Ажурирање на фирмверот на верзија 1.03 за NEX-7 (Macintosh)
Дополнување на системот за податочни единици АФ за филмови: ја подобрува скалабилноста на идниот систем E-mount.
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- NEX-7
За ова преземање
- Име:Ажурирање на фирмверот на верзија 1.03 за NEX-7 (Macintosh)
- Датум на издавање:27/08/2013
- Benefits and improvements
- Дополнување на системот за податочни единици АФ за филмови: системот за податочни единици АФ за филм е додаден за да се подобри скалабилноста на идниот систем E-mount. Оваа карактеристика обезбедува поголем степен на дизајнерска флексибилност за идните објективи E-mount.
- Се применува автоматска компензација на „SELP1650“
- Го тера „SELP1650“ да се вовлече веднаш по исклучувањето на фотоапаратот
- Додавање можност за овозможување или оневозможување на копчето MOVIE (Филм)
- Додадавање поставки за изложеност при фотографирање на држач (три рамки /1.0EV,2.0EV, 3.0EV)
- Подобрување на реакцијата за прикажување слика во автоматско прегледување.
- Подобрување на квалитетот на сликата кога се користат широкоаголни леќи
- Подобрување на укажувањето кога се поставува "Flexible Spot".
Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:
Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.03 или понова, не е потребно ажурирање.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниве верзии на Macintosh:
- Mac OS X верзија 10.5 ~ 10.10
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
- Процесор: процесор Intel*
* повеќе не се поддржани процесорите Core Solo и Core Duo. - Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
- РАМ: 512 МБ или повеќе
Забелешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот. - Извор на енергија за фотоапаратот
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
или
Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)
Забелешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува
(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
- УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Преземи
Важни забелешки:
- Кога вршите надградба на фирмверот, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
- Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
- Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
- Кога користите објектив со A-mount со адаптер за поставување LA-EA2 (се продава посебно) и ја поставувате функцијата [AF Micro Adj.] за користење, регистрираната вредност ќе се постави повторно.
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- After Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_NEX7NV103.dmg] 60.0 MB (63.000.269 bytes).
- Зачувајте ја датотеката во компјутерот.
Инсталирај
надградете го фирмверот на фотоапаратот
- Кликнете двапати на датотеката [Update_NEX7V103.dmg] што сте ја презеле. Сѐ уште не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
- Кликнете двапати на иконата [Update_NEX7V103] што се наоѓа на работната површина.
- Кликнете двапати на иконата [Firmware Updater] (Софтвер за ажурирање на фирмверот).
- За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка (Слика 2-1)

- Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот).

- Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување). (Слика 3)
Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).
- Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
Белешка: Кога фотоапарато�� е поврзан на компјутерот, ЛЦД-екранот на фотоапаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор. - На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконата
"Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)".
Белешка: Ако
не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор. - Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Слика 4, а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Слика 5.
Белешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката на надградба.
Слика: 4
Слика: 5
- Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 4 и Слика 5, кликнете Next (Следно).
На долниот лев дел ��д екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 6)
Откако ќе го потврдите екранот за Слика 6, кликнете Next (Следно).Next (Следно) [Current version (Тековна верзија] е [верзија 1.xx].
Белешка: Ако на екранот се појави Слика 7, не е потребна надградба. Според пораката, сопрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши)Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
Слика 6: Потребна е надградба
Слика 7: Не е потребна надградба
- Кликнете на иконата
"Safely Remove Hardware" (Отстрани го хардверот безбедно) на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската.
Белешка: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
Белешка: Ако
не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
Слика: 8
- Притиснете го центарот на повеќефункциското тркалце за повторно поставување на фотоапаратот.
Белешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на контролното тркало. Продолжете на следниот чекор.
Слика: 9
Слика: 10 ��
- Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. Слика: 8
- По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Слика 11.
- Кликнете Run за да почне надградбата. За време на надградбата се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
Слика: 11
Белешка: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на надградбата. - Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Слика 12. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
Слика: 12
Кликнете на иконата
"Safely Remove Hardware" (Отстрани го хардверот безбедно)
на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската.
Белешка: Ако
не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор. - Исклучете го УСБ-кабелот. Белешка: Откако ќе заврши ажурирањето, исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата или адаптерот и вклучете го фотоапаратот повторно.

Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 1.03.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.


(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).









