Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • ILCE-7S

За ова преземање

  • Име: Системски софтвер верз.3.20 за ILCE-7S (Mac)
  • Датум на издавање: 26/07/2016
  • Предности и подобрувања:
    • Ги оптимизира перформансите на објективот SEL70200GM

Потврдете ја верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на системскиот софтвер е вер.3.20 или понова, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup subpage 6 (Поставување подредена страница 6) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следните верзии на Mac:
  • Mac OS X v.10.10 - 10.11 / macOS 10.12-10.13*

    *Важно:
    За macOS 10.13, проверете дали е инсталиран „DriverLoader_1013“ пред да го ажурирате софтверот.

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
  • Процесор: Процесор Intel*
    * Процесорите Core Solo и Core Duo веќе не се поддржани.
  • Простор на хард диск: 300 МБ или повеќе
  • RAM: 512 МБ или повеќе
    Забелешка: Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)

      Забелешка: Ажурирањето може да се изврши само кога преостанатото ниво на батеријата е (три црти) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW2 (се продава посебно).
  • USB-кабел доставен со фотоапаратот

    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.

Преземи

  • Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер, користете целосно наполнет комплет со батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
  • Не отстранувајте ја батеријата или AC адаптерот додека трае ажурирањето. Во спротивно, фотоапаратот може да не работи поради ненадејно исклучување на енергијата.
  • Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот однапред.
  • Однапред спречете го компјутерот да помине во режим на спиење, бидејќи се потребни приближно 15 минути да се изведе ажурирањето на системскиот софтвер. За повеќе детали како да го направите ова, обратете се до произведувачот.
  • Не избирајте ја опцијата About This Firmware Updater (За програмата за ажурирање фирмвер) од менито Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер). Тоа може да предизвика пад на софтверот на програмата за ажурирање, особено во тек на ажурирањето.

Преземете го Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер)

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download] (Преземи) подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_ILCE7SV320.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката во компјутерот.

Инсталирај

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_ILCE7SV320.dmg] што сте ја презеле. - Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Кликнете двапати на иконата [Update_ILCE7V320] што се наоѓа на работната површина.
  4. Кликнете двапати на иконата [Firmware Updater] (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Програмата за ажурирање фирмвер) започнува.



  7. Вклучете го фотоапаратот.
  8. Според упатствата во прозорецот на Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер), изберете на фото апаратот Menu (Мени) --> Setup subpage 4 (Поставување подредена страница 4) --> USB Connection (USB-врска) и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно складирање).
    Ако е избран друг режим освен Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage (Масовно складирање).



  9. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел.
    Забелешка: Кога фото апаратот е поврзан на компјутерот, LCD-екранот на фото апаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
    Ако LCD-екранот од камерата не се исклучи, обидете се со еден од следниве методи.
    • Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
    • Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
  10. Кликнете [Next] (Следно) на прозорецот од Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер). На прозорецот од Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер) се појавува Слика 1, а на LCD-екранот од фото апаратот се појавува Слика 2.
    Забелешка: Отсега па натаму, не исклучувајте го фото апаратот додека не заврши ажурирањето на системскиот софтвер.
    Слика 1


    Слика 2


  11. Откако ќе ги потврдите екраните на Слика 1 и Слика 2, кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. Ако верзијата на системскиот софтвер е верзија 3.20 или понова, не е потребно ажурирање. Во овој случај, сопрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете го комплетот батерии и/или AC адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го AC адаптерот и вклучете го фотоапаратот.


  12. Потребно е ажурирање


    Не е потребно ажурирање


  13. Кликнете Next (Следно). Ќе се појави следниот екран.


  14. Притиснете во средината на контролното тркалце за да се изврши.
    Забелешка: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне центарот на контролното тркалце. Продолжете на следниот чекор.



  15. Кликнете [Next] (Следно) на прозорецот од Firmware Updater (Програма за ажурирање фирмвер).



  16. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фото апаратот и ќе се појави екранот на Слика 3.
  17. Кликнете [Run] (Изврши) за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (ова ќе потрае околу 15 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фото апаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.

    Слика 3


  18. Кога ажурирањето е завршено, фото апаратот ќе се престартува автоматски. Може да потрае неколку минути додека се престартува. Проверете дали е исклучен фото апаратот и почекајте додека повторно не се појави LCD-екранот. Кликнете [Finish] (Заврши) кога ќе се прикаже LCD-екранот.


    Забелешка: По автоматското престартување на фото апаратот, можно е да се појави екран за обновување. Додека е прикажан, не исклучувајте го USB-кабелот. А по завршување на обновувањето, фото апаратот може да се исклучи автоматски. Но, ажурирањето е завршено.

  19. Исклучете го USB-кабелот.

Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат вер. 3.20.

  1. На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) --> Setup subpage 6 (Поставување подредена страница 6) --> Version (Верзија).
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.