Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • Објектив: SEL55F18Z
  • Забелешки: Ова ажурирање на системскиот софтвер на објективот е достапно во куќиштето со E-приклучок.
    • Некои модели не може да се искористат за ова ажурирање. (листа на модели)
    • Ако ја користите камерата PXW-FS7M2, тогаш следете ја постапката во прирачникот со инструкции на PXW-FS7M2.

За ова преземање

  • Име: Ажурирање на системскиот софтвер на објективот верз.02 за SEL55F18Z (Windows)
  • Датум на издавање: 04/03/2015
  • Предности и подобрувања
    • Ја обезбедува функцијата „Брзо стартување“.
      • Ова ажурирање на системскиот софтвер на објективот е достапно во куќиштето со E-приклучок.
      • Објективите што се издадени по октомври 2014 година, (вклучувајќи ги објективите SEL1635Z/SELP28135G) ја имаат функцијата „Брзо стартување“.

Потврдете ја верзијата на системскиот софтвер на објективот

Следете ги инструкциите дадени подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер на објективот.

  • Системскиот софтвер на објективот верзија [верз.01] треба да се ажурира.
  • Системски софтвер на објективот верзија [верз.02], не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени)Setup (Поставување) Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Верзијата на системскиот софтвер на објективот се прикажува како што е прикажано подолу.


  3. Ако ја користите серијата QX, активирајте ја програмата за ажурирање на системскиот софтвер на компјутерот и проверете ја верзијата на системскиот софтвер на објективот со извршување на ажурирањето.

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер на објективот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:

  • Windows 10®
  • Windows 8.1®
  • Windows 7® SP1

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер на објективот е компатибилна со следниов хардвер:

  • Простор на хард диск: 200 МБ или повеќе
  • RAM: 512 MB или повеќе
    Забелешка: Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер на објективот.
  • Други ставки за фото апарат со заменлив објектив
    • Извор на енергија за фото апаратот: Целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50
      или AC адаптер AC-PW20 (се продава посебно)

      Забелешка: Ажурирањето може да се изврши само кога преостанатото ниво на батеријата е (три црти) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија или AC адаптер AC-PW20 (се продава посебно). Откачете ја вертикалната површина за држење кога го ажурирате системскиот софтвер на објективот.
    • USB-кабел доставен со фотоапаратот
      Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.
  • Други ставки за фото апарат – Пренос и продукција
    • Извор на енергија за фото апаратот: Наменет AC адаптер
    • USB-кабел

Преземи

Важни забелешки:

  • Ова ажурирање на системскиот софтвер на објективот може да се изведе само кога објективот е прикачен на фото апаратот. Не може да го изведете ажурирањето на системскиот софтвер на објективот со користење на друг фото апарат.
  • Прикачете го објективот на фотоапаратот пред извршување на ажурирањето за системскиот софтвер на објективот. Уверете се дека фотоапаратот е исклучен.
  • Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер на објективот, користете целосно наполнета батерија на полнење NP-FW50 или AC адаптер AC-PW20 (се продава посебно).(за фото апарат со заменлив објектив)
  • Кога вршите ажурирање на системскиот софтвер на објективот, користете го наменетиот AC адаптер.(за фото апарат – Пренос и продукција)
  • Не вадете ја батеријата за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од фотоапаратот
  • Спречете го компјутерот да помине во режим на спиење. Во случај компјутерот да помине во режим на спиење и ажурирањето да се прекине, повторете го целиот процес од почеток.

Како да ја преземете програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот:

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_SEL55F18ZV2D.exe].
  4. Зачувајте ја датотеката на десктопот на компјутерот (препорачано).

    За корисниците на Windows 8.1 и Windows 10:

    Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Десктоп) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.

Инсталирај

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на системскиот софтвер на објективот верз.02 за SEL55F18Z.

Чекор 1: Вклучете ја програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на преземената датотека [Update_SEL55F18ZV2D.exe] за да ја вклучите програмата за за ажурирање на системскиот софтвер.


    Ќе се појави прозорецот на програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот.

  3. Вклучете го фотоапаратот и според упатствата на програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот, изберете на фотоапаратот [Menu] (Мени) -> [Setup] (Поставување) -> [USB Connection] (USB-врска) и проверете дали е избрано [Mass Storage] (Масовно складирање). Ако е избран друг режим освен [Mass Storage] (Масовно складирање), изберете [Mass Storage].

  4. Претходно извадете ја мемориска картичка од фотоапаратот. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел.
    Доколку на екранот на компјутерот се појави порака за грешка, обидете се со еден од следниве методи.
    - Исклучете го USB-кабелот од фото апаратот и повторно вклучете го.
    - Ако има друг USB-приклучок на компјутерот, поврзете го USB-кабелот на тој приклучок.
  5. Потврдете дека се прикажуваат на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот.
    Забелешка: не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
  6. Кликнете Next (Следно) на програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот. Прозорецот на програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот ќе се појави на компјутерот, а на екранот на фотоапаратот ќе се појави „Follow computer instructions.“ (Следете ги упатствата на компјутерот).
    PC:

    Фотоапарат:

    Забелешка: Отсега па натаму, никогаш не исклучувајте го фото апаратот додека не заврши ажурирањето на системскиот софтвер на објективот.
    Промените на екранот може да потраат неколку минути, во зависност од моделот на фото апаратот.

  7. Решавање проблеми:
    • Ако се појави пораката „The update is not available for your model.“ (Ажурирањето не е достапно за вашиот модел.), проверете дали датотеката на системскиот софтвер што се обидувате да ја инсталирате е правилната датотека за објективот што е прикачен на фотоапаратот.
      Во случај да е активирана правилната програма за ажурирање на системскиот софтвер на објективот, затворете ја, исклучете го USB-кабелот, исклучете го фотоапаратот и вратете се на чекор 1 „Вклучете ја програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот“.
    • Ако се покаже пораката „Could not find camera with the lens for this update mounted.“ (Не може да се најде фотоапаратот со прикачен објектив за ова ажурирање), проверете дали фотоапаратот е наведен во делот „Relevant Products“ (Релевантни производи) и дали е поврзан со компјутерот преку USB-кабел.
  8. Кликнете Next (Следно) на програмата за ажурирање на системскиот софтвер на објективот. На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. Ако тековната верзија на системскиот софтвер на објективот е .02 или понова, не е потребно ажурирање. Во овој случај, сопрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете го комплетот батерии и/или адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
  9. Кликнете Next (Следно). Податоците се пренесуваат на фотоапаратот (приближно 5 секунди).
    Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фото апаратот ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
  10. Кога преносот на податоци ќе заврши, се појавува следниов екран:


    Кликнете Finish (Заврши).
  11. Почнува процесот на ажурирање и на фотоапаратот се прикажуваат лентите за напредок (приближно 30 секунди).
  12. Процесот на ажурирање е завршен кога ќе се појави пораката „Lens update complete.“ (Ажурирањето на објективот заврши.) на фотоапаратот.
    Ако ја користите серијата QX, процесот на ажурирање е завршен кога ќе исчезне екранот на серијата QX.
  13. Кликнете на на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да го запрете поврзувањето со USB.
    Забелешка: не се појавува на прозорецот за задачи, продолжете на следниот чекор.
  14. Исклучете го USB-кабелот.
    Забелешка: По завршувањето на ажурирањето, исклучете го фото апаратот, извадете го комплетот батерии и/или AC адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го AC адаптерот и вклучете го фото апаратот.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на објективот е .02.

  1. На фотоапаратот, изберете Menu (Мени)Setup (Поставување)Version (Верзија).
  2. Верзијата на системскиот софтвер на објективот се прикажува како што е прикажано подолу.