Ажурирања за фирмвери за систем за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД - верзија M07.R.0631
Подобрете ја безбедноста на шифрирањетоe
За ова преземање
Ажурирањето е едноставно, а со најновата верзија на фирмверот можете да добиете уште повеќе од Blu-ray-репродукторот.
- Датум на издавање: 02/01/2015
- Име: Ажурирање на фирмвер за систем за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД до верзија M07.R.0631
- Модели на кои се однесува: BDV-E280, BDV-E380, BDV-E780W, BDV-E880, BDV-E980W, BDV-EF200, BDV-L600, BDV-L800(M)
- Предности и подобрувања:
- Подобрете ја безбедноста на шифрирањетоe
- Ограничувања: се користи исклучиво со систем за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД што се продава во Европа. Сите модели не се продаваат во сите држави.
Подготовка
Вашиот фирмвер може веќе да е ажуриран, особено ако имате најнов модел на систем за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД. Ако бројот на верзијата е M07.R.0631 или повисок, не треба да ажурирате.
Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Вклучете го телевизорот и системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД. Проверете дали е приклучен на влезот на којшто е приклучен системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД, па ако репродукторот е приклучен на приклучокот ХДМИ 2, одберете ХДМИ 2 како влез.
- Притискајте неколку пати на копчето "FUNCTION (ФУНКЦИЈА)" додека не се појави функцијата "BD/DVD (БД/ДВД)" на предниот екран.
- Ако започне да репродуцира диск, притиснете STOP (ЗАПРИ) и почекајте додека не го видите екранот од менито од XrossMediaBar (XMB™).
- Во XrossMediaBarTM, означете Setup (Поставување) > System Settings (Системски поставки) , а потоа изберете ENTER (ВНЕСИ) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач.
- Означете System Information (Информации за системот) и изберете ENTER (ВНЕСИ).
- На телевизискиот екран, верзијата на фирмверот изгледа вака: "Software Version M07.R.0631" - ако бројот на верзијата е M07.R.0631 или повисок, веќе ја имате најновата верзија на фирмверот.
Има два лесни начина за ажурирање на фирмверот на системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД:
Ажурирајте со диск за снимање ЦД-Р и компјутер
Ако можете, препорачуваме да користите интернет за ажурирање. Ако не, можете да го користите овој метод наместо интернет. Преземете го ажурирањето на компјутер, изрежете го на празен диск и префрлете го на системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД.
Ги препорачуваме следниве оперативни системи: Windows® Vista®, или Windows® 7.
Како да се уверите дека ажурирањето оди беспрекорно
Ажурирањето обично е многу едноставно. Еве како можете да се уверите дека работи првиот пат:
- Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно можете да го оштетите системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД.
- Не исклучувајте го системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД - или не исклучувајте го од струја додека врши ажурирање.
- Не притискајте ниедно копче, освен копчињата споменати во упатствата.
Преземете го ажурирањето на компјутерот:
- Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите
- Преземете ја датотеката UPDATA_M07R0631.ZIP на компјутерот, но запомнете во која папка ја преземате.
- Најдете ја датотеката во компјутерот, кликнете на десното копче и кликнете Properties (Својства). Проверете дали големината е 70,8 MB (74,277,177 бајти).
Својства на датотеката
Креирајте диск:
- Отпакувајте ја датотеката во компјутерот. Отпакуваните датотеки се именувани MSB07-FW.BIN и MSB07-FW.ID
- Снимете ги датотеките MSB07-FW.BIN и MSB07-FW.ID на празен диск за снимање. Користење на софтвер за режење дискови? Изберете универзален формат на диск УДФ (UDF).
Со користењето формат ISO9660 може да се добие неправилен диск за ажурирање.
Префрлете го ажурирањето на репродукторот
Прво подгответе ја опремата, а потоа префрлете го ажурирањето на репродукторот.
Подгответе ја опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е поставен на влезот на кој е поврзан системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД. (Ако репродукторот е поврзан на приклучок ХДМИ 2, одберете ХДМИ 2 како влез.)
- Вклучете го системот за домашно кино со Blu-ray-диск/ДВД.
- Притискајте неколку пати на копчето "FUNCTION (ФУНКЦИЈА)"додека не се појави функцијата "BD/DVD (БД/ДВД)" на предниот екран - Можете да вршите надградба смао ако е избрана функцијата "BD/DVD (БД/ДВД)". Ако започне да репродуцира диск, притиснете STOP (ЗАПРИ) и почекајте додека не го видите екранот од менито од XrossMediaBar (XMB™).
- Изберете "Quick Start Mode (Режим за брзо стратување)" со далечинскиот управувач - проверете дали "Quick Start Mode (Режим за брзо стратување)" е поставен на "Off (Исклучено)", зашто во спротивно наградбата на фирмверот нема да биде успешна.
- Ставете го дискот во репродукторот и затворете ја фиоката за дискот.
Префрлете го ажурирањето:
- Откако ќе се вчита дискот, на телевизорот ќе се прикаже пораката Perform version update (Да се изврши ажурирање на верзијата)?.
- Изберете OK на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER (ВНЕСИ).
- Ажурирањето започнува.
- За време на ажурирањето, на предниот екран ќе ја видите пораката UPDATING.
- Ажурирањето е завршено кога ќе се појави COMPLETE на екранот од предниот дел. Репродукторот ќе се исклучи автоматски.- Не користете го и не исклучувајте го системот додека не заврши ажурирањето.
- Повторно вклучете го системот.
- Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M07.R.0631, ажурирањето на фирмверот е успешно.
Решавање проблеми
Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД ако користите компјутер и диск.
- На предниот екран наизменично се појавуваат "UPDATE" и "ERROR".
- Исклучете го системот и исклучете го кабелот за наизменична струја.
- Вклучете го системот за домашно кино со Blu-ray-диск/ДВД.
- Извадете го дискот.
- Обидете се повторно со постапката за ажурирање.
Сè уште не работи? Тогаш контактирајте со службата за поддршка на корисници од Sony
- На предниот екран не се прикажува пораката "UPDATING (АЖУРИРАЊЕ)" кога е ставен дискот за ажурирање.
Повторно вклучете го системот, а дискот за надградба нека остане во фиоката. Надградбата треба да започне автоматски. - Енергијата се исклучила додека траеше ажурирањето
Вклучете го репродукторот и задржете го дискот за ажурирање во фиоката. Ажурирањето ќе започне автоматски. - Датотеката за ажурирање UPDATA_M07R0631.ZIP којашто ја презедов од веб-локацијата за ажурирање не може да се отпакува.
Дали успешно ја презедовте датотеката? Обидете се да ја избришете датотеката и повторно да ја преземете. - Ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено
- Исклучете го кабелот од струја, а потоа поврзете го повторно по неколку минути.
- Вклучете го системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД.
- Обидете се повторно со постапката за ажурирање.
Сè уште не работи? Тогаш контактирајте со службата за поддршка на корисници од Sony
Sony домашно аудио и видео : преземања на фирмвер
Го препорачуваме овој метод како наједноставен начин за ажурирање. Обично трае околу 15-30 минути. Прво поставете ја опремата, а потоа преземете го ажурирањето преку интернет на системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД.
Што Ви треба:
- Ќе треба да го поврзете системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД на интернет со помош на Етернет кабел
- активна интернет-врска
- компатибилен телевизор
Како да се уверите дека ажурирањето оди беспрекорно
Ажурирањето обично е многу едноставно. Еве како можете да се уверите дека работи правилно првиот пат:
- Прочитајте ги упатствата внимателно или во спротивно можете да го оштетите системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД.
- Не исклучувајте го системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД - или не исклучувајте го од струја додека врши ажурирање.
- Не притискајте ниедно копче, освен копчињата споменати во упатствата.
Поставување на опремата:
- Вклучете го телевизорот и проверете дали е поставен на влезот на кој е поврзан системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД. (Ако репродукторот е поврзан на приклучок ХДМИ 2, одберете ХДМИ 2 како влез.)
- Поврзете го ЛАН-приклучокот на системот за домашното кино со Blu-ray-диск/ДВД на Вашиот интернет-извор со помош на етернет-кабел.
- Вклучете го системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД - ако има диск во репродукторот, извадете го.
- Притискајте неколку пати на копчето "FUNCTION (ФУНКЦИЈА)"додека не се појави функцијата "BD/DVD (БД/ДВД)" на предниот екран. - Можете да вршите надградба смао ако е избрана функцијата "BD/DVD (БД/ДВД)"
- Во XrossMediaBar TM изберете Setup (Поставување) > System Settings (Поставки на системот) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач и изберете ENTER (ВНЕСИ).
- Изберете "Quick Start Mode (Режим за брзо стратување)" со далечинскиот управувач - проверете дали "Quick Start Mode (Режим за брзо стратување)" е поставен на "Off (Исклучено)", зашто во спротивно наградбата на фирмверот нема да биде успешна.
Земете го ажурирањето:
- Во XrossMediaBar TM изберете Setup (Поставување) > Network Update (Мрежно ажурирање) со помош на копчињата со стрелки на далечинскиот управувач и изберете ENTER (ВНЕСИ).
- На телевизорот се прикажува пораката Perform version update (Да се изврши ажурирање на верзијата)? .
- Изберете OK на далечинскиот управувач, а потоа притиснете ENTER (ВНЕСИ).
- Почнува процесот на преземање и на телевизорот можете да го видите екранот за преземање.
- За време на ажурирањето, на телевизорот ќе ја видите пораката DL */9. * се менува во 0 и оди до 9 за време на процесот на преземање.
- Откако ќе заврши преземањето, започнува ажурирањето.
- За време на ажурирањето, на предниот екран ќе ја видите пораката UPDATING.
- Ажурирањето е завршено кога ќе се појави COMPLETE на екранот од предниот дел. Репродукторот ќе се исклучи автоматски.- Не користете го и не исклучувајте го системот додека не заврши ажурирањето.
- Повторно вклучете го системот.
- Проверете ја верзијата на фирмверот. Ако бројот на верзијата е M07.R.0631, ажурирањето на фирмверот е успешно.
Решавање проблеми
Што да направите ако имате проблеми со ажурирање на фирмверот на системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД преку интернет.
- На предниот екран наизменично се појавуваат "UPDATE" и "ERROR".
- Исклучете го системот и исклучете го кабелот за наизменична струја.
- Вклучете го системот за домашно кино со Blu-ray-диск/ДВД.
- Обидете се повторно да ажурирате. Сè уште не работи? Тогаш контактирајте со службата за поддршка на корисници од Sony
- На телевизорот се прикажува пораката "Connection status cannot be confirmed (Статусот за поврзување не може да се потврди)".
Проблемот може да е во мрежното поврзување.- Проверете дали ЛАН-кабелот е поврзан.
- Во мрежните поставки проверете дали сте потврдиле дали системот за домашно кино со Blu-ray-дискови/ДВД има своја ИП-адреса или не. (Ако користите прокси-сервер, внесете ја ИП-адресата од користениот прокси-сервер наместо името на прокси-серверот-домаќин во полето Proxy Server (Прокси-сервер).
- Обидете се повторно да ажурирате.
- Енергијата се исклучила додека траеше ажурирањето.
Вклучете го репродукторот и обидете се повторно да ажурирате. - Ажурирањето трае повеќе од 30 минути и сè уште не е завршено.