Ажурирање на фирмверот 1.10 за NW-A45 / NW-A45HN / NW-A46HN / NW-A47 (Windows)
Додаден е кодекот „aptX HD“ за Bluetooth
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- NW-A45
- NW-A45HN
- NW-A46HN
- NW-A47
За ова преземање
Предности и подобрувања
- Додаден е кодекот „aptX HD“ за Bluetooth
- Подобрени се други функции
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на фирмверот 1.10 за NW-A45 / NW-A45HN / NW-A46HN / NW-A47 (Windows)
Верзија на датотека
- Верзија 1.10
Големина на датотека
- 115 MB (120,879,976 бајти)
Датум на издавање
- 09-11-2017
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Дали треба да го преземам? Ова ажурирање не е неопходно ако Walkman веќе е ажуриран до верзија на фирмверот 1.10 со функцијата за автоматско ажурирање фирмвер.
Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Допрете ја иконата [Options/Settings] (Опции/Поставки), во долниот десен агол од екранот
- Изберете го менито [Settings] (Поставки)
- Лизгајте до дното и изберете го менито [Unit Information] (Информации за уредот) Потврдете ги бројот на моделот и верзијата на фирмверот
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
- Windows 10
- Windows 8.1
- Windows 7 (сервисен пакет 1 или понов)
ВАЖНО: не е поддржано од оперативни системи освен горенаведените.
ВАЖНО: [Compatibility mode] (Режим на компатибилност) Windows 7 не е поддржан.
Преземи
Пред да надградите
- По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
- Префрлете ги сите податоци од единицата на компјутерот, бидејќи податоците што остануваат на единицата може да се изгубат при надградувањето.
Не можеме да гарантираме дека песните и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање. - Кога надградувате, на единицата ѝ требаат околу200 МБ слободен простор. Потврдете дека количината слободнен простор е доволна.
- Доколку нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци на компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
- Корисник на Windows 10, корисник на Windows 8.1 или корисник на Windows 7, пораката „Windows needs your permission to continue“ (На Windows му е потребна ваша дозвола за да продолжи) се појавува во дијалог рамката за Контрола на корисничката сметка. Кликнете [Continue] (Продолжи) за да продолжите и следете ги известувањата.
Инсталирај
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
Уверете се дека сте најавени како Администратор на компјутерот
- Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите.
- Преземете ја датотеката на компјутерот.
- Откако ќе заврши преземањето, поврзете го вашиот Walkman на компјутерот преку УСБ-поврзување.
- Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
- Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
Не исклучувајте го уредот од компјутерот додека трае надградбата. - Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете на [Finish] (Заврши).
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно
По ажурирањето, потврдете дека новата верзија се инсталирала успешно со извршување на чекорите во делот [Check the firmware version] (Проверете ја верзијата на фирмверот).
Ако прикажаната верзија на фирмверот е „1.10“, надградбата е успешна.