Го подобрува делењето на датотеките со LPCM-формат снимени на картичката SDXC
Ажурирање на фирмвер верзија 1.02 за PCM-D100
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- PCM-D100
За ова преземање
- Име: Ажурирање на фирмвер верзија 1.02 за PCM-D100
- Датум на издавање: 26/11/2014
- Дали треба да го преземам? Оваа услужна програма за ажурирање не е неопходна ако вашиот PCM-снимач веќе е ажуриран на верзија на фирмверот 1.02.
Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Вклучете го линеарниот PCM-снимач
- Притиснете го и држете го копчето HOME/BACK (Назад/На почеток) додека не се појави почетното мени (HOME)
- Изберете
[Settings] ⇒ [Common Settings] ⇒[System Information] (Поставки ⇒ Заеднички поставки ⇒ Информации за системот) - Потврдете ја верзијата на фирмверот прикажана на екранот

- Предности и подобрувања:
- Го подобрува делењето на датотеките со LPCM-формат снимени на картичката SDXC
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените оперативни системи:
- Windows Vista Ultimate (сервисен пакет 2 или понов)
- Windows Vista Business (сервисен пакет 2 или понов)
- Windows Vista Home Premium (сервисен пакет 2 или понов)
- Windows Vista Home Basic (сервисен пакет 2 или понов)
- Windows 7 Ultimate
- Windows 7 Professional
- Windows 7 Home Premium
- Windows 7 Home Basic
- Windows 7 Starter
- Windows 8 Pro / Windows 8
- Windows 8.1 Pro / Windows 8.1
- Mac OS X ( верзија 10.5-v10.9 )
Забелешка:Не е поддржан од други оперативни системи освен горенаведените. Оперативниот систем треба да биде претходно инсталиран.
Компјутерски хардвер
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
- Порта: УСБ-порта
Преземи
Пред да ажурирате
- Потврдете го показателот за батеријата од уредот.
Потврдете дека показателот за преостаната енергија во батеријата во прозорецот на екранот покажува полно. Ако се потроши енергијата на батеријата за време на ажурирањето на фирмверот, ажурирањето на фирмверот може да биде неуспешно. - Исто така, однапред префрлете ги сите снимени пораки и податоци од уредот на компјутерот бидејќи пораките и податоците може да се изгубат при ажурирањето затоа што остануваат на уредот.
Не можеме да гарантираме ако снимките и податоците се оштетат или избришат поради ажурирањето.
Инсталирај
- Преземањето на програмата за ажурирање запошнува со кликнување на копчето Download (Преземи) на крајот од ова известување.
Според прикажаната дијалог-рамка, зачувајте ја датотеката PCM-D100_V102.zip (Windows:23,0 МБ, Macintosh:24,2 МБ) во компјутерот. - Откако ќе заврши преземањето, поврзете го PCM-снимачот на компјутерот.
- Исклучете ги сите софтвери на компјутерот.
- Кликнете двапати на зачуваната датотека PCM-D100_V102.zip и отпакувајте ја
- Ако користите компјутер со оперативен систем Windows Vista/Windows 7
- Кликнете двапати на датотеката PCM-D100_V102.zip и кликнете [Extract All] (Отпакувај сè).
- Ќе се отвори и ќе се прикаже датотеката "PCM-D100_V102.zip". Потврдете дека датотеката наведена подолу е во неа. Оваа датотека е програма за ажурирање на фирмверот.
PCM-D100.UPG
Напомена: Во зависност од конфигурацијата на системот, можно е да се прикаже наставката ".UPG" во називот на датотеката "PCM-D100.UPG".
- Ако користите оперативен систем Mac OS X
- Кликнете двапати на преземената датотека "PCM-D100_V102.zip"
- Потврдете дека датотеката е отпакувана и дека на работната површина од компјутерот е креирана датотеката "PCM-D100.UPG". Оваа датотека е програма за ажурирање на фирмверот.
PCM-D100.UPG
Напомена: Во зависност од конфигурацијата на системот, можно е да се прикаже наставката ".UPG" во називот на датотеката "PCM-D100.UPG".
- Ако користите компјутер со оперативен систем Windows Vista/Windows 7
- Копирајте ја отпакуваната датотека (назив на датотеката: PCM-D100.UPG), која ја отпакувавте како што беше опишано во делот погоре, во коренскиот директориум кој се наоѓа веднаш под "PCMRECORDER" на компјутерот
- Исклучете го PCM-снимачот од компјутерот
- Ќе се појави екран за ажурирање во прозорецот за приказ на линеарниот PCM-снимач и ќе започне ажурирањето на фирмверот. Ажурирањето на фирмверот ќе заврши за околу 1 минута и ќе се појави екран за режим за запирање или екран за поставка на часовникот

Грешки за време на ажурирањето
- на линеарниот PCM-снимач ќе се појави "Low battery power to Update" (Ниско ниво на енергија во батеријата за ажурирање)
Ако користите алкални батерии, заменете ги сите со нови. Ако користите Ni-MH (Никел метал хидридни) за полнење, заменете ги сите со наполнети батерии Забелешка: Ако користите батерии за полнење во целниот производ (за целите на овој процес на ажурирање или за секојдневна употреба), користете исклучиво Ni-MH (никел метал хидридни) батерии за полнење кои се приложени со целниот производ или некои од моделите на Ni-MH (никел метал хидридни) батерии за полнење кои се наведени како расположлива дополнителна опрема во прирачникот за користење на целниот производ. - Ако линеарниот PCM-снимач покаже "Memory Full" (Меморијата е полна)
Избришете некои ос снимените пораки од податоците во уредот или префрлете ги на компјутерот каде што има слободен простор на дискот од повеќе од 35 МБ. Потоа стартувајте го ажурирањето уште еднаш.
По ажурирањето
Потврдете ја верзијата кога ќе се инсталира успешно програмата за ажурирање со штиклирање која верзија на фирмверот ја имате.Инсталацијата на програмата за ажурирање е успешна кога на екранот ќе се прикаже 1.02.
[Settings] ⇒ [Common Settings] ⇒[System Information] (Поставки ⇒ Заеднички поставки ⇒ Информации за системот) 
