За ова преземање

Sound Organizer ќе го замени Digital Voice Editor

Sony го доставува Digital Voice Editor верзија 3.3.01 што Ви овозможува:

  • Да ги зачувувате пораките снимени во Sony IC-снимачот на тврдиот диск на компјутерот
  • Да ги репродуцирате тие пораки
  • Да ги уредувате тие пораки

Пред го преземете овој софтвер, Ве молиме внимателно прочитајте ги следниве информации:

Ако Вашиот модел не е наведен како компатибилен модел, поврзувањето на Вашиот уред со Vista или Win7 нема да биде поддржано дури nи по надградба на верзија 3.3.01

Име на датотека

  • DVESetup_EN.exe

Големина на датотека

  • 96.12 Mb

Модели на кои се однесува

  • серија ICD-BP
  • серија ICD-MS
  • серија ICD-P
  • серија ICD-PX
  • серија ICD-S
  • серија ICD-ST
  • серија ICD-MX
  • серија ICD-SX
  • серија ICD-BM
  • FS-85USB

Подобрувања

  • Зачувување и додавање снимени пораки:

    Можете да ги зачувате пораките снимени со IC-снимач на тврдиот диск на компјутерот како пораки или папки.
    Исто така, можете да додавате пораки снимени во тврдиот диск на компјутерот во IC-снимач

  • Уредување снимени пораки:

    Можете да поделите една порака на две или да комбинирате најмногу пет пораки во една.

  • Конвертирање датотечен формат:

    Можете да конвертирате датотечен формат на една порака зачувана во компјутерот и да ја зачувате како друга датотека.
    Исто така, можете да конвертирате порака снимена со IC-снимач во МП3-датотека.

  • Функција за режење ЦД [CD Burning Tool for DVE (Алатка за режење ЦД за ДВЕ)]:

    Можете да додавате пораки од прозорецот на Digital Voice Editor или Windows Explorer во прозорецот на CD Burning Tool for DVE (Алатката за режење ЦД на ДВЕ), а потоа да ги режете податоците на CD-R/RW како аудио-ЦД или податочно ЦД.

  • Функција за режење ЦД [CD Burning Tool for DVE (Алатка за режење ЦД за ДВЕ)]:

    Можете да конвертирате музички запис на ЦД во датотечен формат што е соодветен со Digital Voice Editor и потоа да ја зачувате конвертираната датотека на тврдиот диск.

Модификации

  • Ако софтверот „Digital Voice Editor Ver.3.3.01“ поддржува ICD-PX820/PX820M/PX820D/SX750/SX850/SX850D.
  • Извршена е ревизија на почетните информации за да се вклучи во поддршката на Windows 7.

Системски побарувања

Вашиот компјутер и системскиот софтвер мора да ги исполнат следниве минимални побарувања:

Оперативен систем:

  • Microsoft Windows 7Ultimate
  • Microsoft Windows 7 Professional
  • Microsoft Windows 7 Home Premium
  • Microsoft Windows 7Home Basic
  • Microsoft Windows 7 Starter
  • Windows Vista Ultimate (сервисен пакет 1 или понов)
  • Windows Vista Business (сервисен пакет 1 или понов)
  • Windows Vista Home Premium (сервисен пакет 1 или понов)
  • Windows Vista Home Basic (сервисен пакет 1 или понов)
  • Windows 2000 Professional сервисен пакет 4 или понов

Инсталирани

Забелешки:

Други оперативни системи освен горенаведените (како што се Windows 98 / Windows 98SE / Windows Me/ Mac OS или Линукс) не се поддржани.

Поддршка за производи DVE верзија 3.3.01
Оперативен систем на кој се однесува:
Windows 7Windows VistaWindows 2000
32-битна верзија 64-битна верзија 32-битна верзија 64-битна верзија 32-битна верзија 64-битна верзија
серија ICD-BP
серија ICD-MSICD-MS515#
Други модели освен горенаведените####
серија ICD-P/PXICD-P620/P630F/P520/P530F
ICD-PX720
Постари модели освен горенаведените
серија ICD-S
серија ICD-STICD-ST25/ST45
Други модели освен горенаведените
серија ICD-MX
серија ICD-SXICD-SX750/SX850/SX950/SX700
/SX800/SX900/SX68/SX78/SX88/SX67/SX77
Постари модели освен горенаведените
серија ICD-BM##
FS-85USB

забелешки:

Y: Поддржан
N: Не е поддржан
#: Поддржан е кога мемориското стапче приложено со ICD-MS/BM серија или препорачана серија ќе се стави во отворот за мемориско стапче во компјутерот.

  • Компјутер: IBM PC/AT или соодветен
  • Процесор: Windows 2000, Процесор 266MHz Pentium II или побрз
    (За Windows Vista, процесор 800MHz Pentium III или побрз)
    (За Windows 7, процесор 1GHz Pentium III или побрз)
  • РАМ: Windows 2000, 128 МБ или повеќе
    (За Windows Vista, 512 МБ или повеќе)
    (За Windows 7, 1 ГБ [32-битна верзија], 2 ГБ [64-битна верзија] или повеќе).
  • Простор на тврдиот диск: 300 МБ во зависност од големината и бројот на звучните датотеки што ги зачувувате.
  • ЦД-РОМ-уред (За креирање аудио-ЦД или податочно ЦД, потребен е CD-R/RW)
  • Порта: УСБ-порта
  • Звучни картички што се компатибилни со некој од поддржаните оперативни системи на Microsoft Windows
  • Екран: High color (16bit) или повеќе и 800x480 точки или повеќе
  • Интернет-пристап за функцијата Voice Mail (Гласовна пошта) и сервисот со базата на податоци за ЦД

Забелешка: Не се поддржани следниве системи:

  • Оперативни системи што не се наведени погоре
  • Самостојно направени компјутери или оперативни системи.
  • Надградени оперативни системи
  • Околини со повеќе подигнувања
  • Околини со повеќе монитори
  • Не се гарантира секогаш работата на сите компјутери со горенаведените побарувања.

Инсталирај

Пред преземање и инсталирање на "Digital Voice Editor 3.3.01", проверете го следново:

  1. Ако користите Windows 7/Windows Vista


    За да го инсталирате овој софтвер во Windows 7/Windows Vista, Ве молиме најавете се со корисничко има со "Computer Administrators" (Компјутерски администратори) како додавка.

    Кога го инсталирате софтверот во Windows 7/Windows Vista, може да се прикаже дијалог-рамката за Контрола на корисничка сметка (User Account Control) "Do you want to allow the following program to make changes to this computer?" (Дали сакате да дозволите следнава програма да направи промени на компјутерот?) или "A program needs your permission to continue" (На програмата ѝ е потребна Ваша дозвола за да продолжи). Кога ќе ја прифатите пораката, продолжете со инсталирањето.

    Кликнете тука за да ја проверите компатибилноста на Вашиот модел со Windows 7.
    серија BM
    серија P
    серија SX

  2. Ако користите Windows 2000 Professional


    За да го инсталирате овој софтвер во Windows 2000 Professional, Ве молиме најавете се како "Administrators" (Администратори)

    За моделите ICD-P17, ICD-P27, ICD-P28, ICD-P110, ICD-P210, ICD-P320, ICD-P330F, ICD-P520, ICD-P530F, ICD-P620, ICD-P630F:
    [Во случај да го инсталирате софтверот на некоја верзија на Microsoft Windows 7* или 64-битна верзија на Windows Vista, нема да се прикаже дијалог-рамката "ICD-P series Confirmation" (Потврда на серија ICD-P)].
    * Моделите ICD-P17, ICD-P27, ICD-P28, ICD-P110, ICD-P210, ICD-P320 и ICD-P330F не се компатибилни со Windows 7.

    За да зачувате или уредите датотека DVF (TRC) во формат којшто се користи во серијата ICD-P, додека го инсталирате Digital Voice Editor треба да изберете дека ја користите серијата ICD-P.
    Ве молиме изберете Yes (Да)ако се појави дијалог-рамката "ICD-P series Confirmation" (Потврда на серија ICD-P) додека инсталирате.
    Во случај да сте инсталирале, а не сте избрале дека ја користите серијата ICD-P, Ве молиме инсталирајте го Digital Voice Editor повторно и изберете дека ја користите серијата ICD-P.



  3. Ако веќе е инсталирана претходна верзија на Digital Voice Editor


    Ако го инсталирате овој софтвер на компјутер на којшто е инсталиран Digital Voice Editor верзија 1.x/2.x/3.0/3.1/3.2/3.3.00, Ве молиме имајте го предвид следново:

    • Ако е инсталиран Digital Voice Editor верзија 1.x.
      Ве молиме деинсталирајте го* Digital Voice Editor верзија 1.x ако не користите пораки во ics-формат (снимени од ICD-R100/R200).
      Можете да изберете дали да ја деинсталирате или не верзијата 1.x кога го инсталирате Digital Voice Editor 3.3.01

    • Ако е инсталиран Digital Voice Editor верзија 2.x или 3.0
      Digital Voice Editor 3.3 се инсталира откако ќе се деинсталира претходната верзија*.

    • Ако е инсталиран Digital Voice Editor верзија 3.1/ 3.2 /3.3.00.
      Ќе започне инсталирање со пребришување на претходната верзија.
      * Важна забелешка: Ве молиме деинсталирајте ја претходната верзија според постапката што се прикажува додека го инсталирате Digital Voice Editor 3.3.01. Пораката зачувана во компјутерот и/или поставката за опции може да не бидат нормално преземени ако го деинсталирате со помош на функцијата за деинсталација приложена во претходната верзија.

  4. Ако немате заштитна копија на снимените пораки


    Ако снимените пораки се зачувани на компјутерот, препорачуваме да направите заштитна копија на CD-R/RW-диск или на надворешна меморија во случај инсталацијата да не е успешна.

Постапка за преземање

Ве молиме следете ги следниве чекори за да ја преземете датотеката.

  1. Креирајте ја следнава папка за зачувување на преземената датотека на тврдиот диск:податочна единица C: SonyTemp
  2. Преземете ја датотеката DVESetup_EN.exe (96,121 KБ) во папката што ја креиравте во чекор 1 со кликнување на Download (Преземи) на дното од страницата за да започне преземањето. Следете ги упатствата прикажани во дијалог-рамката.
  3. Откако ќе заврши преземањето, во Explorer изберете Views (Прегледи)-Details (Детали) за да ја проверите големината на датотеката. Ако големината на датотеката не е иста со големината наведена погоре, обидете се повторно да ја преземете датотеката.

Постапка за инсталација

Ако преземањето е завршено, Ве молиме следете ги следниве чекори за да го инсталирате софтверот на Windows.

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете Start (Старт) на прозорецот со задачи, а потоа кликнете Run*. Ќе се појави дијалог-рамката Run.
    * Во Windows 7/Windows Vista, кликнете All Programs (Сите програми) - Accessories (Додатоци) - Run за да ја отворите дијалог-рамката Run.
  3. Во дијалог-рамката "Run", внесете C:\SonyTemp\ DVESetup_EN.exe и кликнете OK за да започне инсталирањето.
    (Во овој случај, програмската датотека DVESetup_EN.exe е преземена во папката C:\SonyTemp\ DVESetup_EN.exe)
  4. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите инсталирањето.
  5. Инсталирањето е завршено кога ќе се прикаже пораката "InstallShield Wizard has successfully installed Digital Voice Editor 3." (Волшебникот за инсталирање успешно го инсталира Digital Voice Editor 3.). Кликнете "Finish" (Заврши) и престартувајте го компјутерот.
  6. Проверете дали инсталирањето е успешно завршено: Активирајте го Digital Voice Editor и изберете About Digital Voice Editor (За Digital Voice Editor) во менито Help (Помош).
  7. Потврдете дека прикажаната верзија е Ver.3.3.01.11240

Сите други заштитени трговски марки се заштитени трговски марки на нивните сопственици. На оваа страница не се наведени знаците ® и (TM).

Забелешки



Ве молиме внимателно прочитајте ги следниве известувања. Sony нема да биде одговорен во случај на оштетувања предизвикани од непочитување на долунаведените известувања.

  • Ве молиме следете ја постапката и откако ќе ја преземете, правилно користете ја оваа програма.
  • Околините што се надградби на оригиналниот производител не се поддржани.
  • Можете да го промените режимот на подготвеност/хибернација по Ваша желба во поставувањата на Windows 7/Windows Vista, но не дозволувајте компјутерот да влезе во режим на подготвеност/хибернација додека е активиран Digital Voice Editor.
  • За време на користењето на оваа програма, ние немаме никаква одговорност за директните или индиректните загуби или штети предизвикани од или во врска со неа итн.
  • Оваа програма има заштита на авторски права. Корисникот не може да ја пренесе и копира оваа програма и не може да ја користи надвор од тоа што е дозволено од Sony

Sound Organizer ќе го замени Digital Voice Editor