Digital Voice Player верзија 1.2 за NT Workstation 4.0
За ова преземање
Овој бесплатен софтвер за специфична намена може да ги репродуцира следниве типови датотеки:
- MSV-датотека (гласовна датотека на Memory Stick/наставка на датотеката: *.msv)
MSV-датотека е формат на звучна датотека што се користи за снимање пораки на IC-снимач ICD-MS1 на Memory Stick. - ICS-датотека (звучна датотека на Sony IC-снимач/наставка на датотеката: *.ics) ICS-датотеката е оригинален формат на звучна датотека на Sony што се користи за снимање пораки на IC-снимач ICD-R100.
За да обезбедите дека ниту една друга програма нема да го попречува инсталирањето, зачувајте ја целата работа и затворете ги сите други програми. Лентата со задачи треба да биде празна пред да продолжите.
Вашиот компјутер и системскиот софтвер мора да ги исполнат следниве минимални побарувања:
- IBM PC/AT или соодветен (Овој софтвер не можете да го користите со Мекинтош.)
- Компјутер: IBM PC/AT и соодветен
- Процесор: процесор 200 MHz Pentium® или побрз
- РАМ: 16 МБ или повеќе
- Простор на тврдиот диск: 10 МБ во зависност од големината и бројот на звучната датотека што ја зачувувате
- Звучна картичка: Sound Blaster 16 соодветна
- Оперативен систем: Microsoft Windows® NT Workstation 4.0 (со сервисен пакет 6а или понов)
Инсталирај
- Затворете ги сите апликации.
- Креирајте нова папка на тврдиот диск за да ја зачувате преземената датотека и именувајте ја DVP.
- Откако ќе го прочитате откажувањето од одговорност наведено подолу, кликнете Download (Преземи) и преземањето автоматски ќе започне.
- Зачувајте ја датотеката (DVPlayerNT_E.exe - 3.042 КБ) во новата папка што ја креиравте.
Постапка за инсталирање:
- Одете до локацијата каде што ја презедовте датотеката DVPlayer_E.exe и двапати кликнете на неа.
- На поздравниот екран Welcome6! кликнете Next (Следен).
- Не екранот Select Destination Directory (Изберете целна папка), уверете се дека прикажаната папка за преземање е местото каде што сакате да биде инсталиран Digital Voice Player верзија 1.2 - ако сакате да ја инсталирате алатката во друга папка, а не во прикажаната, кликнете Browse (Прегледај) за да ја наведете локацијата.
- Кликнете Next (Следен) за да продолжите.
- На екранот Ready to Install! (Подготвен за инсталирање!), кликнете Next (Следен) за да започне инсталирањето.
- На екранот Installation Complete (Инсталирањето заврши) кликнете Finish (Заврши).
- Престартувајте го компјутерот. По престартувањето, инсталацијата е завршена.
Информации за датотеката
Име на датотека
- DVPlayNT_E.exe
Големина на датотека
- 3 Mb