Надградба на фирмверот за NEX-C3 (Мекинтош)
За ова преземање
За оваа надградба (15/12/2011 г.)
Ви благодариме за постојаниот интерес за производите на Sony.
Sony секогаш се грижи за квалитетот и задоволството на корисниците, па затоа нуди надградба на фирмверот за заменливите објективи за дигиталниот фотоапарат NEX-C3. Ве молиме видете во делот "Преземање и инсталација" на оваа страница за тоа како да ја преземете и инсталирате надградбата.
Важно:
Ако имате некаков проблем со надградбата на фирмверот, Ве молиме контактирајте со Sony
Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:
Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
- If the firmware version of NEX-C3 is Ver.02 or later, the upgrade is not required.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.
Модели на кои се однесува
- NEX-C3 со фирмвер Ver.02 (Верзија 02) или постара
Подобрувања
Оваа услужна програма го надградува фирмверот NEX-C3 на верзија 02 и ги обезбедува следниве предности:
- Компатибилност со адаптер за монтирање "LA-EA2".
Забелешка: "Функциите Face Detection (Препознавање лице)" и "Smile Shutter (Бленда со функција за насмевка)" не работат кога го користите адаптерот за монтирање "LA-EA2".
Системски побарувања
- Компјутерски хардвер
- CPU: Intel processor
- Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
- РАМ: 256 МБ или повеќе
- Извор на енергија за фотоапаратот
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
или
Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)
Забелешка: Може да се изврши надградба само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
- УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.
Инсталирај
Важни забелешки:
- Кога вршите надградба на фирмверот, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
- Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на надградбата затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
- Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
Чекор 1: преземете го софтверот за надградба на фирмверот
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- After Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
- Ќе започне преземањето на датотеката [NEX-C3V2_Update1112a.dmg] (76,3 МБ (76.291.491 бајти)).
- Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).
Чекор 2: надградете го фирмверот на Вашиот фотоапарат
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
- Кликнете двапати на преземената датотека [NEX-C3V2_Update1112a.dmg]. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
- Кликнете двапати на иконата [NEX-C3V2_Update1112a] што се наоѓа на работната површина.
- Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
- За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.
- Firmware Updater (Програмата за ажурирање на фирмверот) започнува.
- Вклучете го фотоапаратот.
- Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување). - Извадете ја мемориската картичка од фотоапаратот ако претходно не сте ја извадиле.
- Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.
Забелешка: Кога фотоапаратот е поврзан на компјутерот, ЛЦД-екранот на фотоапаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
Ако ЛЦД-екранот од фотоапаратот не се исклучи, обидете се со еден од следниве методи:- Исклучете го УСБ-кабелот од апаратот и повторно вклучете го.
- Ако има друг УСБ-приклучок на компјутерот, поврзете го УСБ-кабелот на тој приклучок.
- Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Слика 1, а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Слика 2.
Забелешка: Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката на надградба.
Слика 1
Слика 2 - Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по надградбата. (Слика 3)
- Откако ќе потврдите дека Current version (Тековна верзија) е Ver.1 (Верзија 1), клинете Next (Следно).
Ако Current version (Тековна верзија) е Ver.2 (Верзија 2), не е потребна надградба. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
Слика 3 - Се појавува екранот за слика 4.
Слика 4 - Притиснете го центарот на повеќефункциското тркалце за повторно поставување на фотоапаратот.
Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на контролното тркало. Продолжете на следниот чекор. - Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот.
- По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Слика 5.
- Кликнете Run за да почне надградбата. За време на надградбата се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
Забелешка: никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на надградбата.
Слика 5 - Кога ќе заврши надградбата, се појавува екранот за Слика 6. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
Слика 6 - Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
Чекор 3: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 0.2.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.
Чекор 4: Преземете ги упатствата кои ги опишуваат новите достапни функции и како да ги користите.
Сите нови функции објаснети во упатствата подолу се вклучени во оваа надградба на фирмверот (верзија 02).
Информации за датотеката
Име на датотека
- NEX-C3V2_Update1112a.dmg
Големина на датотека
- -