Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- WF-G700N / INZONE Buds
ВАЖНО: Оваа датотека важи само за INZONE Buds (WF-G700N). Овој модел не се продава во сите земји/региони.
Напомена пред ажурирањето
Прочитајте го овој дел пред да започнете со ажурирање.
Ова ажурирање ја користи апликацијата за компјутер INZONE Hub. Посетете ја страницата INZONE Hub за детали за инсталирањето на апликацијата INZONE Hub на вашиот компјутер. Исто така, погледнете ја оваа страница за да најдете инструкции за ажурирање на INZONE Buds (WF-G700N).
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Го подобрува поврзувањето на USB-предавателот
- Го подобрува проблемот кога слушалките со микрофон може повремено да не се вклучуваат или да не работат кога се извадени од футролата за полнење
Претходни придобивки и подобрувања
Предуслови на системот
- Компјутер со Windows (Windows 10 или понов)
- Активна интернет-врска
- Најновата верзија на апликацијата INZONE Hub
- Слушалките мора да бидат поврзани со вашиот компјутер
Информации за датотеката
- Име: Ажурирање на фирмверот на INZONE Buds (WF-G700N) со верзијата 02.000.006
- Верзија: 02.000.006
- Големина: 3.80 MB (3 994 616 бајти)
- Датум на издавање: 25-06-2025
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Ако верзијата на фирмверот е 02.000.006, не треба да го извршите ажурирањето. Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмверот ја имате:
- Стартувајте ја апликацијата INZONE Hub.
- Поврзете ги слушалките со апликацијата INZONE Hub.
- Кликнете на Device Settings (Поставки за уредот).
Забелешка: Името на уредот што се прикажува на екранот зависи од поврзаниот уред. - Потврдете ја верзијата на фирмверот.
Важно известување
- Откако ажурирањето ќе започне, не вршете ниту една од следните дејства додека процесот не заврши:
- Отстранете го USB-предавателот од компјутерот
- Исклучете ги слушалките со микрофон
- Ресетирајте го хардверот на слушалките со микрофон
- Излезете од апликацијата INZONE Hub
- Исклучете го компјутерот
- Ако извршите некое од горенаведените дејства, нема да можете да ги користите слушалките со микрофон INZONE.
- Не вршете ажурирање на локација каде што Wi-Fi-сигналот е недоследен или може да се преоптовари, или блиску до микробранова печка, безжичен телефон или други уреди кои користат радиофреквентен појас од 2,4 GHz.
- Слушалките со микрофон мора да имаат барем 50 % напојување од батеријата или да бидат поврзани со извор на напојување. Ако слушалките со микрофон се поврзани со лаптоп, ажурирањето треба да се изврши додека лаптопот е поврзан со извор на напојување.
- За време на ажурирањето, не дозволувајте компјутерот да премине во режим на спиење или хибернација.
Преземање и инсталирање
Пред да извршите надградба
- По ажурирањето, не можете да се вратите на постара верзија на фирмверот.
- Постапката за ажурирање ќе трае приближно 30 минути. Големината на датотеката е приближно 3.80 MB.
- Слушалките со микрофон нема да можат да се користат за време на ажурирањето.
- Ако е поврзан кабел за напојување, не исклучувајте го за време на процесот.
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Вклучете го USB-предавателот во компјутерот.
- Вклучете ги слушалките со микрофон и поврзете го со компјутерот преку Bluetooth.
- Стартувајте ја апликацијата INZONE Hub.
Забелешки:- Ако никогаш порано не сте ја стартувале апликацијата INZONE Hub, ќе го видите и екранот за потврдување на Privacy Policy (Политика за приватност) и екранот Privacy Settings (Поставки за приватност).
- Ако апликацијата INZONE Hub е стартувана пред слушалките со микрофон да бидат активирани:
- Кликнете со десното копче на глувчето на иконата за апликацијата што е прикажана во фиоката за задачи.
- Изберете Quit (Излези) за да излезете.
- Рестартирајте ја апликацијата.
- Ако инсталираната апликација INZONE Hub не е ажурирана, ќе се појави црвен круг на иконата со запченикот во долниот лев агол.
- Кликнете на иконата со запченикот за да појдете во екранот за поставки.
- Кликнете Update (Ажурирај) за да ја ажурирате апликацијата INZONE Hub.
- Доколку има достапно ажурирање, на Device Settings (Поставки за уредот) ќе се појави црвен круг.
- Изберете Device Settings (Поставки за уредот), а потоа притиснете го копчето Update (Ажурирај) на екранот System Software Information (Информации за системскиот софтвер).
- Ќе се појави екран за потврда за ажурирањето. По потврдување на деталите, кликнете на копчето Update Now (Ажурирај веднаш) за да започнете со ажурирање. Штом ќе започне ажурирањето, слушалките со микрофон нема да бидат достапни сѐ додека ажурирањето не заврши.
- Кога ќе започне ажурирањето, ќе го видите екранот System Software Update (Ажурирање на системскиот софтвер).
- Почекајте да заврши ажурирањето пред да ги користите слушалките со микрофон.
- Ажурирањето на системскиот софтвер може да трае приближно 20 минути.
- Кога ќе заврши ажурирањето на софтверот, притиснете OK (Во ред).
Чекор 2: проверете дали ажурирањето е успешно
Потврдете ги деталите на ажурирањето преку следење на чекорите во делот Check the firmware version (Проверете ја верзијата на фирмверот) во овој документ. Доколку и VERSION (Слушалки со микрофон) и VERSION (USB-предавател) се наведени како 02.000.006, тогаш ажурирањето е успешно.
Прашања и одговори
Што да направам ако се појави порака за грешка при ажурирањето?
Следете ги долунаведените чекори за да го решите проблемот:
- Притиснете OK на екранот со порака за грешка.
Пример на порака за грешка:
- Апликацијата INZONE Hub ќе прикаже екран со следната порака: The update is not complete. Press Update to perform the update again (Ажурирањето не заврши. Притиснете Update (Ажурирај) за повторно да го извршите ажурирањето).