Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:

  • DSC-RX0

За ова преземање

Придобивки и подобрувања со најновото ажурирање

  • Го решава проблемот кога се прикажува погрешен сооднос на зголемување кога се користи функцијата „MF assist“
  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот

Претходни придобивки и подобрувања

Во ова ажурирање се вклучени и следниве придобивки и подобрувања.

  • Додадена е функција за зумирање
    Достапни се 3 поставувања за зумирање: Smart zoom (Интелигентно зумирање), ClearImage Zoom (Зумирање за јасна слика) и Digital Zoom (Дигитален зум).
    Имајте предвид дека карактеристиката за зумирање е достапна и кога се користи рачен статив VCT-SGR1.
    За повеќе информации за овие функции, преземете го ажурираниот Водич за помош.
  • Ја подобрува целосната стабилност на фотоапаратот.
  • Поддржува „Camera Control Box“ (Контролна табла за фотоапарати) (модел CCB-WD1) за жичано фотографирање на повеќе прикази
  • Ја подобрува карактеристиката Wireless Multi-View Shooting (Безжично фотографирање повеќе прикази) со мобилната апликација PlayMemories™ *1*2*3

    *1: Во зависност од спецификациите на пристапната точка, мобилниот уред што се користи и околината на радиобрановите, бројот на уреди кои може да се поврзат може да се промени. Успешно се тестирани најмногу 50 уреди (врз основа на тестирањата од Sony)
    *2: Потребна е верзијата 6.2 ја мобилната апликација PlayMemories™.
    *3: Sony препорачува да користите само безбедни поврзувања Wi-Fi

Информации за датотеката

Име на датотека

  • Ажурирање на системскиот софтвер (фирмвер) на DSC-RX0 верзија 3.01 (Windows)

Верзија на датотека

  • 3.01

Големина на датотека

  • 158 МБ (165 730 504 бајти)

Датум на издавање

  • 13/02/2019

Подготовка

Проверете ја верзијата на системски софтвер

Следете ги упатствата подолу за да ја проверите верзијата на системскиот софтвер. Ако верзијата на системскиот софтвер е 3.01, не е потребно ажурирање.

  1. Изберете Menu (Мени) --> Setup subpage [5] (Поставување подредена страница [5]) --> Version (Верзија) на фотоапаратот.
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.


Системски побарувања

Оперативни системи


Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер на објективот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
  • Windows® 10
  • Windows® 8.1
  • Windows® 7 SP1

Компјутерски хардвер


Најновата верзија на ажурирањето на системскиот софтвер е компатибилна со следниов хардвер:
  • Простор на тврдиот диск: 500 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Забелешка: Затворете ги секој друг апликациски софтвер пред ажурирање на системскиот софтвер.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-BJ1
      Напомена: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува(три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот
    Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземање и инсталирање

Важно известување

  • Препорачуваме да користите целосно наполнет комплет со батерија на полнење NP-BJ1.
  • За време на ажурирањето, не отстранувајте ја батеријата; затоа што ненадејната загуба на напојувањето може да предизвика фотоапаратот да не работи.
  • Отстранете ја мемориската картичка од фотоапаратот однапред.
  • Спречете го компјутерот да помине во режим на спиење.
  • Не поврзувајте го фотоапаратот со ниту еден друг уред освен со компјутерот.

Како да го преземете ажурирањето

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Откако ќе го прочитате одрекувањето од одговорност, кликнете на копчето [Download] (Преземи) подолу.
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_DSCRX0V301.exe].
  4. Зачувајте ја датотеката на десктопот на компјутерот (препорачано).


  5. Напомена за корисниците на Windows 8.1/10:

    Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката Работна површина од почетниот екран и најдете ја преземената датотека во папката Преземања користејќи го Explorer.

Чекор 1: Вклучете ја Програмата за ажурирање

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на датотеката [Update_DSCRX0V301.exe] што сте ја презеле. - Не поврзувајте го фотоапаратот во оваа фаза.
  3. System Software Updater (Програмата за ажурирање на системскиот софтвер) се активира.



  4. Вклучете го фотоапаратот.
  5. Според упатствата во прозорецот на System Software Updater (Програма за ажурирање на системскиот софтвер), на фотоапаратот изберете Menu (Мени) --> Setup subpage [3] (Поставување потстраница [3]) --> USB Connection (USB-врска) и проверете дали е избрано Mass Storage (Масовно складирање).
    Ако е избран друг режим освен Mass Storage (Масовно складирање), изберете Mass Storage (Масовно складирање).



  6. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот USB-кабел. На LCD-екранот од фото апаратот се појавува „УСБ-режим“.
    Забелешка: Кога фото апаратот е поврзан на компјутерот, LCD-екранот на фото апаратот се исклучува. продолжете на следниот чекор.
    Ако LCD-екранот од камерата не се исклучи, обидете се со еден од следниве методи.
    • Исклучете го и повторно вклучете го USB-кабелот.
    • Ако компјутерот има повеќе USB-приклучоци, обидете се со другите приклучоци.
    Понекогаш кога фото апаратот е поврзан со компјутерот преку USB-кабел, на екранот од компјутерот може да се појави порака за рестартирање на компјутерот. Во овој случај, извадете го комплетот батерии или AC адаптерот од фото апаратот, рестартирајте го компјутерот и следете ги постапките од "2. Вклучете ја System Software Updater" (Програма за ажурирање на системскиот софтвер).
  7. Откако ќе го потврдите LCD-екранот на фото апаратот, кликнете [Next] (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. Откако ќе потврдите дека тековната верзија на софтверот е „Ver.3.00 or earlier“ (Верзија 3.00 или постара), кликнете Next (Следно). Ако верзијата на системскиот софтвер е верзија 3.01 или понова, не е потребно ажурирање. Во овој случај, запрете ја USB-врската и кликнете [Finish] (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете го комплетот батерии и/или AC адаптерот, повторно ставете ја батеријата или повторно поврзете го AC адаптерот и вклучете го фотоапаратот.

    Потребно е ажурирање


    Не е потребно ажурирање


  8. Кликнете Next (Следно). Ќе се појави следниот екран.

  9. По автоматското ресетирање, се прикажува екранот подолу.
    За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 5 минути).

    Забелешка: Никогаш не исклучувајте го фото апаратот, ниту USB-кабелот за време на ажурирањето
  10. По завршувањето на ажурирањето, се појавува екранот подолу. Исто така, фотоапаратот се престартува автоматски, а тоа може да потрае неколку минути. Почекајте додека на LCD-екранот од фотоапаратот не се појави истиот екран како при започнувањето на ажурирањето на софтверот.
    Кога екранот ќе се појави, притиснете го копчето [Finish] (Заврши) и исклучете го USB-кабелот.

    Доколку по рестартирањето се прикаже пораката за внимание при враќање податоци, почекајте додека не исчезне пораката за внимание. Нема аномалии.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на системскиот софтвер на уредот е верзија 3.01.

  1. На фотоапаратот, изберете Menu (Мени) --> Setup subpage [5] (Поставување подредена страница [5]) --> Version (Верзија).
  2. Верзијата на системскиот софтвер се прикажува како што е прикажано подолу.

Прашања и одговори

Ажурирањето не е завршено и фотоапаратот

Кога мониторот е црн повеќе од 15 минути, следете ги овие чекори за да ги решите овие проблеми:

  1. Исклучете го USB-кабелот од компјутерот.
  2. Извадете ги батеријата и AC-адаптерот од фотоапаратот, оставете го неколку минути, па повторно ставете ја батеријата или поврзете го AC-адаптерот.
  3. Престартувајте го компјутерот.
  4. Вклучете го фотоапаратот и повторно извршете го процесот на инсталација.