За ова преземање

Sony би сакал да Ви ја понуди можноста за преземање на најновите надградби за Вашиот DVD-плеер, овозможувајќи Ви ја слободата, да уживате во репродукцијата на најновите формати, кога Вам Ви одговара. Ве молиме да ги прифатите условите, истакнати подолу во клаузулата за одрекување, за да го започнете преземањето и да создадете CD-ROM, за успешно изведување на надградбата на Вашиот DVD-плеер, за читање на најновите достапни DivX верзии.

Предупредување: Доколку не се придржувате кон наведените упатства, постои опасност од оштетување на DVD-плеерот, при што треба да се обратите во Вашиот локален сервисен центар на Sony. За да избегнете такви компликации, внимателно следете ги долунаведените чекори.

Информации за датотеката

Име на датотека

  • hab_ec85.bin

Големина на датотека

  • -

Инсталирај

  1. Преземете ја датотеката со софтверот за надградба на својот компјутер.
  2. Изрежете ја датотеката на неупотребуван CD-R.
    • Сместете ја датотеката за надградба за софтверот директно во коренскиот директориум.
      Не сместувајте го во друга папка.
    • Не режете други датотеки освен оваа, на истиот диск.
    • Не менувајте го името на датотеката.
    • Употребете го датотечниот систем ISO 9660 ниво 1/2 или неговиот проширен формат, Joliet.
    • Режим 1/2/XA
    • Единечна сесија
    • Брзина на режење - спора (на пр., 2х, 4х)
    • Финализирајте го CD-R-от.
  3. Отворете го носачот, вметнете го дискот во плеерот и започнете ја репродукцијата.
  4. Почекајте, додека на екранот не се појави пораката "UPGRADE FILE DETECTED" . Потоа, на екранот ќе се појави "PRESS PLAY TO START" . Притиснете го копчето PLAY.Firmware detected (откриен е фирмвер)
  5. На екранот ќе се појави "COPYING FILE_. Почекајте малку, додека носачот на диск не се отвори автоматски и извадете до дискот.
  6. На екранот, како и на екранот на предната плоча, накусо ќе се појави пораката "UPGRADING" Почекајте 3 или 4 минути и не прекинувајте го процесот на надградба. Важно е да:
    • не го исклучувате плеерот.
    • не ракувате со плеерот или притискате кое било од неговите копчиња.
    • не го затворате носачот на дискот (рачно или со притискање на копчето за отворање/затворање).Firmware detected (откриен е фирмвер)
  7. Носачот на диск ќе се затвори и повторно ќе се појави нормалниот приказ. Сега можете да ракувате со DVD-плеерот. Штом се прикаже опцијата QuickSetup, одберете ја, за да нагодувате.Firmware detected (откриен е фирмвер)
    Firmware detected (откриен е фирмвер)

ЗАБЕЛЕШКИ ЗА КОРИСНИКОТ

Постапки по надградбата

Креирење на надворешни датотеки на превод
  1. Имињата на насловот на филмот и на надворешната датотека на превод, треба да се сменат во исто име.

    На пример:

    ○:sony.avi, sony.srt
    ×:sony.avi, sonysubtitle.srt
    "Во овој пример, avi" е датотеката на DivX-филмот, а "srt" е датотеката на преводот.

  2. Исто така, датотеката на филмот и датотеката на преводот, треба да се сместат во иста папка и да се изрежат на истиот диск.
    (Забелешка: форматот на режење во пакет (Packet Write), не е поддржан)

    Оваа надградба му овозможува на DVD-плеерот да ги чита следните формати на надворешен превод:

    ".srt": SubRip
    ".smi": SAMI Captioning
    ".sub": Micro DVD
    ".sub": SubViewer 2.0
    ".ssa": SubStation Alpha
    ".ass": Напредна SubStation Alpha
    ".txt": TMPlayer, DVD-систем за превод
    Имајте на ум, дека други слични формати не се поддржани.
Менување на фонтот на приказот на DVD-плеерот
  1. Притиснете DISPLAY на далечинскиот управувач, за да го исклучите приказот на контролното мени (Magic Pad).
  2. Притиснете SUBTITLE за да го вклучите преводот.
  3. Повеќепати притиснете SUBTITLE за да го одберете саканиот фонт.
    Фонтот се менува со секое притискање.



Се препознаваат следните фонтови за надворешен превод

CP1250: албански, босански, хрватски, чешки, англиски, германски, унгарски, исландски, ирски, полски, романски, словачки, словенечки
CP1251: бугарски, белоруски, англиски, македонски, молдавски, руски, српски, украински
CP1253: грчки
CP1254: албански, дански, холандски, , англиски, естонски, фински, француски, галски, германски, италијански, курдски (латиница), норвешки, португалски, шпански, шведски, турски

Забелешки

Доколку притиснете SUBTITLE, кога преводот не е компатибилен за репродукција на овој DVD плеер, ќе се појави порака која укажува дека нема снимен превод. Дури и доколку не се појави таква порака, преводот сепак нема да може да се репродуцира.

Додека е вклучено контролното мени, нема да се појави превод. Некои преводи не може да се прикажат, дури и доколку се во датотека со наставката ".srt," ".smi," ".sub," ".ass," ".ssa," или ".txt."

При прикажувањето на преводот постои можност, звукот и сликата да бидат пореметени. Може да се прикажуваат до три реда на превод. Максималниот број на знаци во еден ред е 54.

Unicode фонтови не се поддржани.