Ажурирање на фирмвер верзија 3.02 за серијата NW-WM1 (Mac)
Ја подобрува транзицијата помеѓу нумерите што се репродуцираат преку Bluetooth
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- NW-WM1A
- NW-WM1Z
За ова преземање
Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање
- Ја подобрува транзицијата помеѓу нумерите што се репродуцираат преку Bluetooth
Претходни придобивки и подобрувања
- Го поправа проблемот кога се прикажува грешка во времето кога се репродуцира MP3-содржина
- Ја подобрува операбилноста кога се подредува Списокот со обележувачи
- Додадена е функцијата USB-DAC
- Додадена е функцијата Bluetooth Receiver (Bluetooth приемник)
- Опцијата Vinyl Processor (Обработка на винил) е додадена во поставките за Sound Quality (Квалитет на звук)
- Дигитален мерач на највисоки точки е додадена во опциите за распоред на екранот Playback (Репродукција)
- Додадена е функција за рачно додавање слики од насловни страници во албумите
- Додадени се кодеците aptX, „aptX HD“ за Bluetooth
- Додадени се музичките формати APE и MQA
- Параметрите за репродуцирање по случаен избор и повторување се достапни од екранот за репродуцирање
- Додадена е функцијата за автоматско исклучување за да се продолжи траењето на батеријата
- Зголемен е бројот на начини за прикажување информации за песните
- Подобрени се други функции
- Подобрен е одзивот кога се допира екранот на допир или се лизга по него
- Ги решава проблемите кога звукот се прескокнува или се прекинува во одредени услови
- Го решава реткиот проблем каде што знаците може да не се прикажуваат правилно кога се прикажуваат содржини на поедноставен кинески или традиционален кинески јазик
- Го решава проблемот каде што знаците на екранот од WALKMAN се појавуваат неправилно кога насловите на песните и сл. се на тајландски јазик.
- Решава други проблеми
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Mac OS:
ВАЖНО: не е поддржано од оперативни системи освен долунаведените.
- macOS 10.13 - 10.15
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на фирмвер верзија 3.02 за серијата NW-WM1 (Mac)
Верзија на датотека
- Верзија 3.02
Големина на датотека
- 113 MB (119,163,110 бајти)
Датум на издавање
- 29-08-2019
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Дали треба да го преземам? Ова ажурирање не е неопходно ако Walkman веќе е ажуриран до верзија на фирмверот 3.02 со функцијата за автоматско ажурирање фирмвер.
Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Притиснете го и држете го копчето за вклучување додека не се појави менито Home (Почеток).
- Допрете ја иконата [Options/Settings] (Опции/Поставки), во долниот десен агол од екранот
- Изберете го менито [Settings] (Поставки)
- Лизгајте до дното и изберете го менито [Unit Information] (Информации за уредот) Потврдете ги бројот на моделот и верзијата на фирмверот
Пред да надградите
- Задолжително поврзете се на мрежата додека ажурирате.
- По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
- Префрлете ги сите податоци од единицата на компјутерот, бидејќи податоците што остануваат на единицата може да се изгубат при надградувањето.
Не можеме да гарантираме дека песните и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање. - Кога надградувате, на единицата ѝ требаат околу200 МБ слободен простор. Потврдете дека количината слободнен простор е доволна.
- Доколку нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци на компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
- За време на инсталацијата на оваа датотека, уверете се дека сте најавени како администратор или како корисник со администраторски права.
Преземање и инсталирање
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите.
- Преземете ја датотеката на компјутерот.
- Откако ќе заврши преземањето, поврзете го вашиот Walkman на компјутерот преку УСБ-поврзување.
- Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
- Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
Не исклучувајте го уредот од компјутерот додека трае надградбата.
Напомена за корисниците на macOS 10.15: Кога првпат ќе ја активирате програмата за ажурирање на macOS 10.15, се прикажува порака ["Software Update Tool" would like to access files on a removable volume] („Програмата за ажурирање на софтверот“ сака да пристапи до датотеки на пренослив уред). Ако кликнете [OK], ажурирањето започнува. Ако кликнете [Don’t Allow] (Не дозволувај), ќе се прикаже грешка и ажурирањето нема да успее. - Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете на [Finish] (Заврши).
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно
По ажурирањето, потврдете дека новата верзија се инсталирала успешно со извршување на чекорите во делот [Check the firmware version] (Проверете ја верзијата на фирмверот).
Ако прикажаната верзија на фирмверот е „3.02“, надградбата е успешна.