Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • NW-A35
  • NW-A35HN
  • NW-A36HN
  • NW-A37HN

За ова преземање

Придобивки и подобрувања од претходното ажурирање

  • Го решава проблемот каде што знаците на екранот од WALKMAN се појавуваат неправилно кога насловите на песните и сл. се на тајландски јазик.
  • Решава други проблеми.

Претходни придобивки и подобрувања

  • Подобрен е одзивот кога се допира екранот на допир или се лизга по него.
  • Го решава проблемот каде што звукот се прескокнува или се прекинува, во одредени услови.
  • Решава други проблеми.
  • Го решава реткиот проблем каде што знаците може да не се прикажуваат правилно кога се прикажуваат содржини на поедноставен кинески или традиционален кинески јазик

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на фирмверот 1.20 за NW-A35 / NW-A35HN / NW-A36HN / NW-A37HN (Windows)

Верзија на датотека

  • Верзија 1.20

Големина на датотека

  • 102 MB (107,753,096 бајти)

Датум на издавање

  • 22-03-2017

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

Дали треба да го преземам? Ова ажурирање не е неопходно ако Walkman веќе е ажуриран до верзија на фирмверот 1.20 со функцијата за автоматско ажурирање фирмвер.
Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:

  1. Допрете ја иконата [Options/Settings] (Опции/Поставки), во долниот десен агол од екранот
  2. Изберете го менито [Settings] (Поставки)
  3. Лизгајте до дното и изберете го менито [Unit Information] (Информации за уредот)
  4. Потврдете ги бројот на моделот и верзијата на фирмверот

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:

  • Windows 10
  • Windows 8.1
  • Windows 7 (сервисен пакет 1 или понов)
  • Windows Vista (сервисен пакет 2 или понов)

ВАЖНО: не е поддржано од оперативни системи освен горенаведените.
Забелешка: Не е поддржан [Compatibility mode] (Режим за компатибилност) за Windows XP (вклучен во Windows Vista и Windows 7).

Преземи

Пред да надградите

  • По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
  • Префрлете ги сите податоци од единицата на компјутерот, бидејќи податоците што остануваат на единицата може да се изгубат при надградувањето.
    Не можеме да гарантираме дека песните и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање.
  • Кога надградувате, на единицата ѝ требаат околу 200 МБ слободен простор. Потврдете дека количината слободнен простор е доволна.
  • Доколку нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци на компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
  • Ако сте корисник на Windows 10, Windows 8.1, Windows 7 или Windows Vista, во дијалог-рамката во контролата за корисничка сметка се појавува пораката „Windows needs your permission to continue (Windows бара ваша дозвола за да продолжи)“. Кликнете [Continue] (Продолжи) за да продолжите и следете ги известувањата.

Инсталирај

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

Уверете се дека сте најавени како Администратор на компјутерот

  1. Преземањето на програмата за ажурирање започнува со кликнување на копчето „Download“ (Преземи) на крајот од ова известување.
  2. Откако ќе заврши преземањето, поврзете го вашиот Walkman на компјутерот со помош на испорачаниот USB-држач.
  3. Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
  4. Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
    Не исклучувајте го уредот од компјутерот додека трае надградбата.
  5. Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете на [Finish] (Заврши).

Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно

По ажурирањето, потврдете дека новата верзија се инсталирала успешно со следење на чекорите во делот [Do I need to download it?] (Дали треба да го преземам?) во горниот дел од оваа страница.

Ако прикажаната верзија на фирмверот е „1.20“, надградбата е успешна.