Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • FDR-AX700

За ова преземање

Предности и подобрувања

  • Го оптимизира највисокото ниво на приказ за фотографирање со S-Log
  • Дополнително ја подобрува стабилноста при фотографирање на карактеристиката SteadyShot во услови на фотографирање со висока стапка на рамки
  • Ги подобрува целосната стабилност и перформансите на фотоапаратот

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на FDR-AX700 верзија 1.01 (Windows)

Верзија на датотека

  • 1.01

Големина на датотека

  • 178 МБ (187 360 056 бајти)

Датум на издавање

  • 24/07/2018

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
  • Windows® 10
  • Windows® 8.1
  • Windows® 7 SP1

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето за системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
  • Простор на хард диск: 500 MB или повеќе
  • RAM: 512 MB или повеќе
    Забелешка: Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.

Друг хардвер

  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнет комплет со батерија на полнење (NP-FV70A) или наменски AC-адаптер
  • USB-кабел (доставен) кабел од тип A машки во Micro-B машки
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.

Преземи

Важно известување

  • Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер, користете целосно наполнет комплет со батерија на полнење (NP-FV70) или наменски AC-адаптер.
  • Не отстранувајте ја батеријата или AC-адаптерот во текот на ажурирањето. Во спротивно, фотоапаратот може да не работи поради ненадејно исклучување на енергијата.
  • Претходно извадете ја мемориската картичка / мемориската единица за снимање од фотоапаратот.
  • Спречете го компјутерот да помине во режим на спиење.
  • Откако ажурирањето ќе заврши, поставувањето се враќа на основните поставувања поставени во фабриката.

Како да ја преземете апликацијата за ажурирање:

  1. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
  2. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_FDRAX700V101.exe].
  3. Зачувајте ја датотеката на десктопот на компјутерот (препорачано).
Напомена за корисниците на Windows 8.1/10:
Со стандардните поставувања на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања).
Кликнете на сликичката Работна површина од почетниот екран и најдете ја преземената датотека во папката Преземања користејќи го Explorer.

Инсталирај

Чекор 1: Вклучете ја Програмата за ажурирање

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.

  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_FDRAX700V101.exe] што сте ја презеле. Не поврзувајте го фото апаратот во оваа фаза.

  3. System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) се активира.

  4. Вклучете го фотоапаратот.

  5. Поврзете го фото апаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел.
    Забелешка: Ако компјутерот не може да го пронајде фото апаратот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката „Could not find the camera for this update“. (Не може да се најде фото апаратот за ова ажурирање). Ве молиме обидете се со следново:
    • Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
    • Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.

  6. Кликнете [Next] (Следно) во прозорецот на System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).
    Истовремено, на LCD-екранот од фотоапаратот, ќе се појави пораката „Follow instructions on the computer“ (Следете ги упатствата на компјутерот).
    Забелешка: Не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши ажурирањето на системскиот софтвер.

  7. Откако ќе ја потврдите тековната верзија на екранот, кликнете [Next] (Следно).

  8. Фотоапаратот се ресетира автоматски.

  9. По ресетирањето, започнува ажурирањето.
    За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).
    Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фото апаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето


  10. Кога екранот ќе се појави, притиснете го копчето [Finish] (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.
    Забелешка: Откако ажурирањето ќе заврши, поставете ги датумот и времето и вклучете го и исклучете го фотоапаратот.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на уредот е верзија 1.01.

Изберете [Menu] (Мени) - [OTHERS] (ДРУГИ) - [VERSION DISPLAY] (ПРИКАЖУВАЊЕ НА ВЕРЗИЈАТА) на фотоапаратот. Се прикажува верзијата на системскиот софтвер.

Прашања и одговори

Ажурирањето не е завршено и фотоапаратот

Кога мониторот е црн повеќе од 15 минути, следете ги овие чекори за да ги решите овие проблеми:

  1. Исклучете го USB-кабелот од компјутерот.
  2. Извадете ги батеријата и AC-адаптерот од фотоапаратот, оставете го неколку минути, па повторно ставете ја батеријата или поврзете го AC-адаптерот.
  3. Престартувајте го компјутерот.
  4. Вклучете го фотоапаратот и повторно извршете го процесот на инсталација.