можете да го користите овој метод наместо интернет. Преземете го ажурирањето на компјутер, префрлете го на УСБ-меморија, а потоа префрлете го на Blu-ray-репродукторот.

Ги препорачуваме следниве оперативни системи:

  • Windows 10 / 8.1 / 7
  • Macintosh OS X верзија 10.5 или понова

Како да се уверите дека ажурирањето оди беспрекорно

Ажурирањето обично е многу едноставно. Еве како можете да се уверите дека работи првиот пат:

  • Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно можете да го оштетите Blu-ray-репродукторот
  • Не исклучувајте го Blu-ray-репродукторот - или не исклучувајте го од струја додека врши ажурирање
  • Не притискајте ниедно копче, освен копчињата споменати во упатствата

Преземете го ажурирањето на компјутерот:

  1. Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите
  2. Преземете ја датотеката UPDATE_M30R0527.ZIP на компјутерот, но запомнете во која папка ја преземате
  3. Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете на десното копче и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 144 МБ (151,380,384 bytes)

Префрлете ги датотеките за ажурирање на УСБ-меморија:

  1. Извлечете ја датотеката на компјутерот - извлечената датотека е наречена "UPDATE"
  2. Уверете се дека овие четири датотеки се вклучени во папката "UPDATE": MSB30-FW.BIN, MSB30-FW.ID, MSB30-FW_MB.BIN и MSB30-FW_MB.ID
  3. Поврзете компатибилна УСБ-меморија на компјутерот.- поддржани се FAT32 и NTFS

За оперативниот систем Windows;:

  1. Одете во папката во којашто беше создадена папката и кликнете со десното копче на папката UPDATE
  2. Од менито што ќе се појави, кликнете "Send To..." (Испрати во)
  3. Кликнете на податочната единица која што го претставува вашиот УСБ-уред (на пр. Отстранлив диск E:)
  4. Папката за ажурирање ќе се копира на УСБ-уредот.

За оперативен систем Mac OS; X:

  1. Повлечете ја па спуштете ја папката UPDATE во коренската папка на УСБ-уредот

Напомена: ажурирањето нема да се изврши доколку датотеката не се копира во коренската папка на УСБ-уредот или ако е променет називот на датотеката.

Префрлете го ажурирањето на репродукторот

Прво подгответе ја опремата, а потоа префрлете го ажурирањето на репродукторот.

Подгответе ја опремата:

  1. Вклучете го телевизорот и проверете дали е поставен на влезот на кој е поврзан ДВД-снимачот. (Ако репродукторот е поврзан на приклучок ХДМИ 2, одберете ХДМИ 2 како влез.)
  2. Вклучете го Blu-ray-репродукторот
  3. Уверете се дека нема поврзано други УСБ-уреди на репродукторот за Blu-ray-дискови. Доколку има, исклучете ги од репродукторот за Blu-ray-дискови

Префрлете го ажурирањето:

  1. Ставете ја УСБ-меморијата , во која се наоѓа датотеката за ажурирање, во УСБ-портата на перната табла од репродукторот
  2. На менито за [Home Screen], употребете ги копчињата со стрелки на далечинскиот управувач за да изберете Setup (Поставување) - Software Update (Софтверско ажурирање) и притиснете на копчето Enter (Внеси)
  3. Ќе се прикаже потврдата за ажурирање на софтверот. Изберете Update via USB Memory (Ажурирање преку УСБ-меморија) , означете OK (Во ред)преку далечинскиот управувач и притиснетеEnter (Внеси)
  4. Ажурирањето започнува
  5. За време на ажурирањето, на телевизорот ќе ја видите пораката "х %". "x" се менува во 0 и оди до 100 за време на процесот на ажурирање
  6. Репродукторот сам ќе се престартува и ажурирањето ќе продолжи. - Не користете го и не вклучувајте го репродукторот за време на овој чекор.
  7. На телевизорот повторно ќе ја видите лентата за напредок "х %". "x" се менува во 0 и оди до 100 за време на процесот на ажурирање
  8. Репродукторот автоматски ќе се исклучи кога ќе заврши ажурирањето. Не користете го и не исклучувајте го репродукторот додека не заврши ажурирањето.
  9. Извадете го УСБ-уредот од репродукторот и вклучете го репродукторот.
  10. Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M30.R.0527, ажурирањето на фирмверот е успешно

Решавање проблеми

Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на Blu-ray-репродукторот ако користите компјутер и диск.

  • Не можам да ја изберам опцијата "Update via USB Memory" (Ажурирај преку УСБ-меморија)
    Ве молиме проверете го следново:
    1. УСБ-уредот е поврзан правилно со репродукторот на Blu-ray-дискови
    2. УСБ-уредот е форматиран да поддржува податочен систем (FAT32 и NTFS)
    3. УСБ-уредот е компатибилен со репродукторот на Blu-ray-дискови

  • Датотеката за ажурирање што ја презедов од веб-локацијата не може да се отпакува
    Дали успешно ја презедовте датотеката? Обидете се да ја избришете датотеката и повторно да ја преземете.

  • Се појавува пораката "There is no update file" (Нема датотека за ажурирање)
    Уверете се дека името на извлечената датотека е правилно именувано како UPDATE (со големи букви) и дека сите датотеки се внатре:
    • MSB30-FW.BIN
    • MSB30-FW.ID
    • MSB30-FW_MB.BIN
    • MSB30-FW_MB.ID

  • Се појавува пораката "The file is corrupted" (Датотеката е оштетена)
    Повторно преземете ја датотеката за ажурирање и повторете ја целата постапка уште еднаш.
  • Ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено
    1. Исклучете го кабелот од струја, а потоа поврзете го повторно по неколку минути
    2. Вклучете го репродукторот за Blu-ray-дискови
    3. Обидете се повторно со постапката за ажурирање.
  • Енергијата се исклучила додека траеше ажурирањето
    Вклучете го репродукторот за Blu-ray-дискови и обидете се со постапката за ажурирање уште еднаш