ПОЧЕКАЈТЕ – Прочитајте го делот Потребни датотеки пред да ја преземете оваа датотека.

Required Downloads (Потребни преземања)

Освен ако не е наведено поинаку, датотеката што е наведена подолу мора да се инсталира ПРЕД Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на ILCE-7RM3 верзија 3.10 (Mac) за да може да функционира правилно. Ако се наведени повеќе од една потребна датотека, инсталирајте ги според редоследот што е даден на оваа страница.

Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • ILCE-7RM3

За ова преземање

Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање

  • Ја додава функцијата „External Flash Set“ (Поставување надворешен блиц):
    Оваа функција ви овозможува да ги конфигурирате поставувањата на поставен блиц или безжичен радио управувач (двата се продаваат посебно) директно од фотоапаратот.

    Компатибилни модели на блиц

    • HVL-F60RM (со верзија на фирмвер за блицот 2.00 или понова)
    • HVL-F45RM (со верзија на фирмвер за блицот 2.00 или понова)

    Компатибилен безжичен радио управувач:

    • FA-WRC1M (со верзија на фирмвер 3.00 или понова)

    *Погледнете го HelpGuide (Водичот за помош) за повеќе информации:

  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот

Претходни придобивки и подобрувања

Во ова ажурирање се вклучени и следниве придобивки и подобрувања

v3.01 (16.5.2019 г.)
  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот
v3.00 (11.4.2019 г.)
  • Ја додава функцијата Eye AF (Поставување AF на око) во реално време за животни [1]
  • Овозможува да се користи функцијата Eye AF (Поставување AF на око) во реално време со притискање на копчето за блендата до половина или со притискање на копчето AF-ON
  • Дополнување на функцијата за интервално снимање
  • Ја овозможува работата на безжичниот далечински управувач RMT-P1BT
  • Други подобрувања:
    • [MENU] (Мени) може да се додели како приспособено копче
    • Користење на картичката [MENU] (Мени) со копчето Fn
  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот

  • [1]
  • Не е можно да се откријат очи на луѓе и на животни истовремено.
  • Откривањето око може да не е можно во зависност од околината, типот на животното или движењето на животното.
v2.10 (18-12-2018)
  • Го подобрува следново:
    • Во ретки случаи, камерата може да престане да функционира додека се запишуваат RAW-податоци на SD-картичка што веќе била користена повеќе пати
      Забелешки:
      • Ова може да предизвика дефекти во датотеките коишто управуваат со сликите, спречувајќи ги сликите да се прикажат на фотоапаратот.
      • Податоците за сликите на мемориската картичка нема да бидат оштетени или избришани, освен податоците што се запишувале во моментот кога настанал прекинот.
    • Фотографирањето додека се користи функцијата Auto Review (Автоматски преглед) може понекогаш да предизвика камерата да престане да реагира
  • Го поправа проблемот што е предизвикан од одредена мемориска картичка од друг производител, што нема да биде препознаена од фотоапаратите од Sony
v2.00 (10-10-2018)
    Поддршка на „SEL400F28GM“ и „SEL24F14GM“:
    • Оптимизација на перформансите за оптичка стабилизација на сликата покрај новиот режим за стабилизација на слика на објективот (Режим 3) (Само „SEL400F28GM“)
    • Додавање на Function Ring(Lens) [Прстен за функции(Објектив)] во менито
      Забелешка: За објектив SEL400F28GM, поставката APS-C S35/Full Frame Sel. (Избор на целосен кадар) може да се додели во Function Ring (Прстен за функции) покрај Power Focus (Моќно фокусирање).
    • Додавање на поставувањето [Aperture Drive in AF] (Погон на решетка во AF) во менито
      *При користењето на објективот „SEL400F28GM“ или „SEL24F14GM“, кога ќе се избере [Silent priority] (Приоритет: Тивко), звукот од погонот на решетката ќе се намали. Ова е користи во услови на фотографирање каде што шумот на фотоапаратот
      треба да биде на минимум. Имајте предвид дека Автоматскиот фокус може да биде побавен кога ќе се избере [Silent priority] (Приоритет: Тивко).
    Нови карактеристики:
    • [AF Track Sens] (Следење AF) може да се додели како приспособено копче
    • Кога се користи со адаптер за монтирање LA-EA3, поддржани се сите области на фокусирање
      Забелешка: Додадени опции за Focus Area (Области на фокусирање): Zone (Зона), Expand Flexible Spot (Прошири флексибилна точка) и Lock-on AF (Заклучи на AF).
      Фотографирањето ист предмет со различни поставувања сега е достапно кога [File Format] (Тип датотека) е поставено на [RAW] или [RAW & JPEG] и [RAW File Type] (Тип датотеки RAW) е поставен на [Uncompressed] (Некомпресирани).
    Други подобрувања:
    • Подобрување на перформансите и целосната стабилност на фотоапаратот
    • Подобра репродукција на градацијата на слики RAW
      Забелешка: Софтверот Imaging Edge треба да се ажурира за да може да го користи подобрувањето на обработката на RAW.
    • Кога фотографирате со блиц во околина во која има извор на светлина што трепка, стабилноста на експозицијата е подобрена
    • Подобрување на управување со повеќекратни слики како група
      *Погледнете го HelpGuide (Водичот за помош) за користење на ажурираната функција.
v1.10 (08-05-2018)
  • Нова опција Interval (Интервал) сега може да се избере за Pixel Shift Multi Shooting (Повеќекратно фотографирање со промена на точки): Опцијата [On: Shooting Interval 0.5sec] (Вклучено: Интервал за фотографирање од 0,5 сек.) е додадена во менито
    *Кога фотоапаратот е поврзан со компјутер, користете ја најновата верзија (1.2 или понова) од софтверот Imaging Edge.
    *Кога користите објектив со А-приклучок преку адаптер за објектив (LA-EA1/ LA-EA2/ LA-EA3/ LA-EA4), интервалот може да биде малку подолг.
  • Фотографирањето ист предмет со различни поставувања сега е достапно при Silent Shooting (Тивко фотографирање) со некомпресирани RAW-датотеки
  • Го подобрува највисокото ниво на приказ за фотографирање со S-Log
  • Ја подобрува функцијата Eye AF, којашто не работеше правилно во одредени случаи
  • Го поправа проблемот каде што [Viewfinder Brightness] (Осветленост на визирот) не се одразуваше правилно во поставувањето [Manual] (Рачно)
v1.01 (11-12-2017)
  • Ги решава случаите каде што функцијата „Set File Name“ (Поставете го името на датотеката) не работи правилно
  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на ILCE-7RM3 верзија 3.10 (Mac)

Верзија на датотека

  • 3.10

Големина на датотека

  • 305.2 МБ (305.197.215 бајти)

Датум на издавање

  • 17-12-2019

Подготовка

Проверете ја верзијата на системски софтвер

Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е 3.10, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) → Setup subpage [7] (Поставување подредена страница [7]) → Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.

    Верзија на системскиот софтвер

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следните верзии на Mac:

  • macOS 10.13 – 10.15

    Важно:
    За macOS 11 – 12, проверете дали е инсталиран "System Software Update Helper" пред да го ажурирате софтверот.

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:

  • Простор на хард диск: 600 МБ или повеќе
  • RAM: 512 МБ или повеќе
    Забелешка: Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.

Друг хардвер

  • Извор на енергија за фотоапаратот
    Целосно наполнет комплет со батерија на полнење NP-FZ100.
    Забелешка: Ажурирањето може да се изврши само кога нивото на напојување од батеријата е Ниво на напојување од батеријата (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија. Откачете ја вертикалната површина за држење пред да се ажурира системскиот софтвер.
  • USB-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.

Преземање и инсталирање

Важно известување

  • Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.
  • Препорачуваме да користите целосно наполнет комплет со батерија на полнење (NP-FZ100).
  • За време на ажурирањето, не отстранувајте ја батеријата; затоа што ненадејната загуба на напојувањето може да предизвика фотоапаратот да не работи.
  • Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот пред да почнете со постапката за ажурирање.
  • Процесот на ажурирање на системскиот софтвер трае околу 10 минути. Не дозволувајте компјутерот да помине во режим на спиење во овој период.
    Ако компјутерот помине во режим на спиење и ажурирањето се прекине, целиот процес на ажурирање треба да се започне одново.
  • Не отворајте „About This System Software Updater“ (За Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) во менито System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер) затоа што тоа може да предизвика пад на програмата за ажурирање.
  • Не поврзувајте го фотоапаратот со ниту еден друг уред освен со компјутерот.
  • Сѐ уште не поврзувајте ги фотоапаратот и компјутерот

Како да ја преземете апликацијата за ажурирање:

  1. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
  2. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_ILCE7RM3V310.dmg].
  3. Зачувајте ја датотеката на десктопот на компјутерот (препорачано).

Чекор 1: Вклучете ја Програмата за ажурирање

  1. Затворете ги сите програми што се извршуваат на компјутерот во моментот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_ILCE7RM3V310.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фото апаратот во оваа фаза.
    Забелешка: Ако сте го поврзале фотоапаратот со компјутер, прекинете го поврзувањето пред да ја следите постапката.
  3. Се проширува [Update_ILCE7RM3V310.dmg].
  4. Кликнете двапати на иконата Алатка за ажурирање поставки [UpdateSetting Tool] (Алатка за поставување на ажурирањето).
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за администраторска сметка.
    Внесете ги корисничкото име и лозинката

    Откако ќе се прикаже пораката од системот, ќе се прикаже екранот за безбедност и приватност.
    • Ако се прикаже следнава порака пред да се прикаже „Security and Privacy“ (Безбедност и приватност), притиснете го копчето [OK].
      Притиснете го копчето ОК
    • Отворете ја картичката „General“ (Општо) на екранот „Security and Privacy“ (Безбедност и приватност) и дозволете читање на системскиот софтвер „Sony Corporation“.
      Екран за безбедност и приватност
      Забелешка: Ако сте го одобриле тоа во минатото, екранот за безбедност и приватност нема да се прикаже.
    • Ако се побара од вас да го престартувате macOS откако ќе кликнете на копчето [Allow] (Дозволи), престартувајте и вратете се на почетокот од постапката за ажурирање.
    • Ако екранот „Security and Privacy“ (Безбедност и приватност) не исчезне, затворете го прозорецот.
    • Ако и прикажаната порака и екранот „Security and Privacy“ (Безбедност и приватност) не исчезнат, затворете ги двете со копчето [OK].
      Екран Системската наставка е блокирана
  6. Поврзете го фотоапаратот со компјутерот
    • Ќе се прикаже дијалог-рамка за USB-поврзување.
      Поврзете го уредот со компјутерот преку USB-кабелот
    • Поврзете го фотоапаратот со компјутерот преку USB-кабел (доставен). На LCD-екранот од фото апаратот се појавува „USB Mode“ (USB-режим).
      Забелешка: Ако USB-кабелот се поврзе пред да се појави дијалог-рамката во која се бара поврзување преку USB, исклучете го USB-кабелот и започнете повторно од „Чекор 1. Вклучете ја Програмата за ажурирање“
    • Кликнете [OK].Ако се прикаже пораката, затворете ја со користење на копчето [OK].
      Притиснете го копчето ОК
      Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фото апаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето

  7. Програмата за ажурирање на системскиот софтвер ќе започне.
    Алатка за ажурирање на системскиот софтвер
    Забелешка: Ако Програмата за ажурирање на системскиот софтвер не се активира, кликнете двапати на [System Software Updater] (Програма за ажурирање на системскиот софтвер) во папката [Update_ILCE7RM3V310] - [Resources] (Ресурси) за да ја активирате.

  8. Вклучете го фотоапаратот.

  9. Според упатствата во прозорецот на System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер), на фотоапаратот изберете Menu (Мени) → Setup subpage 4 (Потстраница за поставување [4]) → USB Connection (USB-врска) и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно складирање).Ако е избран друг режим освен Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage (Масовно складирање).
    Поставување3 - Масовно складирање

  10. Поврзете го фото апаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел. На LCD-екранот од фото апаратот се појавува „УСБ-режим“.
    Забелешка: Ако компјутерот не може да го пронајде уредот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката „Could not find the camera for this update“. (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Ве молиме обидете се со следново:
    • Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
    • Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.

    Понекогаш, кога фотоапаратот е поврзан со компјутерот со USB-кабел, може да се прикаже порака со која се бара да го престартувате компјутерот.
    Во овој случај, извадете ја батеријата од фотоапаратот, престартувајте го компјутерот и следете ги упатствата од „2. Вклучете ја System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).“

  11. Кликнете [Next] (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат бројот на тековната верзија и бројот на верзијата по ажурирањето.Откако ќе потврдите дека тековната верзија на софтверот е „Ver. 3.01 или постара“, кликнете Next (Следно). Ако верзијата на системскиот софтвер е верзија 3.10 или понова, не е потребно ажурирање.Во овој случај, исклучете го фотоапаратот од компјутерот и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фотоапаратот.
    Потребно е ажурирање
    Броеви на постојната верзија и на ажурираната верзија

    Не е потребно ажурирање
    Не е потребно ажурирање

  12. Фотоапаратот се ресетира автоматски.
    Се прикажува екранот што е прикажан подолу.
    Фотоапаратот се ресетира автоматски
    Забелешка: Иконата Loading (Вчитување) може да не се прикаже во зависност од верзијата на оперативниот систем што ја користите.

  13. Започнете со ажурирање
    По автоматското ресетирање, се прикажува следниов екран и ажурирањето започнува. За време на процесот на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
    Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
    Лента за напредок на ажурирањето

  14. Завршете го ажурирањето
    Откако ажурирањето ќе заврши, фотоапаратот ќе се престартува автоматски. Проверете дали е вклучен фотоапаратот и почекајте додека повторно не се појави LCD-екранот.Кликнете Finish (Заврши) кога ќе се појави LCD-екранот и исклучете го USB-кабелот.
    Кликнете [Finish] (Заврши)
    Забелешка: По престартувањето, понекогаш се прикажува предупредување за обновување на податоци. Тоа е нормално. Почекајте додека исчезне предупредувањето.
    Податоците се обновуваат. Почекајте...

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на вашиот фотоапарат верзија 3.10.

  1. На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) → Setup subpage (Поставување подредена страница) [7] → Version (Верзија)
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.
    Ажурирана верзија на системскиот софтвер

Прашања и одговори

Ажурирањето не е завршено и фотоапаратот

Кога мониторот е црн повеќе од 15 минути, следете ги овие чекори за да ги решите овие проблеми:

  1. Исклучете го USB-кабелот од компјутерот.
  2. Извадете ги батеријата и AC-адаптерот од фотоапаратот, оставете го неколку минути, па повторно ставете ја батеријата или поврзете го AC-адаптерот.
  3. Престартувајте го компјутерот.
  4. Вклучете го фотоапаратот и повторно извршете го процесот на инсталација.