Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • FDR-AX33
  • FDR-AXP33

За ова преземање

  • Име:Ажурирање за системски софтвер верз.1.10 за FDR-AX33 / FDR-AXP33 (Windows)
  • Датум на издавање:26/04/2016 г.
  • Предности и подобрувања
    • Фото апаратот сега може да снима во формат XAVC S, компатибилен со картичките SDHC и SDXC

      *Кога се снимаат филмови во формат XAVC S, потребна е SD-картичка со класа на брзина 10 или UHS-картичка со класа на брзина U1 или побрза. (Кога се снима со брзина од 100 Mbps или повеќе, потребна е UHS-картичка со класа на брзина U3.)
      *Кога се користи мемориска картичка SDHC за снимање филмови во XAVC S за подолг временски период, снимените филмови ќе се делат во датотеки од 4 GB. Поделените датотеки може да се интегрираат во една датотека со користење на PlayMemories Home.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
  • Windows® 10
  • Windows® 8.1
  • Windows® 7 SP1
  • Windows® Vista* SP2

    Забелешки:
    * Не е поддржана верзијата Starter.

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
  • Простор на тврдиот диск: 500 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Забелешка: Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-FV70 или адаптер
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

    Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FV70 или AC адаптер.
  • Не вадете ја батеријата за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување.
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата.
  • Процесот на ажурирање на системскиот софтвер трае околу 15 минути. Препорачуваме да го спречите компјутерот да влезе во режим на спиење или хибернација. Во случај компјутерот да влезе во режим на спиење или хибернација (прекинувајќи го ажурирањето), престартувајте го целиот процес од почеток.

Како да го преземете System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер):

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_FDRAX33NMV110.exe].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

    За корисниците на Windows 8.1 и Windows 10:

    Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.

Инсталирај

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на системскиот софтвер верз.1.10 за FDR-AX33 / FDR-AXP33.

Чекор 1: Активирајте го System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер)

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на преземената датотека [Update_FDRAX33NMV110.exe] за да го стартувате System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).


    Ќе се појави прозорецот на System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).

  3. Вклучете го фото апаратот

    Според упатствата во прозорецот на System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер), изберете на фото апаратот [Menu] (Мени) -> [Setup] (Поставување) -> [USB Connection] (USB-врска) и проверете дали е избрано [Mass Storage] (Масовно складирање).

    Ако е избран друг режим освен [Mass Storage] (Масовно складирање), изберете [Mass Storage] (Масовно складирање).

  4. Откако ќе го потврдите LCD-екранот на фото апаратот, кликнете [Next] (Следно) На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето.

  5. Откако ќе потврдите дека [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.00] (Верзија 1.00), кликнете [Next] (Следно).
    Ако [Current version] (Тековна верзија) е [Ver.1.10] (Верзија 1.10), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фото апаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фото апаратот.

  6. Ќе се појави екранот подолу.


  7. По автоматското ресетирањето, ќе се појави екранот подолу и ажурирањето започнува. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 15 минути).
    Забелешка: никогаш не исклучувајте го фото апаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
  8. Кога ажурирањето е завршено, фото апаратот ќе се рестартира автоматски. Проверете дали е исклуче фото апаратот и почекајте додека повторно не се појави LCD-екранот. Кликнете [Finish] (Заврши) кога ќе се појави LCD-екранот и исклучете го USB-кабелот.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на вашиот фото апарат е верз.1.10.

  1. Изберете [Menu] (Мени) - [Setup] (Поставување) - [General Settings] (Општи поставки) - [Version] (Верзија) на фото апаратот. Ако се прикаже верз.1.10, тогаш верзијата на системскиот софтвер е верз.1.10.