ИД на напис : 00232357 / Последна промена : 19.09.2019

Известување за купувачи што користат PlayMemories Home, Action Cam Movie Creator, MVR Studio и Sony Raw Driver - 19.9.2019 година

    Почитувани и ценети купувачи,

    Од 31 март 2020 година, услугите за преземање за 32-битни верзии за Windows и Mac на PlayMemories Home, Action Cam Movie Creator и MVR Studio, како и на Sony Raw Driver, ќе бидат прекинати.

    За корисници на Windows:

    Следниве услуги за преземање ќе бидат прекинати од 31 март 2020 година:

    • PlayMemories Home (32 бита)
    • Action Cam Movie Creator (32 бита)
    • MVR Studio (32 бита)
    • Sony Raw Driver

    Забелешки:

    • 64-битните верзии за Windows на PlayMemories Home и Action Cam Movie Creator сѐ уште ќе бидат достапни.
    • Ако не сте сигурни дали вашиот компјутер со Windows користи 32-битна или 64-битна архитектура, може да го потврдите така што ќе отворите Windows Explorer, ќе кликнете со десното копче на „This PC“ (Овој компјутер) или „My Computer“ (Мој компјутер) и ќе изберете Properties (Својства). Во System Type (Тип систем), ќе биде назначен 32-битен или 64-битен оперативен систем.

     

    За корисници на Mac:

    Следниве услуги ќе бидат прекинати од 31 март 2020 година:

    • PlayMemories Home (за Mac)
    • Action Cam Movie Creator (за Mac)
    • MVR Studio (за Mac)

    Имајте предвид дека штом ќе го ажурирате оперативниот систем на Mac на macOS 10.15, повеќе нема да може да ги користите PlayMemories Home, Action Cam Movie Creator и MVR Studio.

     

    Најновите оперативни системи (ОС) од Microsoft и Apple ви овозможуваат да пренесувате датотеки од фотоапаратот или камерата на компјутерот без да има потреба од дополнителен софтвер. За други карактеристики што се предложени од овие апликации, препорачуваме да инсталирате Imaging Edge (photography), претходно инсталиран софтвер на вашиот компјутер или друг комерцијално достапен софтвер.

    Се извинуваме за предизвиканите непријатности и ви благодариме за разбирањето.