За ова преземање

Digital Voice Player верзија 2.1 е наменет за Windows 98/98 Second Edition, Windows Millennium, Windows 2000 и Windows XP.

Овој софтвер НЕ МОЖЕ да се користи со Windows 95, Windows NT Workstation 4.0. За овие оперативни системи Ве молиме користете го Digital Voice Player верзија 1.2.

Digital Voice Player верзија 2.1 е бесплатен софтвер за специфична намена кој може да ги репродуцира следниве типови датотеки:

  • DVF-датотека (дигитална гласовна датотека/наставка на датотеката: *.dvf)

    DVF-датотека е формат на звучна датотека што се користи за снимање пораки на Sony IC-снимач CD-BP100/BP150.
  • MSV-датотека (гласовна датотека на Memory Stick/наставка на датотеката: *.msv)

    MSV-датотека е формат на звучна датотека што се користи за снимање пораки на IC-снимач ICD-MS1/MS515 на Memory Stick.
  • ICS-датотека (звучна датотека на Sony IC-снимач/наставка на датотеката: *.ics)

    ICS-датотеката е оригинален формат на звучна датотека на Sony што се користи за снимање пораки на IC-снимач ICD-R100.

Вашиот компјутер и системскиот софтвер мора да ги исполнат следниве минимални побарувања:

  • Компјутер: IBM PC/AT и соодветен (Овој софтвер не можете да го користите со Мекинтош.)
  • Процесор: процесор 200 MHz Pentium® или побрз
  • РАМ: 64 МБ или повеќе
  • Простор на тврдиот диск: 20 МБ во зависност од големината и бројот на звучната датотека што ја зачувувате.
  • Звучна картичка: Sound Blaster 16 соодветна
  • Оперативен систем: Microsoft® Windows® 2000 Professional, Windows® Millennium Edition, Windows® 98 или Windows® 98 Second Edition, Windows® XP Professional / Home Edition.

Додадени функции:

  • Во верзијата 2.1 се поддржани Windows XP Professional и XP Home Edition.
  • Компатибилен со датотечниот формат MSV (LPEC) што го креира IC-снимач ICD-MS515 на Memory Stick.
  • Компатибилен со 44.1 kHz WAV-датотека.
  • Поправени се неколку софтверски грешки.

Инсталирај

  • Затворете ги сите апликации.
  • Креирајте нова папка на тврдиот диск за да ја зачувате преземената датотека и именувајте ја DVP.
  • Откако ќе го прочитате откажувањето од одговорност наведено подолу, кликнете Download (Преземи) и преземањето автоматски ќе започне.
  • Зачувајте ја датотеката (DVPsetup21E.exe - 5.243 КБ) во новата папка што ја креиравте.

Постапка за инсталирање

  • Кликнете Start (Старт), а потоа Run.
  • Внесете ја патеката до папката каде што беше преземена датотеката. На пример C:\DVP\DVPsetup21E.exe.
  • Кликнете ОК за да започне инсталирањето и следете ги упатствата на екранот
  • Кога на екранот ќе се прикаже Complete the setup (Завршете го поставувањето), кликнете Finish (Заврши).

Информации за датотеката

Име на датотека

  • DVPsetup.exe

Големина на датотека

  • 5.3 Mb