За ова преземање

За оваа надградба (15/12/2011 г.)

Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.

Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди надградба на фирмверот за заменливите објективи за дигиталниот фотоапарат NEX-C3. Ве молиме видете во делот "Преземање и инсталација" на оваа страница за тоа како да ја преземете и инсталирате надградбата.

Важно:

Ако имате некаков проблем со надградбата на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony



Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.

  • If the firmware version of NEX-C3 is Ver.02 or later, the upgrade is not required.
  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Модели на кои се однесува

  • NEX-C3 со фирмвер Ver.01 (Верзија 01)

Подобрувања

Оваа услужна програма го надградува фирмверот NEX-C3 на верзија 02 и ги обезбедува следниве предности:

  • Компатибилност со адаптер за монтирање "LA-EA2".


Забелешка: "Функциите Face Detection (Препознавање лице)" и "Smile Shutter (Бленда со функција за насмевка)" не работат кога го користите адаптерот за монтирање "LA-EA2".

Системски побарувања

  • Компјутерски хардвер
    • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
    • РАМ: 512 МБ или повеќе
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)

      Забелешка: Може да се изврши надградба само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Инсталирај

Важни забелешки:

  • Кога вршите надградба на фирмверот, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на надградбата затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.

Чекор 1: преземете го софтверот за надградба на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. After Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [NEX-C3V2_Update1112a.exe] (75.0МБ (78 705 232 бајти)).
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).

Чекор 2: надградете го фирмверот на Вашиот фотоапарат

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [NEX-C3V2_Update1112a.exe] којашто сте ја презеле за да го стартувате софтверот за ажурирање на фирмверот.


    Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот).

  3. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  4. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
    Забелешка: Кога фотоапаратот е поврзан на компјутерот, ЛЦД-екранот на фотоапаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
  5. На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконата "Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)".
    Забелешка: Ако не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
  6. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Слика 1, а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Слика 2.
    Забелешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката на надградба.

    Слика 1


    Слика 2


  7. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по надградбата. (Слика 3)
  8. Откако ќе го потврдите екранот за Слика 3, кликнете Next (Следно).
    Забелешка: Current version (Тековна верзија) треба да биде Ver.1 (Верзија 1).
    Ако на екранот се појави Слика 4, не е потребна надградба. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

    Слика 3: Потребна е надградба


    Слика 4: Не е потребна надградба


  9. Кликнете на иконата "Safely Remove Hardware (Отстранете го хардверот безбедно)" на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската како што е прикажано на слика 5 .
    Забелешка: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
    Забелешка: Ако не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
    Слика 5


  10. Притиснете го центарот на повеќефункциското тркалце за повторно поставување на фотоапаратот.


    Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на контролното тркало. Продолжете на следниот чекор.

  11. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот.
  12. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Слика 6.
  13. Кликнете Run за да почне надградбата. За време на надградбата се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
    Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на надградбата.

    Слика 6


  14. Кога ќе заврши надградбата, се појавува екранот за Слика 7. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.

    Слика 7


  15. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 0.2.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Чекор 4: Преземете ги упатствата кои ги опишуваат новите достапни функции и како да ги користите.

Сите нови функции објаснети во упатствата подолу се вклучени во оваа надградба на фирмверот (верзија 02).

Информации за датотеката

Име на датотека

  • NEX-C3V2_Update1112a.exe

Големина на датотека

  • -