ПОЧЕКАЈТЕ – Прочитајте го делот Потребни датотеки пред да ја преземете оваа датотека.

Required Downloads (Потребни преземања)

Освен ако не е наведено поинаку, датотеката што е наведена подолу мора да се инсталира ПРЕД Системски софтвер верз.2.00 за DSC-RX100M5 (Mac) за да може да функционира правилно. Ако се наведени повеќе од една потребна датотека, инсталирајте ги според редоследот што е даден на оваа страница.

Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • DSC-RX100M5

За ова преземање

Придобивки и подобрувања од претходното ажурирање

  • Ја подобрува работата при користењето на куќиштето за под вода MPK-URX100A:
    1. Го додава „Underwater Auto“ (Автоматски подводен режим) во поставките за Баланс на белата боја.
    2. Го додава режимот „Flash Off“ (Исклучен блиц) кога единицата за блицот е „излезена“.
  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот.

Претходни придобивки и подобрувања

  • Го поправа симптомот на оневозможено вклучување по одредено поставување. ([Квалитет: RAW&JPEG] и [Soft Skin Effect: ON] (Ефект на мека кожа: ВКЛУЧЕНО) и [Face Detect.: ON] (Откривање лице: ВКЛУЧЕНО))
  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот.

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Системски софтвер верз.2.00 за DSC-RX100M5 (Mac)

Верзија на датотека

  • 2.00

Големина на датотека

  • 278.1 МБ (278.137.850 бајти)

Датум на издавање

  • 30/03/2017

Подготовка

Проверете ја верзијата на системски софтвер

Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е 2.00, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup subpage 6 (Поставување подредена страница 6) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.


Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следните верзии на Mac:

  • Mac OS X v.10.10 - 10.11 / macOS 10.12 - 10.13*

    *Важно:
    За macOS 10.13 - 10.15, проверете дали е инсталиран „DriverLoader_1015“ пред да го ажурирате софтверот.

    Важно:
    За macOS 11, проверете дали е инсталиран "System Software Update Helper" пред да го ажурирате софтверот.

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:

  • Простор на хард диск: 600 МБ или повеќе
  • RAM: 512 МБ или повеќе
    Забелешка: Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.

Друг хардвер

  • Извор на енергија за фотоапаратот
    Целосно наполнети батерии за полнење NP-BX1

    Забелешка: Ажурирањето може да се изврши само кога преостанатото ниво на батеријата е (три црти) или повеќе.
    Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија

  • USB-кабел доставен со фотоапаратот
    Забелешка: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.

Преземи

Важно известување

  • Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.
  • Кога вршите ажурирање за системскиот софтвер, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-BX1.
  • Не отстранувајте ја батеријата или AC адаптерот додека трае ажурирањето. Во спротивно, фотоапаратот може да не работи поради ненадејно исклучување на енергијата.
  • Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот однапред.
  • Ажурирањето на системскиот софтвер трае околу 15 минути, па затоа спречете го компјутерот да помине во режим на спиење. Во случај компјутерот да помине во режим на спиење и ажурирањето да се прекине, повторете го целиот процес од почеток.
  • Не поврзувајте го фотоапаратот со ниту еден друг уред освен со компјутерот.

Како да го преземете ажурирањето

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. After Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download (Преземи)] подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_DSCRX100M5V200.dmg].
  4. Зачувајте ја датотеката во компјутерот.

Инсталирај

Чекор 1: Вклучете ја Програмата за ажурирање

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_DSCRX100M5V200.dmg] што сте ја презеле. - Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. Се проширува [Update_DSCRX100M5V200].
  4. Кликнете двапати на иконата.
  5. За да вчитате наставка на јадро, во пораката се бара од вас да ѝ дозволите на апликацијата да направи промени. Внесете ја лозинката за административната сметка.



  6. System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) се активира.



  7. Вклучете го фотоапаратот.
  8. Според упатствата во прозорецот на System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер), на фотоапаратот изберете Menu (Мени) --> Setup subpage 4 (Поставување потстраница 4) --> USB Connection (USB-врска) и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно складирање).
    Ако е избран друг режим освен Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage (Масовно складирање).



  9. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел.
    Забелешка: Ако компјутерот не може да ја пронајде камерата, на екранот ќе се појави пораката „Could not find the camera for this update.“ (Не може да се пронајде фотоапаратот за ова ажурирање). Доколку се случи тоа, обидете се со следново.
    1. Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
    2. Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.

    Понекогаш кога фото апаратот е поврзан со компјутерот преку USB-кабел, на екранот од компјутерот може да се појави порака за рестартирање на компјутерот. Во овој случај, извадете го комплетот батерии или AC адаптерот од фото апаратот, престартувајте го компјутерот и следете ги постапките од „2. Вклучете ја System Software Updater“ (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).

  10. Откако ќе го потврдите LCD-екранот на фотоапаратот, кликнете [Next] (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. Забелешка: Ако верзијата на системскиот софтвер е верзија 2.00 или понова, не е потребно ажурирање. Во овој случај, сопрете ја USB-врската и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете го комплетот батерии и/или AC адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го AC адаптерот и вклучете го фотоапаратот.
  11. По потврдување дека [Current version] (Тековната верзија) е „Ver.1.01“ (Верзија 1.01) или постара, кликнете [Next] (Следно).
  12. Фото апаратот автоматски ќе се ресетира.

    Ќе се појави екранот подолу.

    Забелешка: Иконата за вчитување може да не се прикаже, во зависност од верзијата на оперативниот систем што ја користите.
  13. Започнете со ажурирање
    По автоматското ресетирање, ќе се појави следниов екран и ќе започне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 15 минути).
    Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фото апаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето
  14. Завршете го ажурирањето
    По завршувањето на ажурирањето, се појавува екранот подолу. Исто така, фотоапаратот се престартува автоматски, а тоа може да потрае неколку минути. Почекајте додека на LCD-екранот од фотоапаратот не се појави истиот екран како при започнувањето на ажурирањето на софтверот. Кога екранот ќе се појави, притиснете го копчето [Finish] (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.


    Забелешка: Ако по престартувањето се прикаже пораката за внимание при враќање податоци, почекајте додека не исчезне оваа порака за внимание. Нема аномалии.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на уредот е верзија 2.00.

  1. На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) --> Setup subpage 6 (Поставување подредена страница 6) --> Version (Верзија).
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.