Ажурирање за системски софтвер верз.3.20 за ILCE-7S (Windows)
Ги оптимизира перформансите на објективот SEL70200GM
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- ILCE-7S
За ова преземање
- Име: Системски софтвер верз.3.20 за ILCE-7S (Windows)
- Датум на издавање: 26/07/2016
- Предности и подобрувања:
Ги оптимизира перформансите на објективот SEL70200GM
Потврдете ја верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат
Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на системскиот софтвер е вер.3.20 или понова, не е потребно ажурирање.
- Изберете Menu (Мени) --> Setup subpage 6 (Поставување подредена страница 6) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
- Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.

Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер на објективот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
- Windows® 10
- Windows® 8.1
- Windows® 7 SP1
- Windows® Vista* SP2
Забелешка:
*Не е поддржана верзијата Starter.
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
- Простор на хард диск: 300 МБ или повеќе
- RAM: 512 МБ или повеќе
Забелешка: Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер. - Извор на енергија за фотоапаратот
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)

Забелешка: Ажурирањето може да се изврши само кога преостанатото ниво на батеријата е
(три црти) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).
- Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)
- USB-кабел доставен со фотоапаратот

Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.
Преземи
- Кога го изведувате ажурирањето на системскиот софтвер, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или AC адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
- Не отстранувајте ја батеријата или AC адаптерот додека трае ажурирањето. Во спротивно, фотоапаратот може да не работи поради ненадејно исклучување на енергијата.
- Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот однапред.
- Однапред спречете го компјутерот да помине во режим на спиење.
- Не поврзувајте се на други апарати освен на вашиот компјутер.
Преземете го Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер).
- Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
- Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download] (Преземи) подолу.
- Ќе започне преземањето на датотеката [Update_ILCE7SV320.exe].
- Зачувајте ја датотеката во компјутерот.
Напомена за корисниците на Windows 8.1/10:
Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката Работна површина од почетниот екран и најдете ја преземената датотека во папката Преземања користејќи го Explorer.
Инсталирај
- Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
Кликнете двапати на преземената датотека [Update_ILCE7SV320.exe] за да го стартувате Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер). Се појавува прозорецот Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер) .
Според упатствата во прозорецот на Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер), изберете на фото апаратот Menu (Мени) --> Setup Subpage 4 (Поставување подредена страница 4) --> USB Connection (USB-врска) и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно складирање) .
Ако е избран друг режим освен Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage (Масовно складирање).
- Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел.
Забелешка:Кога фото апаратот е поврзан на компјутерот, LCD-екранот на фото апаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
Ако компјутерот не може да го пронајде фото апаратот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката „Could not find the camera for this update“. (Не може да се најде фото апаратот за ова ажурирање). Ве молиме обидете се со следново:- Исклучете го УСБ-кабелот од фото апаратот и повторно вклучете го.
- Ако има друг УСБ-приклучок на компјутерот, поврзете го УСБ-кабелот на тој приклучок.
Потврдете дека
се прикажува на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот.Забелешка:Ако
не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете [Next] (Следно) на прозорецот на Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер). На прозорецот од Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер) се појавува Слика 1, а на LCD-екранот од фото апаратот се појавува Слика 2.
Забелешка:Отсега па натаму, не исклучувајте го фото апаратот додека не заврши ажурирањето на системскиот софтвер.
Слика 1
Слика 2
- Кликнете Next (Следно) во прозорецот на Firmware Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. Ако верзијата на системскиот софтвер е верзија 3.20 или понова, не е потребно ажурирање. Во овој случај, сопрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете го комплетот батерии и/или AC адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го AC адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
Update is required
Update is not required
Кликнете
на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да го запрете поврзувањето со USB.
Забелешка: USB-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете USB-врската на компјутерот со горенаведената операција. Ако
не се прикажува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
Притиснете во средината на контролното тркалце за да се изврши.
Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на контролното тркалце. продолжете на следниот чекор.
Кликнете [Next] (Следно) на прозорецот од Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер). 
По ресетирањето, ќе се потврди повторното поврзување на фото апаратот и ќе се појави екранот подолу. Кликнете [Run] (Изврши) за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (ова ќе потрае околу 15 минути).Забелешка: никогаш не исклучувајте го фото апаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето. 
- Кога ажурирањето е завршено, фотоапаратот ќе се рестартира автоматски.
Може да потрае неколку минути додека се престартува. Проверете дали е вклучен фотоапаратот и почекајте додека повторно не се појави LCD-екранот.Кликнете [Finish] (Заврши) кога ќе се прикаже LCD-екранот. 
Забелешка:По автоматското престартување на фото апаратот, можно е да се појави екран за обновување. Додека е прикажан, не исклучувајте го USB-кабелот. А по завршување на обновувањето, фото апаратот може да се исклучи автоматски. Но, ажурирањето е завршено. 
- Click
on the task tray at the lower right corner of the computer screen to stop the USB connection.
Note: If
is not displayed on the task tray, Please proceed to the next step. - Disconnect the USB cable.
Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат вер. 3.20.
- На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) --> Setup subpage 6 (Поставување подредена страница 6) --> Version (Верзија).
- Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.



(три црти) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).











