Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • WF-SP900
  • NWZ-F805
  • NWZ-F806
  • NWZ-F886
  • NWZ-F887
  • NWZ-M504
  • NWZ-W273
  • NWZ-W273S
  • NWZ-W274S
  • NWZ-WH303
  • NWZ-WH505
  • NWZ-Z1040

За ова преземање

Content Transfer for Mac е софтвер за лесен пренос на музика, видеа, фотографии, поткасти и листи за репродукција. Може да ја користите функцијата Drag & Drop (Преснимување со повлекување) за да пренесувате датотеки од iTunes на Walkman. Софтверот автоматски ќе ги подреди датотеките во соодветните папки на уредот.

  • Формати на датотеки за пренос
    Музика: .mp4, .3gp, .m4a, .oma, .wma, .mp3, .wav, .flac, .ape, .aiff и .aif
    Видео: .mp4, .m4v и .wmv
    Фотографии: .jpg
  • Функција за автоматски пренос

Забелешка: Софтверот Content Transfer for Mac поддржува пренос на податоци од iTunes 11.0 или понов.
ЗАБЕЛЕШКА за корисници на macOS 11: Музичките листи што се создадени со апликацијата macOS 11 Music не можат да се повлекуваат и спуштаат. Сепак, може да повлекувате и спуштате музичка содржина што не е музичка листа.

Системски побарувања

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Mac OS:
ВАЖНО: Не е поддржано од кои било други оперативни системи што се разликуваат од наведените.

  • macOS 10.14, 10.15, 11, 12

Следниве системи не се поддржани:

  • Лично направени компјутери или оперативни системи
  • Надградени оперативни системи
  • Околини со повеќе подигнувања
  • Околини со повеќе монитори

Информации за датотеката

Име на датотека

  • ContentTransfer.dmg

Верзија на датотека

  • Верзија 1.8 (1.8.0.03300)

Големина на датотека

  • 9.8 MB (9 845 650 бајти)

Датум на издавање

  • 06-05-2021

Подготовка

  • За време на инсталацијата на оваа датотека, уверете се дека сте најавени како администратор или како корисник со администраторски права.
  • За да се обезбеди дека ниту една друга програма не ја попречува инсталацијата, зачувајте ја сета работа и затворете ги сите други програми.

Преземање и инсталирање

Проверете дали сте најавени како Администратор на компјутерот.

  1. Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите
  2. Преземете ја датотеката на компјутерот
  3. Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
  4. Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот
    ЗАБЕЛЕШКА за macOS 10.15 (или понова верзија): дијалог-рамката Content Transfer would like to access files on a removable vloume (Content Transfer сака да пристапи до датотеки на пренослива податочна единица) ќе се појави кога софтверот ќе открие Walkman. Притиснете OK за да продолжите.

  5. Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете Close (Затвори).

Откако постапката за инсталирање ќе заврши, Content Transfer for Mac ќе се активира автоматски.

ЗАБЕЛЕШКА: Можно е папката iTunes да не постои на macOS 10.15 (или понова верзија). Изберете Music или Custom како поставување за Auto Transfer Folder.