За ова преземање

Овој бесплатен софтвер за специфична намена може да ги репродуцира следниве типови датотеки:

  • MSV-датотека (гласовна датотека на Memory Stick/наставка на датотеката: *.msv)

    MSV-датотека е формат на звучна датотека што се користи за снимање пораки на IC-снимач ICD-MS1 на Memory Stick.
  • ICS-датотека (звучна датотека на Sony IC-снимач/наставка на датотеката: *.ics) ICS-датотеката е оригинален формат на звучна датотека на Sony што се користи за снимање пораки на IC-снимач ICD-R100.

За да обезбедите дека ниту една друга програма нема да го попречува инсталирањето, зачувајте ја целата работа и затворете ги сите други програми. Лентата со задачи треба да биде празна пред да продолжите.

Вашиот компјутер и системскиот софтвер мора да ги исполнат следниве минимални побарувања:

  • IBM PC/AT или соодветен (Овој софтвер не можете да го користите со Мекинтош.)
  • Компјутер: IBM PC/AT и соодветен
  • Процесор: процесор 200 MHz Pentium® или побрз
  • РАМ: 16 МБ или повеќе
  • Простор на тврдиот диск: 10 МБ во зависност од големината и бројот на звучната датотека што ја зачувувате
  • Звучна картичка: Sound Blaster 16 соодветна
  • Оперативен систем: Microsoft Windows® NT Workstation 4.0 (со сервисен пакет 6а или понов)

Инсталирај

  • Затворете ги сите апликации.
  • Креирајте нова папка на тврдиот диск за да ја зачувате преземената датотека и именувајте ја DVP.
  • Откако ќе го прочитате откажувањето од одговорност наведено подолу, кликнете Download (Преземи) и преземањето автоматски ќе започне.
  • Зачувајте ја датотеката (DVPlayer_E.exe - 3.179 КБ) во новата папка што ја креиравте.

Постапка за инсталирање:

  1. Одете до локацијата каде што ја презедовте датотеката DVPlayer_E.exe и двапати кликнете на неа.
  2. На поздравниот екран Welcome! кликнете Next (Следен).
  3. Не екранот Select Destination Directory (Изберете целна папка), уверете се дека прикажаната папка за преземање е местото каде што сакате да биде инсталиран Digital Voice Player верзија 1.2 - ако сакате да ја инсталирате алатката во друга папка, а не во прикажаната, кликнете Browse (Прегледај) за да ја наведете локацијата.
  4. Кликнете Next (Следен) за да продолжите.
  5. На екранот Ready to Install! (Подготвен за инсталирање!), кликнете Next (Следен) за да започне инсталирањето.
  6. На екранот Installation Complete (Инсталирањето заврши) кликнете Finish (Заврши).
  7. Престартувајте го компјутерот. По престартувањето, инсталацијата е завршена.

Информации за датотеката

Име на датотека

  • DVPlay_E.exe

Големина на датотека

  • 3.2 Mb