ИД на напис : 00223341 / Последна промена : 27.06.2019

Прекинување на функцијата за Приказ на карта во PlayMemories Home (за Windows) и функцијата за Следач за GPS-слики – 14 февруари 2019 година

    Поради промена на спецификациите на Google Maps, Sony, за жал, повеќе нема да може да ја обезбедува функцијата Приказ на карта во PlayMemories Home (за Windows) и функцијата за приказ на карта во Следач за GPS-слики.

    Имајте предвид дека функцијата за GPS на камерата не е променета. Може да ги проверите информациите за GPS на фотографиите така што ќе ги прегледате својствата на датотеката или со помош на друг софтвер од друг производител.

    Се извинуваме за предизвиканите непријатности и ви благодариме за разбирањето.

    Забелешки:

    • Овие функции не можат да се користат дури и ако се прикажуваат дека се достапни во кој било промотивен каталог, пакет на производ или документ.
    • Google Maps е заштитен трговски знак на Google LLC.
    • За сите прашања за промената на спецификациите на Google Maps, контактирајте со Google LLC.