Договор за лиценца на краен корисник
Софтверски преземања и онлајн апликации: Ограничувања и одрекувања од одговорност
Кои било драјвери, софтвер, програми (вклучувајќи ги сите ажурирања и надградби), приклучоци на прелистувачи, периферни уреди и други апликации, услуги и услужни програми засновани на компјутери, кој било софтвер кој е на располагање на Корисниците во врска со или за да се олесни пристапот до која било претплата поврзана со овој веб-сајт и сите датотеки и слики вградени во или направени од софтверот, програми и други материјали кои се достапни за преземање или како далечинска апликација или услуга од содржината на веб-сајтот (Услужни програми) се обезбедени како поддршка и услуги на Корисниците. Сопственоста на Услужните програми (без разлика дали се преземени или не) не се префрла врз Корисниците и е во сопственост (како што е случајот со сите авторски и имотни права) на Sony, Sony Affiliates или на соодветните даватели на лиценци.
Користењето на кои било Услужни програми од страна на Корисникот, исто така, ќе биде регулирано со условите на кој било од придружните онлајн или офлајн документи, лиценцата на крајниот корисник или други релевантни договори, како и условите и правилата кои се утврдени од продавачот или давателот на лиценци (Договор за лиценца на краен корисник) (што има предимство над овие Услови, во случај на каква било неусогласеност со овие Услови). Таму каде што нема Договор за лиценца на краен корисник кој ја придружува Услужната програма, истата ќе се лиценцира на вас како на единствен корисник, на непренослива, неексклузивна и отповиклива основа.
Услужните програми може да се користат само како што е утврдено во применетиот договор за лиценца на краен корисник. Корисникот не смее да репродуцира, копира, изнајмува, издава, да врши обратен инженеринг, растура или продава Услужни програми, освен во случај кога тоа е изрично дозволено со Договорот за лиценца на крајниот корисник или со важечкиот закон. Неовластената употреба на Услужните програми ги прекршува авторските права и другите права на интелектуална сопственост и Sony или соодветниот давател на лиценцата (како што е соодветно) ги задржува сите права.
Sony не дава никаква Гаранција во врска со точноста или исправноста на резултатите или на излезниот резултат што произлегува од употребата на Услужните програми. Sony не прифаќа никаква одговорност за загуба на податоци или штета предизвикана од инсталацијата или користењето на која било од преземените Услужни програми, не дава никаква гаранција и не прифаќа никаква одговорност во однос на Услужните програми. Sony препорачува Корисниците (а Корисниците гарантираат дека ќе се придржуваат) секогаш да си направат и да чуваат копија на сите податоци на хардверот (со или во кои Услужните програми ќе бидат инсталирани или користени) пред инсталирањето или користењето на кои било Услужни програми.
Sony и Sony Affiliates не (освен ако не е посебно наведено во важечкиот Договор за лиценца на крајниот корисник, ако воопшто постои) нудат поддршка или помош во употребата, вградувањето или одржувањето на кои било Услужни програми или во решавањето на прашања или проблеми кои може да се случат како резултат на користењето и инсталирањето на Услужни програми.
Вие потврдувате дека Услужните програми и која било придружна документација и/или технички податоци може да бидат предмет на важечките закони и прописи за контрола на извозот. Се согласувате дека нема да ги извезувате или преизвезувате Услужните програми, директно или индиректно, прекршувајќи ги ваквите закони и прописи.
Кога Sony е согласен (писмено) да обезбеди техничка поддршка во однос на производот на Sony, ќе ја овозможи само поддршката за соодветните производи на Sony со оперативни системи и друг софтвер во иста форма и верзија како што се испорачани од фабриката на Sony или Sony Affiliate, а може да избере да не обезбеди поддршка за производи на Sony на кои подоцна биле вградени и поставени Услужни програми.
Важечкиот Договор за лиценца на краен корисник може да наложи дополнителна гаранција и исклучоци од одговорност или ограничувања на Услужните програми.
Преземањето на некоја Услужна програма претставува прифаќање на овие Услови. Ако не се согласувате со овие Услови, не може да преземете никаква Услужна програма ниту придружна онлајн документација.