Ажурирање на фирмвер за верзијата 1.02 за DMP-Z1 (Mac)
Ја подобрува транзицијата помеѓу нумерите што се репродуцираат преку Bluetooth
Модели на кои се однесува
Оваа информација е наменета за следниве модели:
- DMP-Z1
За ова преземање
Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање
- Ја подобрува транзицијата помеѓу нумерите што се репродуцираат преку Bluetooth
Претходни придобивки и подобрувања
- Го подобрува времето што е потребно за развој и повторно составување на базата на податоци
Системски побарувања
Оперативни системи
Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Mac OS:
ВАЖНО: не е поддржано од оперативни системи освен долунаведените.
- macOS 10.13 - 10.15
Информации за датотеката
Име на датотека
- Ажурирање на фирмвер за верзијата 1.02 за DMP-Z1 (Mac)
Верзија на датотека
- Верзија 1.02
Големина на датотека
- 120 MB (126,115,779 бајти)
Датум на издавање
- 29-08-2019
Подготовка
Проверете ја верзијата на фирмверот
Дали треба да го преземам? Ова ажурирање не е неопходно ако DMP-Z1 веќе е ажуриран до верзија на фирмверот 1.02 со функцијата за автоматско ажурирање фирмвер.
Ако не сте сигурни, лесно можете да проверите која верзија на фирмвер ја имате:
- Допрете ја иконата [Options/Settings] (Опции/Поставки), во долниот десен агол од екранот
- Изберете го менито [Settings] (Поставки)
- Лизгајте до дното и изберете го менито [Unit Information] (Информации за уредот) Потврдете ги бројот на моделот и верзијата на фирмверот
Пред да надградите
- Задолжително поврзете се на мрежата додека ажурирате.
- По ажурирањето, фирмверот не може да се врати на претходна верзија.
- Префрлете ги сите податоци од единицата на компјутерот, бидејќи податоците што остануваат на единицата може да се изгубат при надградувањето.
Не можеме да гарантираме дека песните и податоците нема да се оштетат или избришат кога се врши ова ажурирање. - Кога надградувате, на единицата ѝ требаат околу200 МБ слободен простор. Потврдете дека количината слободнен простор е доволна.
- Доколку нема доволно слободен простор во вградената флеш-меморија, пренесете ги сите непотребни податоци на компјутерот за да го зголемите слободниот простор.
- За време на инсталацијата на оваа датотека, уверете се дека сте најавени како администратор или како корисник со администраторски права.
Преземање и инсталирање
Чекор 1: Инсталирајте го ажурирањето
- Прочитајте ги и согласете се со одредбите и условите.
- Преземете ја датотеката на компјутерот.
- Откако ќе заврши преземањето, поврзете го вашиот DMP-Z1 со компјутерот преку USB-поврзување.
- Исклучете ги сите активни софтвери на компјутерот
- Кликнете двапати на зачуваната датотека и следете ги упатствата на екранот.
Не исклучувајте го уредот од компјутерот додека трае надградбата.
Напомена за корисниците на macOS 10.15: Кога првпат ќе ја активирате програмата за ажурирање на macOS 10.15, се прикажува порака ["Software Update Tool" would like to access files on a removable volume] („Програмата за ажурирање на софтверот“ сака да пристапи до датотеки на пренослив уред). Ако кликнете [OK], ажурирањето започнува. Ако кликнете [Don’t Allow] (Не дозволувај), ќе се прикаже грешка и ажурирањето нема да успее. - Кога ќе се појави пораката дека надградбата е завршена, кликнете на [Finish] (Заврши).
Чекор 2: Проверете дали ажурирањето е успешно
По ажурирањето, потврдете дека новата верзија се инсталирала успешно со извршување на чекорите во делот [Check the firmware version] (Проверете ја верзијата на фирмверот).
Ако прикажаната верзија на фирмверот е „1.02“, надградбата е успешна.