Модел на којшто се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- NW-A100TPS
- NW-A105
- NW-A105HN
- NW-ZX507
Информации за ова преземање
Придобивки и подобрувања
- Врши безбедносни ажурирања (безбедносното ниво прикажано во менито Settings (Поставки) ќе се ажурира во ноември 2021 година)
ВАЖНО:
- Треба да ги ажурирате софтверот Music Center for PC и фирмверот на Walkman со најновите верзии за да ја подобрите стабилноста на поврзувањето. Ако ниту еден од нив не е ажуриран со најновата верзија, постои можност софтверот Music Center for PC и уредот Walkman да не се поврзат правилно.
- Датумот и времето мора точно да се постават на уредот Walkman, во спротивно, можно е известувањето за ажурирање да не се појави. Ако не се точни, поставете ги датумот и времето рачно.
Претходни придобивки и подобрувања
Погледнете ги претходните придобивки и подобрувања
Информации за датотеката
Верзија на датотеката
- Верзија 4.06.00
Големина на датотеката
- 865 MB (907 411 888 бајти)
Датум на издавање
- 30-11-2021
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Ако вашиот Walkman веќе е ажуриран со верзијата на софтверот 4.06.00, не треба да го извршите ажурирањето.
- Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран).
- Допрете Settings (Поставки) → System (Систем) → About device (За уредот).
- Името на моделот и верзијата на софтверот се прикажуваат во Model & hardware (Модел и хардвер) и Build number (Број на издание).
Пред да извршите надградба
- За време на ажурирањето мора да бидете поврзани на мрежа.
- По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
- По ажурирањето, поставувањето на Wireless playback quality (Квалитет на безжична репродукција) во функцијата Bluetooth може да се врати на почетната вредност (LDAC-Connection pref).
- По ажурирањето може да се прикаже екранот Permissions (Дозволи). Во тој случај, следете ги инструкциите на екранот.
- Пренесете ги сите податоци од Walkman во компјутерот бидејќи податоците што остануваат на Walkman може да се изгубат при ажурирањето.
- Не можеме да гарантираме дека песните и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање.
- При ажурирањето, на уредот Walkman треба да има слободен простор од приближно 2 GB. Потврдете дали има доволно слободен простор.
- Ако нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци во компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
- Батеријата на Walkman треба да е наполнета повеќе од 60% и да биде во состојба на полнење.
- При инсталирањето на оваа датотека треба да бидете најавени како Administrator (Администратор) или како корисник со администраторски права.
- Трошокот за комуникација е на товар на корисниците.
Важно известување
За купувачи што користат Music Center for PC:
- За да ја подобрите стабилноста на поврзувањето, ажурирајте ги Music Center for PC и софтверот на уредот Walkman со најновите верзии.
- Ако ниту еден од нив НЕ е ажуриран со најновата верзија, постои можност тие да не можат да се поврзат.
Ако датумот и времето не се точно поставени на уредот Walkman, можно е известувањето за ажурирање да не се појави. Затоа проверете дали датумот и времето се поставени точно. Ако не се точни, поставете ги датумот и времето рачно.
Како да ги поставите датумот и времето
- Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран).
- Допрете ја иконата Clock (Часовник) за да се прикажат тековните датум и време.
ЗАБЕЛЕШКА: ако датумот и времето се точни, уредот Walkman ќе се појави во известувањето за ажурирање и нема да биде потребно да продолжите со остатокот од оваа постапка. - Вратете се на почетниот екран со допирање
(почетната страница на лентата за навигација) на долниот дел од екранот.
- Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран).
- Допрете ги елементите во менито по следниот редослед: Settings (Поставки) – System (Систем) – Date & time (Датум и време).
- Ако функцијата Automatic date & time (Автоматски датум и време) е поставена на ON (ВКЛУЧЕНО), тогаш допрете Automatic date & time (Автоматски датум и време). Потоа во функцијата Automatic date & time (Автоматски датум и време) ќе се прикажат опциите Set date (Постави датум) и Set time (Постави време).
- Допрете Set date (Постави датум) и поставете го точниот датум, доколку датумот не е точен. Потоа допрете OK (Во ред) за да се вратите на екранот на функцијата Date & time (Датум и време).
- Допрете Set time (Постави време) и поставете го точното време, доколку времето не е точно. Потоа допрете OK (Во ред) за да се вратите на екранот на функцијата Date & time (Датум и време).
- Допрете ја функцијата Automatic date & time (Автоматски датум и време) за да ја поставите на ON (ВКЛУЧЕНО).
Преземање и инсталирање
Надградбата може да ја извршите на следните начини:
- Ажурирање преку Wi-Fi (безжичен LAN)
- Ажурирање преку Music Center for PC
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
(1) Ажурирање преку Wi-Fi (безжичен LAN)
Ако воспоставите интернет-врска преку Wi-Fi, ќе можете да го преземете најновиот софтвер во Walkman и да го ажурирате. Ако се објави најнов софтвер, известувањето за ажурирање ќе се прикаже на екранот кога ќе го поврзете Walkman на Wi-Fi-мрежа.
- Поврзете го Walkman со извор на напојување.
- Вклучете ја функцијата за Wi-Fi за да го поврзете Walkman на интернет.
- Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран).
- Допрете Settings (Поставки) → System (Систем) → Advanced (Напредно) → System updates (Ажурирање на системот).
- Внимателно потврдете ја пораката и следете ги инструкциите на екранот за да го извршите ажурирањето.
ЗАБЕЛЕШКА: кога ќе се обидете да го ажурирате софтверот, можеби ќе биде потребно да дадете дозвола за пристап до меморискиот простор. Во тој случај, дајте дозвола за пристап до меморискиот простор.
(2) Ажурирање преку Music Center for PC
Music Center for PC е компјутерска апликација што се користи за управување со содржини што може да се користат за Walkman.
При стартувањето, Music Center for PC се поврзува со сервер за ажурирање преку интернет и автоматски проверува дали има информации за ажурирање на Walkman.
- Исклучете ја функцијата за Wi-Fi за да го исклучите Walkman од интернет.
- Стартувајте го софтверот Music Center for PC на компјутерот.
- Поврзете го Walkman со компјутерот.
- На екранот на Walkman ќе се прикаже Use USB for (Користи USB за). Допрете File Transfer (Пренос на датотеки) на екранот на функцијата Use USB for (Користи USB за), а потоа допрете OK (Во ред).
- На екранот на компјутерот ќе се прикаже известувањето за ажурирање. Внимателно потврдете ја пораката и следете ги инструкциите на екранот за да го извршите ажурирањето.
ЗАБЕЛЕШКА: доколку е потребно, вклучете ја функцијата за Wi-Fi за да го поврзете Walkman на интернет.
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно
По ажурирањето, проверете дали новата верзија е успешно инсталирана на следниот начин.
- Повлечете нагоре во менито Home (Почетен екран) на Walkman.
- Допрете Settings (Поставки) → System (Систем) → About device (За уредот) и верзијата на софтверот ќе се прикаже во Build number (Број на издание).
- Ако во Build number (Број на издание) се прикажува 4.06.00, тогаш ажурирањето било успешно.
Ажурирање на фирмверот со верзијата 4.06.00
Врши безбедносни ажурирања (безбедносното ниво прикажано во менито Settings (Поставки) ќе се ажурира во ноември 2021 година)