Модели на кои се однесува

Оваа информација е наменета за следниве модели:
  • DSC-HX400/400V

За ова преземање

  • Име: Ажурирање на фирмверот на верзија 2.10 за DSC-HX400/400V (Windows)
  • Датум на издавање:30/10/2014
  • Предности и подобрувања
    • Подобрено е времето на вклучување кога се користи апликацијата за фотоапарат "Smart Remote Control" (Паметно далечинско управување) од PlayMemories

Системски побарувања

Оперативни системи

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со најчесто користените верзии на Microsoft Windows:
  • Windows® Vista* SP2
  • Windows® 7 SP1
  • Windows® 8
  • Windows® 8.1
    Забелешки:
    * Не е поддржана верзијата Starter.

Компјутерски хардвер

Најновата верзија на ажурирањето на фирмверот е компатибилна со следниов хардвер:
  • Простор на тврдиот диск: 200 МБ или повеќе
  • РАМ: 512 МБ или повеќе
    Напомена: Затворете ги сите други софтверски апликации пред ажурирањето на фирмверот.
  • Извор на енергија за фотоапаратот
    • Целосно наполнета батерија на полнење NP-BX1
      Напомена: Може да се изврши ажурирање само кога нивото за наполнетост на батеријата покажува (три цртички) или повеќе. Препорачуваме да се користи целосно наполнета батерија.
  • УСБ-кабел доставен со фотоапаратот

    Напомена: Функционалноста со ажурирањето не се гарантира со кој било друг УСБ-кабел.

Преземи

Важни забелешки:

  • Кога вршите ажурирање на фирмверот, користете целосно наполнети батерии за полнење NP-BX1
  • Не вадете ја батеријата за време на ажурирањето затоа што фотоапаратот може да не функционира поради ненадејно исклучување
  • Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата
  • Ажурирањето на фирмверот трае приближно 15 минути, па затоа спречете го компјутерот да не оди во режим на спиење. Доколку компјутерот влезе во режим на спиење и се прекине ажурирањето, повторете ја целата постапка за ажурирање од почеток

Како да ја преземете датотеката за ажурирање на фирмверот:

  1. Уверете се дека сте најавени како корисник со администраторски права.
  2. Прочитајте го одрекувањето од одговорност што се наоѓа на дното од страницата и согласете се со одредбите и условите со кликнување на полето за штиклирање. Потоа кликнете на копчето Download (Преземи).
  3. Ќе започне преземањето на датотеката [Update_DSCHX400VV210.exe].
  4. Зачувајте ја датотеката на работната површина на компјутерот (препорачано).

    За корисници на Windows 8:

    Според почетните поставки на Internet Explorer, датотеката за ажурирање ќе биде зачувана во папката [Downloads] (Преземања). Кликнете на сликичката [Desktop] (Работна површина) од почетниот екран (Start) и најдете ја преземената датотека во папката [Downloads] (Преземања) користејќи го Explorer.

Инсталирај

Откако датотеката ќе се преземе успешно, подготвени сте да го инсталирате ажурирањето на фирмверот верзија 2.10 за DSC-HX400/400V.

Чекор 1: Стартувајте го софтверот за ажурирање на фирмверот

  1. Затворете ги сите отворени програми на компјутерот.
  2. Кликнете двапати на преземената датотека [Update_DSCHX400VV210.exe] за да го започнете софтверот за ажурирање на фирмверот.


    Се појавува прозорецот Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот).

  3. Вклучете го апаратот и според упатствата на Firmware Updater (Софтвер за ажурирање на фирмверот), изберете [Menu (Мени)] -> [Setup (Поставување)] на потстраница 3 -> [USB Connection (УСБ-врска)] на фотоапаратот и проверете дали е избрано [Mass Storage] (Масовно чување). Ако е избран друг режим освен [Mass Storage (Масовно чување)], изберете [Mass Storage (Масовно чување)].

  4. Претходно извадете ја мемориска картичка од камерата. Поврзете го фотоапаратот на компјутерот со приложениот УСБ-кабел.

    Ако компјутерот не може да го пронајде фотоапаратот, на екранот од компјутерот ќе се прикаже пораката "Could not find the camera for this update." (Не може да се најде фотоапаратот за ова ажурирање). Доколку се случи тоа, обидете се со следново.
    - Исклучете го и повторно вклучете го УСБ-кабелот.
    - Ако компјутерот има повеќе УСБ-приклучоци, обидете се со другите приклучоци. Компјутерот веројатно има некои УСБ-приклучоци на задната страна.


    Понекогаш кога фотоапаратот е поврзан со компјутерот преку УСБ-кабел, на екранот од компјутерот може да се појави порака за престартување на компјутерот. Во овој случај, извадете ја батеријата од фотоапаратот, престартувајте го компјутерот и следете ги постапките од "2. Start up Firmware Updater" (Стартување на програмата за ажурирање на фирмверот).
  5. На прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот се прикажува иконата "Safely Remove Hardware" (Отстранете го хардверот безбедно).
  6. Откако ќе го потврдите горенаведеното, кликнете Next (Следно) на прозорецот од софтверот за ажурирање на фирмверот. На прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот се појавува Figure 1 (Слика 1), а на ЛЦД-екранот од фотоапаратот се појавува Figure 2 (Слика 2).

    Белешка: Отсега па натаму, ��оопшто не исклучувајте го фотоапаратот додека не заврши постапката за ажурирање.

    Слика 1Слика 2

  7. Откако ќе ги потврдите екраните за Слика 1 и Слика 2, кликнете [Next] (Следно). На долниот лев дел од екранот се прикажуваат тековната верзија и верзијата по ажурирањето. (Слика 3)
  8. Откако ќе потврдите дека Current Version (Тековна верзија) е постара од 2.10, кликнете Next (Следно).
    Ако на екранот се појави Figure 4 (Слика 4), не е потребно ажурирање. Според пораката, запрете ја УСБ-врската и кликнете Finish (Заврши). Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и вклучете го фотоапаратот.

    Слика 3: Потребно е ажурирање.

    Слика 4: Не е потребно ажурирање.

  9. Кликнете на иконата "Safely Remove Hardware" (Отстранете го хардверот безбедно) на прозорецот за задачи во долниот десен агол на екранот од компјутерот за да ја запрете УСБ-врската како што е прикажано на слика 5 .
    Напомена: УСБ-кабелот нека стои поврзан дури и откако ќе ја запрете УСБ-врската на компјутерот со горенаведената операција.
    Слика 5

  10. Притиснете го центарот на повеќефункциското тркалце за повторно поставување на фотоапаратот.

    Напомена: Екранот ќе се исклучи кога ќе се притисне копчето. Продолжете на следниот чекор.
  11. Кликнете Next (Следно) на прозорецот од Софтверот за ажурирање на фирмверот (Figure 5 (Слика 5)).
  12. По повторното поставување, ќе се потврди повторното поврзување на фотоапаратот и ќе се појави екранот на Figure 6 (Слика 6).
  13. Кл��кнете Run за да почне ажурирањето. За време на ажурирањето се прикажува лентата за напредок (околу 10 минути).
    Напомена: Никогаш не исклучувајте го фотоапаратот ниту УСБ-кабелот за време на ажурирањето
    Слика 6

  14. Кога ќе заврши ажурирањето, се појавува екранот за Слика 7. Фотоапаратот ќе се престартува автоматски.

    Напомена: Може да се појави порака "Recovering data. Please wait..." (Податоци за оправање. Ве молиме почекајте...) неколку минути пред да се доврши престартувањето. Уверете се дека фотоапаратот е вклучен и почекајте додека не се појави сликата на ЛЦД-екранот.

    Кликнете [Finish] (Заврши) кога ќе се појави сликата на ЛЦД-екранот и исклучете го УСБ-кабелот.
    Слика 7

  15. Исклучете го фотоапаратот, извадете ја батеријата, повторно ставете ја батеријата и повторно вклучете го фотоапаратот.

Чекор 2: Потврдете дека верзијата на фирмверот на Вашиот фотоапарат е верзија 2.10.


на фотоапаратот изберете [Menu] (Мени) -> [Setup] (Поставување) потстраница 6 -> [Version] (Верзија). Доколку се појави Ver. 2.10 (како што е прикажано подолу), тогаш верзијата на фирмверот е верзија 2.10.