Модел на којшто се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • ZV-1

За ова преземање

Предности и подобрувања

  • Го поправа проблемот кога, во ретки случаи, фотоапаратот ќе се престартува во режимот на Still Image (Слика)

Претходни придобивки и подобрувања

Во ова ажурирање се вклучени и следниве придобивки и подобрувања.

  • Ја додава функцијата за проследување преку USB
    ЗАБЕЛЕШКИ:
    •  Поврзувањето преку USB-кабел со компјутер или паметен телефон Xperia™ ви овозможува да вршите проследување во живо и комуникација преку интернет со видео и аудио со голем квалитет
    • Ова важи за паметни телефони Xperia 1 II или Xperia 5 II што се надградени на Android 11. Достапноста на ажурирањето се разликува во зависност од регионот. (Од 9 февруари 2021 година)
    • Користете комерцијално достапен USB-кабел или адаптер за претворање
  • Ја подобрува целосната стабилност и перформансите на фотоапаратот
    ЗАБЕЛЕШКА: погледнете го Водичот за помош за подетални информации за користење на сите ажурирани функции. 

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Update_DSCZV1V201.exe

Верзија на датотека

  • 2.01

Големина на датотека

  • 323 MB (339 546 088 бајти)

Датум на издавање

  • 01-04-2021

Подготовка

Проверете ја верзијата на системски софтвер

Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е верзија Ver.2.00 или постара, потребно е ажурирање.
ЗАБЕЛЕШКА: Ако се појави екранот за поставување на Date/Time (Датум/Време) кога ќе го вклучите фотоапаратот, поставете ги датумот и времето на точните вредности.

  1. Изберете Menu (Мени) → Setup5 (Поставување5) → Version (Верзија).
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.
    Верзија на системскиот софтвер

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер на објективот е компатибилна со следниве верзии на Microsoft Windows:

  • Windows 10
  • Windows 8.1

Компјутерски хардвер

За ова ажурирање на системскиот софтвер е потребен следниов хардвер:

  • Простор на тврдиот диск: 600 MB или повеќе
  • RAM: 600 MB или повеќе
    ЗАБЕЛЕШКА: Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.

Друг хардвер

  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнет комплет со батерија на полнење NP-BX1.
      ЗАБЕЛЕШКА: Ажурирањето може да се изврши само кога нивото на напојување од батеријата е  (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да користите целосно наполнета батерија.
  • USB-кабел доставен со фотоапаратот.
    ЗАБЕЛЕШКА: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг USB-кабел.

Преземање и инсталирање

Важно известување

  • Затворете го секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.
  • Препорачуваме да користите целосно наполнет комплет со батерија на полнење (NP-BX1).
  • За време на ажурирањето, не отстранувајте ја батеријата затоа што ненадејната загуба на напојувањето може да предизвика фотоапаратот да не работи.
  • Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот пред да почнете со постапката за ажурирање.
  • Процесот на ажурирање на системскиот софтвер трае околу 24 минути. Не дозволувајте компјутерот да помине во режим Sleep (Спиење) во овој период.
    ЗАБЕЛЕШКА: Ако компјутерот помине во режим Sleep (Спиење) и ажурирањето се прекине, целиот процес на ажурирање треба да се започне одново.
  • Не отворајте About This System Software Updater (За Програмата за ажурирање на системскиот софтвер во менито System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер) затоа што тоа може да предизвика програмата за ажурирање на софтверот да падне.
  • Не поврзувајте го фотоапаратот со ниту еден друг уред освен со компјутерот.
  • Сѐ уште не поврзувајте ги фотоапаратот и компјутерот.
  • Уверете се дека вашиот компјутер е поврзан на интернет.
  • Според упатствата во прозорецот на System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер), на фотоапаратот изберете Menu (Мени) → Setup3 (Поставување4) → USB Connection (USB-врска) и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно складирање). Ако е избран друг режим освен Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage.

Како да ја преземете апликацијата за ажурирање:

  1. Кликнете на копчето Download (Преземање) погоре.
  2. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката Update_DSCZV1V201.exe.
    Големина на датотеката: 323 MB (339 546 088 бајти)
  4. Зачувајте ја датотеката на десктопот на компјутерот (препорачано).
    ЗАБЕЛЕШКА: Со стандардните поставувања на Microsoft Edge, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката Downloads (Преземања). Кликнете на сликичката Desktop (Работна површина) од почетниот екран Start и најдете ја преземената датотека во папката Downloads (Преземања) користејќи го Explorer.

Чекор 1: стартувајте го ажурирањето

  1. Затворете ги сите програми што се извршуваат на компјутерот во моментот.
  2. Кликнете двапати на датотеката Update_DSCZV1V201.exe што ја презедовте. Сѐ уште не поврзувајте го фотоапаратот со компјутерот.
  3. Програмата за ажурирање на системскиот софтвер се вклучува.
  4. Вклучете го фотоапаратот и поврзете го со компјутерот со приложениот USB-кабел. Кога ќе го направите тоа, на LCD-екранот од фотоапаратот се појавува, USB Mode (USB-режим).
  5. Кликнете Next (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат бројот на тековната верзија и бројот на верзијата по ажурирањето.
    ЗАБЕЛЕШКА: Ако компјутерот не може да го пронајде уредот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката Could not find the camera for this update (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Ве молиме обидете се со следново:
    • Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
    • Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
    ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
  6. Откако ќе потврдите дека тековната верзија на софтверот е Ver.2.00 или постара, кликнете Next (Следно). Ако верзијата на системскиот софтвер е Ver.2.01, не е потребно ажурирање. Во овој случај, исклучете го фотоапаратот од компјутерот и кликнете Finish (Заврши), исклучете го фотоапаратот, извадете го комплетот батерии, повторно ставете ја батеријата и повторно вклучете го фотоапаратот.

    Потребно е ажурирање
    Потребно е ажурирање

    Не е потребно ажурирање
    Не е потребно ажурирање
  7. Фотоапаратот се ресетира автоматски.
  8. Започнете со ажурирање. По автоматското ресетирање, ќе започне ажурирањето и ќе се појави лента за напредок.
    ВАЖНО: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето.
    ЗАБЕЛЕШКА: За ажурирањето ќе бидат потребни околу 6 минути.
  9. Кога ажурирањето е завршено, фото апаратот ќе се престартува автоматски. Кога повторно ќе се појави LCD-екранот, кликнете Finish (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.

    ЗАБЕЛЕШКА: По престартувањето, понекогаш се прикажува предупредување за обновување на податоци. Тоа е нормално. Почекајте додека исчезне предупредувањето.

Чекор 2: Потврдете ја верзијата на системскиот софтвер на вашиот уред

  1. На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) → Setup5 (Поставување 5) → Version (Верзија).
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.
    Нова верзија на системскиот софтвер

Прашања и одговори

Ажурирањето не е завршено

Ако мониторот е црн повеќе од 6 минути, следете ги овие чекори за да го решите проблемот:

  1. Исклучете го USB-кабелот од компјутерот.
  2. Извадете ги батеријата и AC-адаптерот од фотоапаратот, оставете го неколку минути, па повторно ставете ја батеријата или поврзете го AC-адаптерот.
  3. Престартувајте го компјутерот.
  4. Вклучете го фотоапаратот и повторно извршете го процесот на инсталација.