Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • NW-A45
  • NW-A45HN
  • NW-A46HN
  • NW-A47

За ова преземање

Предности и подобрувања

  • Додаден е кодекот „aptX HD“ за Bluetooth
  • Подобрени се други функции

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на фирмверот 1.10 за NW-A45 / NW-A45HN / NW-A46HN / NW-A47 (Windows)

Верзија на датотека

  • Верзија 1.10

Големина на датотека

  • 115 MB (120,879,976 бајти)

Датум на издавање

  • 09-11-2017

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Дали треба да го преземам? Ова ажурирање не е неопходно ако Walkman веќе е ажуриран до верзија на фирмверот 1.10 со функцијата за автоматско ажурирање фирмвер.
Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. Допрете ја иконата [Options/Settings] (Опции/Поставки), во долниот десен агол од екранот
  2. Изберете го менито [Settings] (Поставки)
  3. Лизгајте до дното и изберете го менито [Unit Information] (Информации за уредот)
  4. Потврдете ги бројот на моделот и верзијата на фирмверот

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:

  • Windows 10
  • Windows 8.1
  • Windows 7 (сервисен пакет 1 или понов)

ВАЖНО: не е поддржано од оперативни системи освен горенаведените.
ВАЖНО: [Compatibility mode] (Режим на компатибилност) Windows 7 не е поддржан.

Преземи

Пред да надградите

  • По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
  • Префрлете ги сите податоци од единицата на компјутерот, бидејќи податоците што остануваат на единицата може да се изгубат при надградувањето.
    Не можеме да гарантираме дека песните и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање.
  • Кога надградувате, на единицата ѝ требаат околу200 МБ слободен простор. Потврдете дека количината слободнен простор е доволна.
  • Доколку нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци на компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
  • Корисник на Windows 10, корисник на Windows 8.1 или корисник на Windows 7, пораката „Windows needs your permission to continue“ (На Windows му е потребна ваша дозвола за да продолжи) се појавува во дијалог рамката за Контрола на корисничката сметка. Кликнете [Continue] (Продолжи) за да продолжите и следете ги известувањата.

Инсталирај

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

Уверете се дека сте најавени како Администратор на компјутерот

  1. Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите.
  2. Преземете ја датотеката на компјутерот.
  3. Откако ќе заврши преземањето, поврзете го вашиот Walkman на компјутерот преку УСБ-поврзување.
  4. Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
  5. Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
    Не исклучувајте го уредот од компјутерот додека трае надградбата.
  6. Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете на [Finish] (Заврши).

Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно

По ажурирањето, потврдете дека новата верзија се инсталирала успешно со извршување на чекорите во делот [Check the firmware version] (Проверете ја верзијата на фирмверот).

Ако прикажаната верзија на фирмверот е „1.10“, надградбата е успешна.