За ова преземање

Овој софтвер Ви овозможува да ја форматирате библиотеката со датотеки во формат ATRAC 3 во МП3 за да можат да се репродуцираат на моделите на WALKMAN што се наведени подолу. Овој софтвер не дозволува конвертирање на датотеки со DRM (ДРМ) (Управување со дигитални права) купени од музичката продавница CONNECT.

Модели на кои се однесува

Системски побарувања

  • Оперативни системи
    • Windows® XP Home Edition (сервисен пакет 2 или понов)
    • Windows® XP Professional (сервисен пакет 2 или понов)
    • Windows® XP Media Center Edition 2004 (сервисен пакет 2 или понов).
    • Windows® XP Media Center Edition 2005 (сервисен пакет 2 или понов).
    • Windows Vista® Home Basic
    • Windows Vista® Home Premium
    • Windows Vista® Business
    • Windows Vista® Ultimate
      Забелешка: Не се поддржани системи со 64-битни верзии или оперативни системи што не се наведени погоре.
  • Компјутер
    • Процесор: Pentium® III 450MHz или побрз
    • Меморија: 128 МБ или повеќе
    • Резолуција на екранот: 800 x 600 пиксели (препорачано 1024x768 пиксели)
    • Боја на екранот: High Color (16bit) или повеќе
    • Не се поддржани самостојно направени компјутери, компјутери со неколку оперативни системи, компјутери со надградени оперативни системи и компјутери со оперативен систем Mac OS.

Инсталирај

  1. Кликнете на копчето "Преземи" подолу за да ја преземете датотеката на компјутерот.
  2. Изберете место на компјутерот каде што сакате да ја зачувате датотеката.
  3. Кога преземањето ќе заврши, уверете се дека сте ги затвориле сите програми, освен интернет-прегледувачот.
    Забелешка: уверете се дека компјутерот не влегува во режимите на исклучување или подготвеност и дека не се исклучува за време на преземањето на датотеката.
    Пред да продолжите со инсталирањето, уверете се дека на Вашиот компјутер е инсталиран безбедносниот модул OpenMG (се инсталира со SonicStage). Ако не е инсталиран, ќе се појави следнава порака:
    Порака за грешка OpenMG Secure Module Missing (Недостасува безбедносниот модул OpenMG)
    За да го решите овој проблем, преземете го и инсталирајте го SonicStage.
  4. Кликнете двапати на MP3Conversiontool.exe и следете ги упатствата на екранот за да го инсталирате софтверот на Вашиот компјутер.

Информации за датотеката

Име на датотека

  • MP3ConversionTool.exe

Големина на датотека

  • 2.81 Mb