Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • NEX-7

За ова преземање

  • Име:Ажурирање на фирмверот на верзија 1.03 за NEX-7 (Windows)
  • Датум на издавање:27/08/2013
  • Benefits and improvements
    • Дополнување на системот за податочни единици АФ за филмови: системот за податочни единици АФ за филм е додаден за да се подобри скалабилноста на идниот систем E-mount. Оваа карактеристика обезбедува поголем степен на дизајнерска флексибилност за идните објективи E-mount.

Следниве предности и подобрувања од претходната програма за ажурирање се вклучени во верзијата 1.03:

  • Се применува автоматска компензација на „SELP1650“
  • Го тера „SELP1650“ да се вовлече веднаш по исклучувањето на фотоапаратот
  • Додавање можност за овозможување или оневозможување на копчето MOVIE (Филм)
  • Додадавање поставки за изложеност при фотографирање на држач (три рамки /1.0EV,2.0EV, 3.0EV)
  • Подобрување на реакцијата за прикажување слика во автоматско прегледување.
  • Подобрување на квалитетот на сликата кога се користат широкоаголни леќи
  • Подобрување на укажувањето кога се поставува "Flexible Spot".

Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.03 или понова, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
  • Windows® Vista* SP2
  • Windows® 7 SP1
  • Windows® 8
    Забелешки:
    * Не е поддржана верзијата Starter.

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќ��
    Забелешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)
      Забелешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наи��менична струја AC-PW20 (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите надградба на фирмверот, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Кога користите објектив со A-mount со адаптер за поставување LA-EA2 (се продава посебно) и ја поставувате функцијата [AF Micro Adj.] за користење, регистрираната вредност ќе се постави повторно.
  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. After Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_NEX7V103.exe] (62.2 MB (65 295 408 bytes)).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

Инсталирај


Напомена за корисниците на Windows 8:

Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.

надградете го фирмверот на фотоапаратот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на преземената датотека [Update_NEX7V103.exe] за да го стартувате софтверот за ажурирање на фирмверот.


    Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот).

  3. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовн�� чување). (Слика 3)
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  4. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Белешка: Кога фотоапаратот е поврзан на компјутерот, ЛЦД-екранот на фотоапаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
  5. На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконат�� "Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)".
    Белешка: Ако не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
  6. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Слика 4, а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Слика 5.
    Белешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката на надградба.

    Слика: 4


    Слика: 5


  7. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 4 и Слика 5, кликнете Next (Следно).
    На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 6)
    Откако ќе го потврдите екранот за Слика 6, кликнете Next (Следно).Next (Следно) [Current version(Тековна верзија)] е [верзија 1.xx].Ако на екранот се појави Слика 7, не е потребна надградба. Според пораката, сопрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши)Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

    Слика 6: Потребна е надградба


    Слика 7: Не е потребна надградба


  8. Кликнете на иконата "Safely Remove Hardware" (Отстрани го хардверот безбедно) на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската.
    Белешка: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
    Белешка: Ако не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
    Слика: 8


  9. Притиснете го центарот на повеќефункциското тркалце за повторно поставување на фотоапаратот.
    Белешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на контролното тркало. Продолжете на следниот чекор.

    Слика: 9


    Слика: 10 А


  10. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот.
  11. Слика: 8
  12. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Слика 11.
  13. Кликнете Run за да почне надградбата. За време на надградбата се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
    Слика: 11

    Белешка: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на надградбата.

  14. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Слика 12. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика: 12

    Кликнете на иконата "Safely Remove Hardware" (Отстрани го хардверот безбедно)
    на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската.

    Белешка: Ако не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.

  15. Исклучете го УСБ-кабелот.
  16. Белешка: Откако ќе заврши ажурирањето, исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот и вклучете го фотоапаратот повторно.

Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.03.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.