ИД на напис : 00201025 / Последна промена : 27.06.2019

Внимавајте на фалсификувани батерии на полнење „NP-FZ100“ од Sony

    П1: Што е фалсификувана батерија на полнење NP-FZ100 од Sony?

    О1: Батерија на полнење со многу сличен изглед на батеријата на полнење NP-FZ100 од Sony, што го користи логото на Sony без дозвола.

    П2: Кои се разликите помеѓу фалсификуваните и оригиналните производи? Зошто разликите не се објавени?

    О2: Има многу различни типови на фалсификувани производи и карактеристиките на тие фалсификати постојано се променуваат. Затоа ги немаме објавени разликите. Во моментов, имаме потврдено случај во однос на фалсификуван производ каде што формата на приклучокот за поврзување со фотоапаратот е погрешна (батеријата не се поврзува со фотоапаратот и слично).

    П3: Што да направам ако мојот комплет батерии е фалсификуван?

    О3: Sony не врши замена за оригинални производи и не нуди поддршка за проблеми. Проверете во продавницата каде што сте ги купиле.

    П4: Како можат потрошувачите да ги разликуваат оригиналните од фалсификуваните производи во продавниците? Што треба да направат ако не можат да ја забележат разликата?

    О4: Повеќето фалсификувани производи имаат многу слична амбалажа и сличен изглед со нашите производи, затоа е тешко да се препознае фалсификатот само според изгледот. Проверете во продавницата каде што сте ги купиле.

    П5: Дали фалсификуваните производисе дистрибуирани само во оваа област?

    О5: Фалсификуваните производи се дистрибуирани и во други области.

    П6: Кои се симптомите на примери кои се спомнати на интернет за производи кои не можат да се користат?

    О6: Не можеме да дадеме конечен одговор за точните симптоми, но ова се неколку примери:

       • Не се вклучуваат.

       • Се вклучуваат без предупредување во текот на користењето и податоците не се снимаат правилно.

    • Капацитетот на батеријата е помал од оригиналната батерија.

    П7: Дали има несреќни случаи што се предизвикани од фалсификувани производи?

    О7: Не можеме да дадеме одговори за индивидуални случаи.

    Sony потврди дека се продаваат фалсификувани батерии на полнење „NP-FZ100“ на кои се наоѓа логото од Sony и кои изгледаат многу слично со оригиналната батерија на полнење од Sony.

    Потврдено е дека кога ќе се прицврстат и ќе се користат со фотоапаратот, фалсификуваните производи може да ги предизвикаат следниве проблеми:

    • фотоапаратот не може да се вклучи
    • неочекувано исклучување на фотоапаратот што ќе предизвика податоците да не се снимат правилно.

    Исто така, потврдено е дека на пазарот се дистрибуирани фалсификати со намален капацитет на батеријата во споредба со оригиналните батерии. Користењето фалсификувани батерии значи и опасност од пожар или експлозија.

    Поради тоа, ве советуваме да бидете многу внимателни кога купувате каква било батерија на полнење од Sony, вклучувајќи ја и NP-FZ100 и секогаш бидете сигурни дека не купувате фалсификувана батерија.

    Sony не може да преземе одговорност за грешките на производот што може да настанат поради користење фалсификувани батерии на полнење. Исто така, имајте предвид дека Sony нема да замени фалсификувани производи за оригинални производи и дека нема да поправа никакви фалсификувани производи.

    Sony секогаш препорачува да бидете внимателни во однос на фалсификувани батерии на полнење и препорачуваме да купувате и да користите само оригинални батерии на полнење од Sony.