Ажурирање на фирмвер за верзијата 1.01 за PCM-A10 (Mac)
Го решава проблемот кога, во ретки случаи, напојувањето на снимачот не може да се вклучи кога е поврзан преку USB и компјутерот влегува во режим на спиење
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- PCM-A10
За ова преземање
Предности и подобрувања
- Го решава проблемот кога, во ретки случаи, напојувањето на снимачот не може да се вклучи кога е поврзан преку USB и компјутерот влегува во режим на спиење
ВАЖНО: Ако се појави симптомот „No Power ON“ (Нема вклучување) кај вашиот модел, ажурирајте го фирмверот и престартувајте го уредот.
Како да го престартувате уредот:
Лизгајте го прекинувачот HOLD•POWER (ЗАДРЖИ НАПОЈУВАЊЕ) до [POWER] „НАПОЈУВАЊЕ“ и задржете го 8 секунди или подолго. Потоа, отпуштете го прекинувачот HOLD•POWER (ЗАДРЖИ НАПОЈУВАЊЕ). Започнува процесот на престартување.
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Mac OS:
ВАЖНО: не е поддржано од оперативни системи освен долунаведените.
- macOS 10.13 - 10.15
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на фирмвер за верзијата 1.01 за PCM-A10 (Mac)
Верзија на датотека
- Верзија 1.01
Големина на датотека
- 12.8 MB (13,465,128 бајти)
Датум на издавање
- 13-12-2018
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Дали треба да го преземам? Ова ажурирање не е неопходно ако PCM-A10 веќе се ажурирани на верзија на фирмверот 1.01 со функцијата за автоматско ажурирање фирмвер.
Ако не сте сигурни, лесно може да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Притиснете го и задржете го копчето [BACK/HOME] додека не се појави менито Home.
- Изберете го менито [Settings] (Поставување) > [Common Settings] (Чести поставувања) > [Unit Information] (Информации за уредот).
- Потврдете ги бројот на моделот и верзијата на фирмверот
Пред да надградите
- Задолжително поврзете се на мрежата додека ажурирате.
- По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
- Пренесете ги сите податоци од уредот на компјутерот бидејќи податоците што остануваат на уредот може да се изгубат при ажурирањето.
Не можеме да гарантираме дека нумерите и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање. - Кога надградувате, на уредот треба да има околу 40 MB слободен простор. Потврдете дека количината слободнен простор е доволна.
- Ако нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци на компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
- За време на инсталацијата на оваа датотека, уверете се дека сте најавени како администратор или како корисник со администраторски права.
Преземање и инсталирање
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите.
- Преземете ја датотеката на компјутерот.
- Откако ќе заврши преземањето, поврзете го вашиот PCM-A10 со компјутерот преку USB-поврзување.
- Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
- Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
Не исклучувајте го уредот од компјутерот додека трае надградбата.
Во текот на ажурирањето, PCM-A10 се исклучува автоматски.Забелешка: На некои компјутери може да се појави порака дека е прекината врската со USB.
Напомена за корисниците на macOS 10.15: Кога првпат ќе ја активирате програмата за ажурирање на macOS 10.15, се прикажува порака ["Software Update Tool" would like to access files on a removable volume] („Програмата за ажурирање на софтверот“ сака да пристапи до датотеки на пренослив уред). Ако кликнете [OK], ажурирањето започнува. Ако кликнете [Don’t Allow] (Не дозволувај), ќе се прикаже грешка и ажурирањето нема да успее. - Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете на [Finish] (Заврши).
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно
По ажурирањето, потврдете дека новата верзија се инсталирала успешно со извршување на чекорите во делот [Check the firmware version] (Проверете ја верзијата на фирмверот).
Ако прикажаната верзија на фирмверот е „1.01“, надградбата е успешна.