Инсталирај

За ова преземање

Бидејќи AVI (Motion JPEG) филмови снимени со следниве модели на Cyber-Shot не можат правилно да се репродуцираат во Microsoft Windows Vista, Sony го нуди софтверот "AVI Conversion Tool" за конвертирање на тие видеодатотеки во формат компатибилен со Microsoft Windows Vista.

Податоци за датотеката

  • AVIConversionTool.exe (272.272 бајти)

Модели на кои се однесува надградбата

  • DSC-S45
  • DSC-S500
  • DSC-S650

Компатибилни оперативни системи

  • Microsoft Windows Vista.

Забелешка: Не се поддржани 64-битна верзија на Windows Vista и Starter Edition.

Поддржани датотеки

  • AVI (Motion JPEG) датотеки снимени со следниве модели

Упатства за преземање и работа

Преземање

  • Уверете се дека сте најавени како администратор.
  • Уверете се дека не е отворена ниту една друга програма освен интернет-прегледувачот.
  • Мора да ги прифатите условите од Договорот за лиценца за краен корисник на дното од страницата. Откако ќе го прочитате овој договор, кликнете "Accept" (Прифати) и ќе се појави прозорец.
  • Зачувајте ја датотеката на работната површина на Вашиот компјутер (препорачано).

Како да се користи

  1. Уверете се дека сте најавени како администратор.
  2. Внесете ги филмовите снимени со Вашиот фотоапарат на тврдиот диск од компјутерот.
  3. Направете заштитна копија на датотеките бидејќи филмовите се пребришуваат за време на конвертирањето.
  4. Кликнете двапати на преземената датотека AVIConversionTool.exe за да го стартувате софтверот AVI Conversion Tool.
  5. Повлечете ги и спуштете ги датотеките со филмови што сакате да ги конвертирате во прозорецот на AVI Conversion Tool.
  6. Откако ќе потврдите дека датотеките се наведени во прозорецот, кликнете Start (Старт) за да започне конвертирањето.
  7. Штом ќе заврши, ќе се појави прозорецот Result of conversion (Резултат од конвертирањето). Проверете го резултатот и кликнете OK.
  8. Оригиналните датотеки се пребришани со конвертираните.

Забелешки:

  • Не можете да конвертирате филмови што се снимени на надворешен диск. За да ги конвертирате тие датотеки, Ве молиме претходно копирајте ги на локалниот тврд диск на компјутерот.
  • Не се гарантира функционирање со филмови кои претходно биле уредувани.

Информации за датотеката

Име на датотека

  • AVIConversionTool.exe