За ова преземање

Ажурирањето е едноставно, а со најновата верзија на фирмверот можете да добиете уште повеќе од фотоапаратот.

  • Датум на издавање: 05/02/2013
  • Име: Update_NEX5NV102.dmg
  • Модели на кои се однесува: NEX-5N
  • Предности и подобрувања:
    • Се применува автоматска компензација на „SELP1650“
    • Ја ажурира верзијата за податоци во RAW-формат
      *По ова ажурирање ќе биде достапна и корекција на подтоците во RAW-формат со софтверот Image Data Converter верзија 4.2 или понова. Најновата верзија на Image Data Converter може да се најде на следнава веб-локација: http://support.d-imaging.sony.co.jp/imsoft/Mac/idc/us.html
    • Додава поставки за изложеност при фотографирање на држач (три рамки /1.0EV, 2.0EV, 3.0EV)
    • Го тера „SELP1650“ да се вовлече веднаш по исклучувањето на фотоапаратот
    • Ја подобрува стабилноста за автоматско фокусирање
    • Подобрен одзив на AF (Автоматски фокус): кога растојанието на субјектот се зголемува енормно.
    • Подобрена стабилност при одредени операции со фотоапаратот:
      • Кога се поставуваат [Lens Compensation: Distortion] "Auto" и [Picture Effect] "Miniature" ��о исто време.
      • Кога се поставува [Exposure Compensation], се подобрува операцијата [Intelligent AF].
  • Оперативен систем на кој се однесува (ОС)
    • Mac OS X верзија 10.5 ~ 10.10
  • Ограничувања: само за употреба со фотоапарати што се продаваат во Европа. Сите модели не се продаваат во сите држави.

Системски побарувања

Вашиот фирмвер може веќе да е ажуриран, особено ако имате најнов модел на фотоапарат New NEX-5N. Ако бројот на верзијата е 1.02 или повисок, не треба да ажурирате.

Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. Во фотоапаратот изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија).
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Ако верзијата на фирмверот NEX-5N е 1.02 или понова, не е потребно ажурирање.

Инсталирај

Што Ви треба

  • Компјутерски хардвер
    • Процесор: Процесор Intel *
      * Процесорите Core Solo и Core Duo не се повеќе поддржани.
    • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
    • РАМ: 512 МБ или повеќе
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно)
      З��белешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW2 (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Како да се уверите дека ажурирањето оди беспрекорно

  • Кога вршите надградба на фирмверот,користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Кога користите објектив со A-mount со адаптер за поставување LA-EA2 (се продава посебно) и ја поставувате функцијата [AF Micro Adj.] за користење, регистрираната вредност ќе се постави повторно.

Преземете го и инсталирајте го ажурирањето

Чекор 1: Преземете го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. After Откако ќе го прочитате од��екувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_NEX5NV102.dmg] (59.2 МБ (62,136,013 бајти)).
  4. Зачувајте ја датотеката во компјутерот.

Чекор 2: Надградете го фирмверот на фотоапаратот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_NEX5NV102.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Кликнете двапати на иконата [Update_NEX5NV102] што се наоѓа на работната површина.
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Програмата за ажурирање на фирмверот) започнува.


    Кликнете за да зголемите


  7. Вклучете го фотоапаратот.
  8. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  9. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со доставениот УСБ-кабел, ЛЦД-екранот на фотоапаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
    Забелешка: Ако ЛЦД-екранот од камерата не се исклучи, обидете се со еден од следниве методи:
    • Исклучете го УСБ-кабелот од камерата и повторно вклучете го.
    • Ако има друг УСБ-приклучок на компјутерот, поврзете го УСБ-кабелот на тој приклучок.
  10. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На екранот од компјутерот ќе се појави следниов прозорец:


    Кликнете за да зголемите


    Истовремено на ЛЦД-екранот од фотоапаратот ќе се појави пораката "Follow computer instructions (Следи ги упатствата од компјутерот" . -Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
  11. Кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од софтверот за ажурирање на фирмверот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето.


    Кликнете за да зголемите


    Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.02 или понова, не е потребно ажурирање. Во овој случај, сопрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
  12. Кликнете Next (Следно), и ќе се појави следниов прозоре��:


    Кликнете за да зголемите


  13. Кликнете Next (Следно) уште еднаш.
  14. Кога ќе се појави пораката Reset camera (Повторно постави го фотоапаратот) на ЛЦД-екранот, притиснете го центарот од контролното тркало за да поставите повторно. - ЛЦД-екранот ќе се исклучи.



  15. Кликнете Next (Следно) ��а прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот.
  16. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави следниов прозорец.


    Кликнете за да зголемите


  17. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето ќе се прикаже лентата за напредок (околу 5 минути). -не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.
  18. Кога ќе заврши ажурирањето, ќе се појави следниов прозорец. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.


    Кликнете за да зголемите


  19. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на фотоапаратот е верзија 1.02.

  1. Во фотоапаратот изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија).
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.