Драјвер за засилувач за слушалки верзија 1.0.0 (Windows)
Ви овозможува да го поврзете засилувачот за слушалки со компјутер со Windows
Модели на кои се однесува
- TA-ZH1ES
За ова преземање
- Име: Драјвер за засилувач за слушалки верзија 1.0.0
- Датум на издавање: 12.10.2016 г.
- Дали треба да го преземам? Преземањето е неопходно ако сакате да го поврзете засилувачот за слушалки со компјутерот со Windows
- Предности и подобрувања: Ќе може да го користите вашиот Пренослив DAC со висока резолуција/засилувач за слушалки со вашиот компјутер со Windows
Системски побарувања
Драјверот за засилувачот за слушалки е компатибилен со најчесто користените верзии на Microsoft Windows.
- Windows 11 Home/Pro
- Windows 10 Home/Pro (32-битен/64-битен)
- Windows 8.1 (32-битен/64-битен);
- Windows 8 (32-битен/64-битен);
- Windows 7 (сервисен пакет 1 или понов, 32-битен/64-битен)
- Windows Vista 32-битен (сервисен пакет 2 или понов, 32-битен/64-битен)
Уверете се дека ги имате инсталирано најновите ажурирања за Windows за вашиот систем. Имајте предвид дека не се гарантира дека софтверот ќе работи на сите компјутери, дури и ако ги задоволуваат горенаведените системски барања
Сите оперативни системи треба да бидат фабрички прединсталирани. Не можеме да гарантираме дека драјверот ќе работи на оперативните системи кои биле надградени, самостојно конструирани или кои постојат како еден од многуте системи (односно, во околина со повеќе подигнувања).
Хардвер
- Достапен USB-приклучок (во согласност со USB 2.0)
Преземи
Пред да го инсталирате драјверот за Преносливиот DAC со висока резолуција/засилувач за слушалки треба да ја преземете датотеката на драјверот. Во неа има сѐ што ви е потребно за да го инсталирате драјверот.
Проверете дали сте најавени како администратор на компјутерот за да ја преземете датотеката на драјверот. Ќе треба да погледнете во упатството за вашиот компјутер со Windows за да дознаете како да се најавите како администратор.
- Уверете се дека компјутерот е поврзан на интернет
- Започнете го процесот на преземање со кликнување на врската подолу
- Прочитајте го Договорот за лиценцирање на преземањето софтвер и, ако го прифаќате, кликнете на копчето Accept Agreement (Прифати договор)
- Кога ќе бидете известени преку прозорецот за дијалог Зачувај датотека, одберете ја папката на хард дискот каде што сакате да се преземе драјверот
- Следнава датотека ќе биде преземена во одбраната папка: [Sony_Headphone_Amplifier_Driver_V1.0.0.zip] (Големина на датотеката: 58,1 МБ (61.017.769 бајти))
Забелешка: Не ставајте го системот во режимите на исклучување, спиење и хибернација за време на преземањето.
Инсталирај
Откако ќе се преземе датотеката, подготвени сте да го инсталирате драјверот за засилувачот за слушалки.
За да го инсталирате софтверот, едноставно следете ги упатствата што се наведени подолу за вашиот оперативен систем.
Во текот на инсталирањето на датотеката, треба да бидете најавени како администратор. Ќе треба да погледнете во упатството за вашиот компјутер со Windows за да дознаете како да се најавите како администратор.
- Не поврзувајте го засилувачот за слушалки пред да го инсталирате драјверот
- Зачувајте ја сета работа и затворете ги сите други програми
- Отпакувајте ја компресираната датотека и извршете ја „Sony_Headphone_Amplifier_Driver_Setup.exe“ во папката
- Следете ги упатствата од Советникот за поставување за да го инсталирате драјверот. Ако се појави Контролата на корисничката сметка, кликнете [Yes] (Да) или [Continue] (Продолжи).
- Засилувачот за слушалки ќе се препознае по инсталацијата
По инсталацијата на драјверот за Windows
- Поврзете го уредот со компјутерот преку USB-кабел. Користете го USB-приклучокот (тип B) на задниот панел од засилувачот за слушалки
- Вклучете го засилувачот за слушалки
- Изберете ја функцијата „PC (USB-B)“ со притискање на копчето INPUT (ВЛЕЗ) на уредот или преку далечинскиот управувач
- Ако инсталацијата завршила успешно, „TA-ZH1ES“ ќе биде додадено во „Sound, video and game controllers“ (Контролори за звук, видео и игри) во Управникот со уреди.
Решавање проблеми: Нема звук кога се користи задниот USB-приклучок
Проверете ги следниве работи ако не можете да слушнете звук од компјутерот.
- Проверки на засилувачот за слушалки
- Проверете дали е вклучено напојувањето и дали јачината на звукот е поставена правилно.
- Потврдете дека изборот на влез е поставен на компјутер (USB-B).
- Проверки на компјутерот со Windows
- Потврдете дека драјверот се инсталирал правилно. Ако инсталацијата на драјверот била успешна, тогаш TA-ZH1ES треба да се појави во Device Manager (Управник со уреди). Уверете се дека нема поврзани знаци за предупредување. Ако TA-ZH1ES не се прикажува, деинсталирајте го драјверот и инсталирајте го повторно.
Note: Како да отворите Device Manager (Управник со уреди)- Кај оперативните системи Windows 10 и 11: Кликнете со десното копче на глувчето врз Start (Почеток) → Device Manager (Управник со уреди).
- Кај оперативните системи Windows 7, Windows 8 и 8.1: Кликнете Control Panel (Контролна табла) → Hardware and Sound (Хардвер и звук) → Device Manager (Управник со уреди).
- Кај оперативните системи Windows Vista: Кликнете Control Panel (Контролна табла) → System and maintenance (Систем и одржување) → Device Manager (Управник со уреди).
- Некои софтвери за репродукција му овозможуваат на корисникот да избере уред за излез на звукот. Ако користите таков софтвер, потврдете дека опцијата Sony Headphone Amplifier Driver (Драјвер за засилувач за слушалки од Sony) е избрана како уред за излезен звук.
- Проверете дали опцијата TA-ZH1ES е избрана како уред за репродукција за вашиот компјутер (Control panel (Контролна табла) → Hardware and Sound (Хардвер и звук) → Sound (Звук)). Исто така, потврдете дека јачината на звукот е доволно висока и дека звукот не е исклучен во менито Property (Својство) на TA-ZH1ES.
Note: Како да отворите Control Panel (Контролна табла)- Кај оперативните системи Windows 10 и 11: Притиснете ги копчињата Лого на Windows и R за да ја отворите дијалог-рамката за извршување. Потоа впишете „control“ и кликнете OK (Во ред).
- Кај оперативните системи Windows 8 и 8,1: Притиснете ги копчињата Лого на Windows и X на тастатурата и кликнете Control Panel (Контролна табла) во листата.
- Кај оперативните системи Windows Vista и Windows 7: Кликнете Start (Почеток) и потоа кликнете Control Panel (Контролна плоча).
- Потврдете дека драјверот се инсталирал правилно. Ако инсталацијата на драјверот била успешна, тогаш TA-ZH1ES треба да се појави во Device Manager (Управник со уреди). Уверете се дека нема поврзани знаци за предупредување. Ако TA-ZH1ES не се прикажува, деинсталирајте го драјверот и инсталирајте го повторно.