Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • ILCE-5000

За ова преземање

  • Име:Ажурирање на фирмверот на верзија 1.10 за ILCE-5000 (Mac)
  • Датум на издавање:30/10/2014
  • Предности и подобрувања:
    • Подобрено е времето на вклучување кога се користи апликацијата за фотоапарат "Smart Remote Control" (Паметно далечинско управување) од PlayMemories.

Потврдете ја верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат:

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат.
Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.10 или п��нова, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup (Поставување) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниве верзии на Mac:
  • Mac OS X верзија 10.6 ~ 10.10

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Процесор: процесор Intel*
    * повеќе не се поддржани процесорите Core Solo и Core Duo.
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Забелешка: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
      или
      Адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно)
      Забелешка: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или адаптер за наизменична струја AC-PW20 (се продава посебно).
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

  • Кога вршите надградба на фирмверот,користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или адаптер AC-PW20 (се продава посебно).
  • Не вадете ја батеријата или адаптерот за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Кога користите објектив со A-mount со адаптер за поставување LA-EA2/LA-EA4 (��е продава посебно) и ја поставувате функцијата [AF Micro Adj.] за користење, регистрираната вредност ќе се постави повторно.
  • Ажурирањето на фирмверот трае приближно 15 минути, па затоа спречете го компјутерот да не оди во режим на спиење. Доколку компјутерот влезе во режим на спиење и се прекине ажурирањето, повторете ја целата постапка за ажурирање од почеток.

Преземете го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. After Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_ILCE5000V110.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката во компјутерот.

Инсталирај

Инсталирајте наставка на јадро со апликацијата driverloader

Овој чекор е потребен само ако на компјутерот работи Mac OS X верзија 10.10 (или понова). Во тој случај треба да работи подготвителна апликација пре да се изврши ажурирањето на фирмверот. Ако на Вашиот компјутер работи Mac OS X 10.9 или постара верзија, тогаш не треба да се врши тоа и може да одите директно на следниот чекор "Install the software" (Инсталирај го софтверот).

  1. Преземете ја датотеката DriverLoader [DL100_1411a.dmg]
  2. Кликнете двапати на преземената датотека [DL100_1411a.dmg]. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза
  3. Кликнете двапати на иконата [DL100_1411a] што се наоѓа на работната површина.
  4. Кликнете двапати на иконата [DriverLoader]
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка
Инсталирајте го софтверот
  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_ILCE5000V110.dmg] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Кликнете двапати на иконата [Update_ILCE5000V110] што се наоѓа на работната површина.
  4. Кликнете двапати на иконата [FirmwareUpdater].
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. Firmware Updater (Програмата за ажурирање на фирмверот) започнува.


    Кликнете за да зголемите


  7. Вклучете го фотоапаратот.
  8. Според инструкциите на прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете Menu (Мени) --> Setup Subpage 2 (Поставување) --> USB Connection (УСБ-врска) на фотоапаратот и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно чување).
    Ако е избран друг режим различен од Mass Storage (Масовно чување), изберете Mass Storage (Масовно чување).



  9. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со доставениот УСБ-кабел, ЛЦД-екранот на фотоапаратот се исклучува. Продолжете на следниот чекор.
    Забелешка: Ако ЛЦД-екранот од камерата не се исклучи, обидете се со еден од следниве методи:
    • Исклучете го УСБ-кабелот од камерата и повторно вклучете го.
    • Ако има друг УСБ-приклучок на компјутерот, поврзете го УСБ-кабелот на тој приклучок.
  10. Кликнете Next (Следно) на про��орецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот. На екранот од компјутерот ќе се појави следниов прозорец:


    Кликнете за да зголемите


    Истовремено на ЛЦД-екранот од фотоапаратот ќе се појави пораката "Follow computer instructions (Следи ги упатствата од компјутерот" . -Отсега па натаму, воопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.
  11. Кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од софтверот за ажурирање на фирмверот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето.


    Кликнете за да зголемите


    Ако верзијата на фирмверот е верзија 1.10 или понова, не е потребно ажурирање. Во овој случај, сопрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
  12. Кликнете Next (Следно), и ќе се појави следниов прозорец:


    Кликнете за да зголемите


  13. Кликнете Next (Следно) уште еднаш.
  14. Кога ќе се појави пораката Reset camera (Повторно постави го фотоапаратот) на ЛЦД-екранот, притиснете го центарот од контролното тркало за да поставите повторно. - ЛЦД-екранот ќе се исклучи.



  15. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот.
  16. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави следниов прозорец.


    Кликнете за да зголемите


  17. Кликнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето ќе се прикаже лентата за напредок (околу 15 минути). -не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето.
  18. Кога ќе заврши ажурирањето, ќе се појави следниов прозорец. Кликнете Finish (Заврши) и исклучете го УСБ-кабелот.
    Note: after clicking [Finish], be sure to wait for the camera to turn on again although there may be cases that it takes a few minutes.


    Кликнете за да зголемите


  19. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

Потврдете дека верзијата на фирмверот на фотоапаратот е верзија 1.10.

  1. Во фотоапаратот изберете Menu (Мени) --> Setup Subpage 5 (Поставување) --> Version (Верзија).
  2. Се прикажува верзијата на фирмверот како што е прикажано подолу.