Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • NW-WM1AM2
  • NW-WM1ZM2

Информации за ова преземање

Придобивки и подобрувања

  • Врши безбедносно ажурирање. (Безбедносното ниво прикажано во менито Settings (Поставки) ќе биде од февруари 2024 година)
ВАЖНО:
  • За да ја подобрите стабилноста на врската треба да ги ажурирате и софтверот Music Center for PC и фирмверот на Walkman со најновите верзии. Ако ниту еден од нив не е ажуриран со најновата верзија, постои можност софтверот Music Center for PC и уредот Walkman да не се поврзат правилно.
  • Датумот и времето мора точно да се постават на уредот Walkman, во спротивно, можно е известувањето за ажурирање да не се појави. Поставете ги рачно ако се погрешни.

Претходни придобивки и подобрувања

Информации за датотеката

  • Верзија: 1.09.00
  • Големина за NW-WM1AM2: 1 069 MB (1 121 234 976 бајти)
  • Големина за NW-WM1ZM2: 1 069 MB (1 121 490 848 бајти)
  • Датум на издавање: 27-06-2024

Подготовка

Проверете ја верзијата на фирмверот

  1. Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран) на Walkman.
  2. Допрете Settings (Поставки) → About device (За уредот).
  3. Името на моделот и верзијата на софтверот се прикажуваат во Device name (Име на уредот) и Build number (Број на издание).

Забелешка: Ако вашиот Walkman веќе е ажуриран со верзијата на софтверот 1.09.00, тогаш не треба да го извршите ажурирањето.

Пред да извршите надградба

  • Уредот Walkman треба да биде поврзан со Wi-Fi-мрежа.
  • По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
  • Пренесете ги сите податоци од уредот Walkman на компјутер. Сите податоци што ќе останат на уредот Walkman може да се изгубат при ажурирањето.
  • Не можеме да гарантираме дека песните и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање.
  • Уредот Walkman треба да има слободен простор од најмалку 2 GB за да се изврши ажурирањето.
    • Ако нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци во компјутерот.
  • Батеријата на Walkman треба да е наполнета 60 % и треба да биде во состојба на полнење.
  • Кога ја инсталирате оваа датотека треба да бидете најавени како Administrator (Администратор) или како корисник со администраторски права.
  • Корисниците се одговорни за сите дополнителни трошоци за комуникација (на пр. давател на Wi-Fi-мрежа, купување песни итн.).

Важно известување

За корисниците на софтверот Music Center for PC:

  • За да ја подобрите стабилноста на поврзувањето, ажурирајте ги Music Center for PC и софтверот на уредот Walkman со најновите верзии.
  • Ако ниту еден од нив не е ажуриран со најновата верзија, постои можност тие да не можат да се поврзат.

Како да ги поставите датумот и времето

  1. Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран) на Walkman.
  2. Допрете ја иконата Clock (Часовник). Ќе се прикаже тековниот датум и тековното време.
    Забелешка: Ако датумот и времето се точни, уредот Walkman ќе се појави во известувањето за ажурирање и нема да биде потребно да продолжите со преостанатите чекори.
  3. Вратете се на менито Home (Почетен екран) со допирање (икона Home (Почетен екран) на Лентата за навигација) што се наоѓа на долниот дел од екранот.
  4. Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран).
  5. Допрете ги елементите во менито по следниот редослед: Settings (Поставки) → System (Систем) → Date & time (Датум и време).
  6. Ако опцијата Use network-provided time (Користи го времето од мрежниот оператор) е поставена на ON (Вклучено), допрете Use network-provided time (Користи го времето од мрежниот оператор). Опциите Set date (Постави датум) и Set time (Постави време) ќе се прикажат во функцијата Use network-provided time (Користи го времето од мрежниот оператор).
  7. Допрете Set date (Постави датум) и поставете го датумот доколку не е точен. Допрете OK (Во ред) за да се вратите на екранот Date & time (Датум и време).
  8. Допрете Set time (Постави време) и поставете го времето доколку не е точно. Допрете OK (Во ред) за да се вратите на екранот Date & time (Датум и време).
  9. Допрете ја опцијата Use network-provided time (Користи го времето од мрежниот оператор) за да ја поставите на ON (Вклучено).

Преземање и инсталирање

Вашиот Walkman може да го надградите преку еден од следните методи:

  • Ажурирање преку Wi-Fi (безжичен LAN)
  • Извршете ажурирање преку апликацијата Music Center for PC

Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето

Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно

По ажурирањето, проверете дали новата верзија е успешно инсталирана со следење на долунаведените чекори:

  1. Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран) на Walkman.
  2. Допрете Settings (Поставки) → About device (За уредот). Верзијата на софтверот се прикажува во делот Build number (Број на издание).
  3. Ако во Build number (Број на издание) се прикажува 1.09.00, тогаш ажурирањето било успешно.